Роверот на НАСА снимил чудни звуци на површината на Марс (ВИДЕО) - Канал 5

Роверот на НАСА снимил чудни звуци на површината на Марс (ВИДЕО)

Роверот Perseverance на НАСА, кој што успешно слета на Марс на 18 февруари, неодамна ги испратил првите слики од панорамата на областа во која слетал и првите звучни записи од црвената планета.

Роверот на НАСА снимил чудни звуци на површината на Марс (ВИДЕО)

Оваа панорама, направена на 20 февруари 2021 година од навигарските камери Навкамс на роверот, е составена од шест индивидуални слики откако пристигнаа на Земјата.

Клучна цел на мисијата на „Perseverance“ на Марс е астробиолошко истражување кое вклучува пребарување знаци на древен микробиолошки живот. Роверот ќе ја анализира геологијата на планетата и климата во минатото и ќе го отвори патот за човечко истражување на црвената планета и ќе биде првата мисија за собирање и складирање примероци на карпите и реголитот на Марс.

Perseverance слета во неистражена област - кратерот Језеро, именуван по едно село во БиХ. Некои долини што водат до овој кратер се именувани по реките Сава, Неретва, Плива и Уна.

Кратерот Језеро е едно од најдобрите места за барање древен живот бидејќи пред околу 3,9 милијарди години веројатно било исполнето со вода. Претходните анализи покажале дека наслагите во кратерот се богати со минерали што се формираат во присуство на вода, што значи дека некогаш таму можело да постои живот. Фосилите обично се наоѓаат во слични седименти на Земјата.

YouTube video

Последователните мисии, што во моментов ги разгледува НАСА во соработка со Европската вселенска агенција (ЕСА), треба да испратат вселенско летало на Марс за да ги вратат примероците собрани од Perseverance на Земјата за детална анализа.

Мисијата „ Perseverance Марс 2020“ е дел од пристапот на НАСА за истражување на Марс преку лунарна база. Вклучува мисии на Артемида на Месечината кои треба да помогнат во подготовките за човечко истражување на црвената планета.

Perseverance, меѓу другото, е опремен и со микрофон што прв снимал звуци на Марс. Тивкиот стабилен звук што се слуша во позадината на видеото подолу е звук на самиот ровер додека работи, а заглушувачкиот звук слушнат десет секунди подоцна е звук на налетот на ветер.

YouTube video

Експертите на НАСА проценуваат дека дувал со брзина од околу 5 метри во секунда, или 18 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва фестивалска вечер на „Битолски чалгиски денови“

Синоќа, Старата битолска чаршија блесна во фестивалски амбиент и за првпат заживеа во ритамот на чалгијата.

Прва фестивалска вечер на „Битолски чалгиски денови“

Со настапите на „Чапче и Тајфата“, „Филип Шурбевски Езгија квартет“ и „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, започна првото издание на „Битолски чалгиски денови“ - фестивал кој ја враќа чалгијата во срцето на Битола.

Вечерва, програмата продолжува.

Во 18:00 часот, Широк Сокак ќе биде исполнет со фестивскиот дух преку пајтонско дефиле, кое низ препознатливиот битолски амбиент ќе го најави вториот фестивалски ден.

Од 20:30 часот, во Старата битолска чаршија повторно настапуваат „Чапче и Тајфата“, а во 22:00 часот следуваат „Љубојна“ и Битолскиот чалгиски оркестар.

Битолски чалгиски денови е првиот фестивал посветен на чалгијата во Битола, кој се одржува во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, во организација на Културно – информативниот центар, со поддршка од Општина Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Универзитетот во Белград падна на Шангајската листа.

Универзитетот во Белград забележа голем пад на Шангајската листа  на најдобри факултети на светот и сега се наоѓа во групата универзитети рангирани од 501. до 600. место, пренесуваат медиумите.

Универзитетот во Белград падна на Шангајската листа.

Пред само 10 години, Универзитетот во Белград се наоѓаше меѓу 201-то и 300-то место на Шангајската листа, што претставуваше историски успех.

На овогодишната листа на 10-те најдобри светски универзитети се наоѓаат и Принстон, Оксфорд, Колумбија, Универзитетот во Чикаго и Калифорнискиот институт за технологија (Caltech).

Во најновото рангирање, универзитетите од Кина постигнаа особено забележителен резултат.

Шеснаесет кинески институции сега се меѓу првите 100 во светот.

На европскиот континент, најдобро рангиран е Универзитетот Париз-Сакле (Paris-Saclay), кој се наоѓа на 13-тото место, а по него следи ETH Цирих на 19-тото место.

Што се однесува до универзитетите од регионот, Универзитетот во Љубљана оваа година исто така забележа пад и сега се наоѓа во групата од 601-то до 700-то место, додека минатата година беше во групата од 501-то до 600-то место. Универзитетот во Загреб го задржа минатогодишниот пласман во групата од 601-то до 700-то место.

Универзитетот во Белград (УБ), институција со традиција долга 187 години, падна за дури 39 места на листата „Global 2000“ на Центарот за рангирање на светските универзитети (CWUR), која, покрај онаа од Шангај, претставува најважна листа за рангирање на универзитетите во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Капитенот на Тотенхем заминува во Мадрид

Капитенот на Тотенхем го најавува заминувањето, оди кај Симеоне  во Мадрид за 40 милиони евра .

Капитенот на Тотенхем заминува во Мадрид

Кристијан Ромеро синоќа потврди дека го напушта англискиот премиерлигаш Тотенхем по пет сезони поминати во лондонскиот клуб.

Аргентинскиот централен дефанзивец го објави своето заминување преку проштална порака, а неговиот трансфер во Атлетико Мадрид сега чека само официјална потврда.

Тотенхем и Атлетико постигнаа договор вреден приближно 40 милиони евра, при што англискиот клуб ќе добие и 15 проценти од евентуална идна продажба. Ромеро имаше договор со Тотенхем до 2029 година, но гласините за неговото заминување кружеа во текот на целото лето, а Атлетико беше неговата посакувана дестинација. Аргентинскиот интернационалец одигра 124 натпревари и постигна 12 гола за Тотенхем во текот на пет сезони.

Минатата сезона ја носеше капитенската лента, а сега заминува за да соработува со својот сонародник, Диего Симеоне. Интерес за него покажаа и Интер и Арсенал, но Атлетико беше клубот што на крајот го реализираше трансферот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер