Роси го продолжи договорот со Јамаха до 2020 година

Валентино Роси денеска потпиша нов договор со Јамаха до 2020 година.


Седумкратиот светски шампион следниот месец ќе наполни 39 години и воопшто не помислува на пензија. Во последната сезона Роси ќе има 41 година, со што ќе стане вториот возач по Колин Едвардс, кој се натпреварувал по 40-та година.

- Кога го потпишав претходниот договор со Јамаха во март 2016 година се прашував дали е тоа мојот последен договор. Тогаш си реков дека одлуката ќе ја донесам во наредните две години. Во текот на тие две години заклучив дека сакам да продолжам да се тркам, бидејќи тоа ми овозмножува да се чувствувам добро, потенцира Роси.

Негов партнер во тимот сезонава останува Маверик Вињалес, кој исто така потпиша договор до 2020 година.

Дворот на Владата останува запуштен – тревата на места е висока и половина метар!

И по сите рекации во јавноста кои траат веќе една недела, надлежните се уште не можат да се организирираат и да ја искосат нараснатата трева во дворот на најважниот објект во државата, зградата на Владата.

Додека кај надлежните има конфузија чија одговорност е тоа, дворот и платото пред Владата останува да биде срам за државата која дожволува најважните објекти и нивната околина да бидат целосно запуштени…

Рекордни горештини во Мексико: Температурата надмина 51 степен (ВИДЕО)

Неверојатни горештини го зафатија Мексико последните денови и предизвикуваат многу непријатно време.

Температурите со денови се многу високи, а во главниот град е измерена рекордна вредност од речиси 35 степени Целзиусови. Инаку, Мексико Сити се наоѓа на надморска височина од 2500 метри и температурите над 30°C се повеќе од ретка појава поради оваа надморска височина.

Во пониските предели е уште потопло, со температури над 40°C.

На границата со Тексас температурата надмина 47°C.

Топлината на жешкото јадро се наоѓа во државата Сан Луис Потоси на североистокот на земјата, а температурата надмина 51°C.

Интензивните горештини предизвикаа неколкучасовен прекин на електричната енергија во делови од Мексико оваа недела, главно на северот, а доведоа до прекин на наставата во централната држава Сан Луис Потоси, каде што оваа недела достигна 50 степени Целзиусови.

Во неделен извештај, мексиканското Министерство за здравство објави седум смртни случаи предизвикани од висока температура од 17 март до 4 мај.

Бројот на загинати може да се зголеми по екстремните горештини оваа недела.

Инаку, највисоките температури во последните 75 години се забележани во одредени области на Мексико за време на претходните денови.

Руски напад со тенкови на истокот на Украина- евакуирани се жителите на Вовчанск

Жителите на украинскиот пограничен град Вовчанск во источниот регион Харков се евакуирани од своите домови поради напад на руски тенкови.

Десетици жители на Вовчанск и околните села се евакуирани на безбедни локации за време на прекините на борбите, објави Ројтерс.

Главниот патролен офицер на Вовчанск, Олексиј Харковски, рече дека руските сили истрелале неколку стотици артилериски гранати и десетици касетни бомби за 24 часа од четвртокот до вчера.

Харковски истакна дека руските војници засега не влегле во Вовчанск.

притисни ентер