ФудбалРоналдо си постави цел да постигне 1.000 голови во кариератаФудбалерот на Ал Наср и Португалија, Кристијано Роналдо ја објави својата намера да постигне 1.000 голови во кариерата. Тој смета дека целта може да ја достигне на околу 41 година. - Сакам да стигнам до границата од 1.000 голови. Ако немам никакви повреди, тоа ми е најважно, тоа го сакам. За мене најдобрата оценка што можам да ја постигнам во фудбалот е првично да стигнам до 900 гола. После тоа целта ми е да стигнам до бројката од 1000 голови. Сите голови што ги постигнав се документирани на видео. Видете, ги почитувам сите претходни врвни стрелци како (Пеле и Ди Стефано). И ако сакам повеќе голови, можам уште во овој момент броејќи ги тие на тренинзите. И ќе им докажам на луѓето подоцна. Тие претпочитаат овој или оној играч, да го нарекуваат најдобар. Не ми е грижа, рече Роналдо во новото видео на неговиот канал на Јутјуб. Триесет и деветгодишниот Португалец во моментов има 899 постигнати голови во неговата сениорска кариера за клуб и репрезентација. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТирана и вчера во хаос, нападнат беше штаб на Социјалистичката партија Тирана повторно беше во хаос како и во текот на целата недела. Големи количини молотови коктели, петарди и камења беа фрлани врз полицијата во текот на целата вечер, иако најопасната ситуација беше вчера на плоштадот Скендербег, каде што имаше насилни судири меѓу полицијата и некои демонстранти кои фрлаа палки. Неколку пати во текот на денот, булеварот на Националните маченици стана место на конфронтации меѓу демонстрантите кои нападнаа и полицијата која одговори со солзавец и водни топови, но и со гумени куршуми.Во текот на вечерта, демонстрантите се вратија во седиштето на Социјалистичката партија за да ја нападнат. Насилни судири имаше и кај банката на Албаниј, демонстрантите се судрија со полицијата. Исто така, имаше палење на канти за отпадоци каде и да поминуваше толпата. Демонстрантите фрлија голема количина молотови коктели врз полицајците по судирите и интервенцијата на полицајците со солзавец, водни топови и гумени куршуми, некои од демонстрантите се упатија кон седиштето на демократската партија и се засолнија. Повредени се 19 полицајци, 4 демонстранти, меѓу кои 1 малолетник, еден новинар и 4 минувачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во БрвеницаКандидатот на коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски победи на изборите во Брвеница.. Зад него, е кандидатот на Националната алијанса за интеграција Аркин Јахији, соопштија од ДИК.. Според резултатите, сосема извесно е дека двајцата ќе се соочат во вториот круг за две недели.. Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од ВРЕДИ, Јакуп Хусеини синоќа беше во штабот на кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ, Аркин Јахиј за да му го честита влезот во вториот круг од предвремените локални избори.На фотографиите и видеата што ги објавија повеќе медиуми, се гледаат двајцата кандидати во прегратка во присуство на повеќе партиски поддржувачи. „За трпението, храброста, трудот од двата табора и верувам дека само вака може да одиме напред“,вели Јахији на видеото. Кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“, Аркин Јахиј веќе е извесно дека во вториот круг од локалните избори во Брвеница ќе оди со кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДМПНЕ, Стојанче Радически кој освои најмногу гласови 2 943 гласа, втор е кандидатот на „национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ, аркин јахиј со 2 152 гласа, трет е Јакуп Усеини од ВРЕДИ со 1 528 освоени гласа, а следуваат Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ со 706 и независните кандидати – Душан Богдановски со 55 и Арифе Идризи со 21 глас.Изборите во Брвеница се одржуваат откако на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МетеоСончево со мала до умерена локална облачностСончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови, информираат од Управата за хидрометеролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook