Роналдо покажа како се одмора пред Еврото, снимката доби 4 милиони лајкови за еден ден (ФОТО) - Канал 5

Роналдо покажа како се одмора пред Еврото, снимката доби 4 милиони лајкови за еден ден (ФОТО)

Европското фудбалско првенство во 2024 година е пред почеток, а португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо покажа како ги поминува последните денови пред заминувањето за Германија.

Роналдо покажа како се одмора пред Еврото, снимката доби 4 милиони лајкови за еден ден (ФОТО)

Имено, неговите деца, близнаците Матео и Ева го прославија седмиот роденден. По тој повод Кристијано објави семејна фотографија со останатите деца, но и со својата партнерка Џорџина. Пред нив има колачи.

„Семејството на прво место“, напиша фудбалерот.

За 22 часа откако е објавена фотографијата, таа доби повеќе од 4,2 милиони лајкови. Роналдо пред извесно време објави фотографија на која е сам со славениците.

„Среќен роденден на моите сакани Ева и Матео. Тато многу ве сака“, напиша тој.

Роналдо има пет деца. Близнаците Ева и Матео се родени во 2017 година со помош на сурогат мајка. Најстарото дете е синот Кристијано Џуниор, а фудбалерот со Џорџина има две ќерки Алана Мартина и Бела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џесика Алба сподели интимни моменти со 12 години помладото момче

Холивудската убавица Џесика Алба со објава од Италија ги вжешти социјалните мрежи.

Фото: Џесика Алба сподели интимни моменти со 12 години помладото момче

Холивудската актерка Џесика Алба ужива во ново поглавје од својот живот, а го привлече вниманието на јавноста со романтични фотографии од одморот во Италија, кои ги сподели со својот партнер, актерот Дени Рамирез.

Филмската ѕвезда и основачка на компанијата „The Honest Company“ престојува на луксузниот италијански брег, каде што минува опуштени летни денови, подалеку од деловните обврски и градската врева.

На својот профил на Инстаграм, Џесика Алба објави серија фотографии и видеа со едноставен опис:

– „Чао, Италија“ – означувајќи го луксузниот хотел „Il Pellicano“, едно од најпознатите одморалишта на брегот на Тиренското Море.

Објавите брзо го привлекоа вниманието на обожавателите, бидејќи актерката ретко споделува вакви интимни моменти од својот приватен живот.

Џесика Алба исто така сподели мисли на Марк Ентони за љубовта и заедничките патувања, во кои се вели дека вистинската среќа не е во самата дестинација, туку во личноста со која го споделувате секој чекор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јапонија тројно го зголемил увозот на руска нафта изземена од западните санкции

Во јуни, Јапонија увезе речиси 1,2 милиони барели руска нафта, која е изземена од западните санкции – што е трипати повеќе во споредба со претходниот месец .

Јапонија тројно го зголемил увозот на руска нафта изземена од западните санкции

Во јуни, Јапонија увезе речиси 1,2 милиони барели руска нафта, која е изземена од западните санкции – што е трипати повеќе во споредба со претходниот месец – покажуваат податоците на јапонското Министерство за финансии, што укажува на обиди да се надомести намаленото снабдување од Блискиот Исток.

Според табелите на јапонското министерство, во јуни Јапонија увезла 184.000 кубни метри нафта од Русија, што одговара на приближно 1,157 милиони барели од „црното злато“.

Вредноста на увозот изнесувала 19,69 милијарди јени (120,75 милиони долари), според податоците на министерството. Тоа значи дека јапонските увозници во јуни плаќале во просек нешто повеќе од 104 долари за барел руска нафта.

Според официјалните јапонски податоци, обемот на увоз во јуни бил трипати поголем отколку во мај, кога биле увезени нешто помалку од 365.000 барели руска нафта – во вредност од шест милијарди јени (36,85 милиони долари).

Ова укажува на тоа дека јапонските увозници во мај плаќале приближно 101 долар по барел за руската нафта. Сепак, податоците за април покажуваат дека Јапонија воопшто не увезла нафта од Русија.

Нафтата купена во мај и јуни била дел од договорите за снабдување со гас од проектот „Сахалин-2“ на рускиот Далечен Исток, кој не подлежи на западните санкции, наведува руската новинска агенција ТАСС. „Сахалин-2“ е еден од најголемите руски проекти за извоз на гас; негови сосопственици се рускиот „Гаспром“ и јапонските компании „Мицуи“ и „Мицубиши“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдено – Путин испратил луѓе на средба со Берлин

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека поранешни високи германски и руски функционери одржале тајна средба во Баку во средината на јули за да разговараат за можни начини за ставање крај на војната на Русија против Украина.

Потврдено – Путин испратил луѓе на средба со Берлин

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека поранешни високи германски и руски функционери одржале тајна средба во Баку во средината на јули за да разговараат за можни начини за ставање крај на војната на Русија против Украина, пренесува „Блумберг“.

„Нашата територија беше искористена за таква средба без наше знаење. Не можам да ги коментирам деталите бидејќи не присуствувавме на средбата. Сепак, податоците за летовите ми овозможуваат да тврдам дека тајната средба навистина се одржа во Баку“, изјави Алијев за време на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин.

Алијев рече дека средбата се одржала од 12 до 14 јули.

Тој додаде дека ако целта на состанокот била да се истражат начини за завршување на војната меѓу Русија и Украина, Азербејџан би можел „само да ги поздрави“ таквите напори. Мерц негираше дека неговата влада била вклучена во ангажманите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер