МакедонијаРосица Коцева подолго време трпела напади и заканиВелешкиот суд се уште не ја објавува јавно пресудата за Илија Стефановски, донесена само 5 дена пред да го изврши свирепото убиство на неговата поранешна партнерка Росица Коцева и нејзиниот татко по што и самиот си го одзел животот. Канал 5 сепак од свои извори доби делови од неа, од кои се гледа дека условната казна за двете кривична дела Насилство и Загрозување на сигурноста ја донел судијата Шефшет Адеми, иако во текот на судењето биле докажани обвинијата. Во едниот случај Илија ја начекал Росица како го шета кучето, со едната рака ја фатил за устата, а со другата ја удирал по главата и лицето и се заканувал, а по неколку дена со раце и нозе го нападнал и нејзиниот партнер во нејзино присуство, при што му нанел нагмечувања на главата и му го притискал окото. Сепак, ова не било доволно да се убеди судијата да му одреди казна затвор, иако запрената за двете дела била од една до 5,5 години.. Во превдид ги зел олеснителните околности, дека бил неосудуван и добро се однесувал во судница, а како отежителни ги оценил степенот на кривичната одговорност и начинот на сторување на кривичното дело. -Судот, основано очекува дека со изречената кривична санкција ќе се постигне целта на казнувањето, и тоа остварување на правдата, спречување на обвинетиот да стори нови кривични дела и негово превоспитување, како и воспитно влијание врз другите да не сторат кривични дела. – стои во образожението на пресудата. Застапник на обвинието била велешката обвинителка Славица Темелковски. Според обвинителството, таа презела се во рамки на законот, правната квалификација била исправна, а што се однесува до барањето за притвор, велат Стефановски секако би бил на слобода, бидејќи условната казна веќе му била изречена пред да го стори убиството на Росица и нејзиниот татко. Но, адвокатот на Росица, Александар Ѓорѓиевски смета дека во случајот се покажале сите институционални слабости. -Во однос на тоа дали можеше да се спречи убиството на Росица Коцева, според мене институциите требаше посериозно и во итни рокови да постапат по нашите пријави врз основа на сите докази и аргументи. Исто така треба да се следи ризикот – односно навремено да се процени колку е голема опасноста жртвата да биде убиена и да се спроведуваат јавни кампањи како и поголема обука на сите инволвирани во ваков тип на кривични дела со цел да се препознае ризикот од фемицид во иднина,- – Александар Ѓорѓиевски – Адвокат на Росица Коцева. Во меѓувреме, граѓаните вчера се собраа на протест против насилството врз жените под мотот „ниту една повеќе“, од каде побараа формирање на независна истрага за инстутиционалните пропусти, велејќи дека убиството на велешанката е резултат на игнорирањето, минимизирањето и релативизирањето од сите надлежни институции. Тагови: Велес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook