Ротацијата на Земјата се забрзува: Денот денеска покус за 0,00134 секунди - Канал 5

Ротацијата на Земјата се забрзува: Денот денеска покус за 0,00134 секунди

Ротацијата на Земјата се забрзува, што предизвикува некои денови во јули и август да бидат пократки, според научниците. Станува збор за 1,3 до 1,6 милисекунди - промена којашто луѓето не ја чувствуваат.

Ротацијата на Земјата се забрзува: Денот денеска покус за 0,00134 секунди

Имено, деновите 10 јули, 22 јули и 5 август оваа 2025 година, Земјата ротира малку побрзо. Истражувачите од Меѓународната служба за ротација на Земјата и референтни системи (ИЕРС) со седиште во Франкфурт, Германија, како и американскиот Институт за океанографија „Скрипс“ и Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего, ја идентификуваа положбата на Месечината како клучен двигател на оваа „мала“ промена. Така, 10 јули беше најкраткиот ден во годината досега - 1,36 милисекунди покус од 24 часа. Денешниот ден - 22 јули ќе биде 1,34 милисекунди пократок, а 5 август се очекува да трае 1,51 милисекунда помалку. Овие временски отстапувања се следат со атомски часовници, воведени 1955 година.

По децении релативно „бавна“ ротација, во 1972 година, завртувањето на Земјата околу себе акумулирало задоцнување во однос на атомското време, што ИЕРС наложи додавање на „престапна секунда“ - слична на престапната година. Оттогаш, вкупно 27 престапни секунди се додадени на универзалното сметање на времето, освен, на пр., во 2016. - кога не е додадена престапна секунда.

Според проф. Данкан Агњу од Универзитетот на Калифорнија, најкратките промени во ротацијата на Земјата доаѓаат од Месечината, т.е. плимата и осеката.

- Тие предизвикуваат планетата да забави кога сателитот е над екваторот и да забрза кога е на поголема или помала височина. Овој ефект е засилен со фактот дека Земјата природно се врти побрзо налето - резултат на забавувањето на самата атмосфера поради сезонските промени, како што е движењето на млазниот тек кон север или југ. Законите на физиката диктираат дека вкупниот аголен момент на Земјата и нејзината атмосфера мора да останат константни, така што брзината на ротација изгубена од атмосферата ја презема самата планета. Слично на тоа, минативе 50 години, јадрото на Земјата, исто така, забавува, додека цврстиот дел околу него - забрзува, рече Агњу.

Според физичарот Џуда Левин, овие флуктуации имаат краткорочни корелации, што значи дека ако Земјата забрзува еден ден, таа е клона кон забрзување и следниот ден.

- Но, таа корелација исчезнува, како што се движите во сè подолги интервали. А кога ќе стигнете до една година, предвидувањето станува доста неизвесно. Всушност, ИЕРС не предвидува подалеку од една година однапред, рече тој.

Многу од денешните технолошки системи се потпираат на времето, за да функционираат, како што се телекомуникациите, финансиските трансакции, електричните мрежи и ГПС-сателитите, така што престапната секунда - според Левин, секако може да направи проблем.

Минатата 2024 година, на 5 јули, Земјата го доживеа најкраткиот ден досега забележан од појавата на атомските часовници пред 65 години - 1,66 милисекунди помалку од 24 часа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер