3IN MEMORIAM: Почина проф. д-р Зоран Спировски, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија
Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
1Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
3Канје Вест одржа прва модна ревија по четири години, најголемо внимание привлече неговата сопруга Бјанка (ВИДЕО)
ФудбалРоналдо не одигра ниту минута – првпат по 2008 година! За првпат по 15 јуни 2008 година, Кристијано Роналдо не одигра ниту една минута за португалската репрезентација!На крајот на мечот Кристијано не се поздрави со соиграчите, селекторот ја објасни одлуката. По точно 6.678 дена, Кристијано Роналдо по прв пат ги мина сите 90 минути како резерва во победата на неговиот тим од 2:1 на гостински терен против Норвешка. По завршувањето на натпреварот, Роналдо веднаш се упати кон соблекувалната, додека останатите резервни играчи излегоа на теренот за да ги поздрават соиграчите, а потоа отидоа кај навивачите за да им се заблагодарат за поддршката. Капитенот на португалската репрезентација остана на клупата во текот на целиот натпревар, а веднаш по крајот на играта замина во соблекувалната. 𝐎𝐍 𝐓𝐇𝐄 𝐁𝐄𝐍𝐂𝐇, 𝐒𝐓𝐈𝐋𝐋 𝐓𝐇𝐄 𝐋𝐄𝐀𝐃𝐄𝐑 🫡©️ Cristiano Ronaldo was an unused substitute for Portugal for the first time since 2008, but could still be heard supporting his teammates from the bench 💺 🎥 @tv2sport https://t.co/WHCCGaRg3Z — 433 (@433) September 27, 2026 Кога беше прашан за тоа зошто Роналдо не беше со тимот по натпреварот, тренерот Жорж Жезус не даде одговор за време на краткото интервју за португалската телевизија РТП. Селекторот на португалскиот тим нагласи дека одлуката не била поврзана со физичката подготвеност на Роналдо. „Не се работеше за негова физичка заштита, бидејќи тој беше подготвен да игра онолку колку што јас сакав“, истакна тренерот. Според него, одлуката била од чисто тактичка природа. „Тоа беше моја одлука. Не сметав дека е вистинскиот момент. Ми требаше играч со поинакви карактеристики. Но, тоа не значи дека Роналдо е исклучен од моите опции – напротив. Можеби сега ќе игра против Данска.“ Жезус ја отфрли можноста дека Гонсало Рамос, стрелецот на вториот гол за Португалија, имал предност пред Роналдо поради својата игра. It’s not looking good for Jorge Jesus, Cristiano Ronaldo is already planning a way to get him sacked for benching him 😭😭😭 https://t.co/Tk9EOBAw2u — 𝙷𝚊𝚛𝚛𝚒𝚜𝚘𝚗 (@fcbharrison) September 27, 2026 Во разговор за „Канал 11“, селекторот откри дека веќе имал договор со Роналдо за тоа кога тој треба да влезе во игра. „Дури и се договорив со него за последните половина час: ’Ќе те внесам во игра’. Но, текот на натпреварот не го бараше тоа. Рамос беше добар, постигна гол, а имаше уште еден што беше поништен. Сметав дека не е вистинскиот момент да го заменам Рамос“, објасни Жезус.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМурињо го собори рекордот на Ла Лига Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти. Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти. Флик има уште подобар процент Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари. 1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари) 2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари) 3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари) 4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари) Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“. Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150. Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“. Four train carriages have overturned in a major derailment, with up to 150 injuries reported and more than 50 ambulances dispatched to the scene in Giza, Egypt. https://t.co/PMGZobDwl7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) November 8, 2026 Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените. Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.Тагови: Египет железничка несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветФинансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари „Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек.„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата. „Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бајненс“, со план за транзиција кој беше имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателката на компанијата, Ји Хе, според „Блумберг“. Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, откако помина околу пет години на друга крипто берза, „Кракен“. Неговиот наследник, Џастин Јек, претходно беше потпретседател за финансии во компанијата за услуги за плаќања „Ервалекс“. „Воодушевен сум што ја преземам улогата на финансиски директор во „Бајненс“. Со нетрпение очекувам да го водам финансискиот сектор на компанијата додека продолжуваме одговорно да го шириме нашиот бизнис и да ја постигнеме нашата глобална мисија“, рече Џек во соопштението. Компанијата претходно објави дека хакерите минатата недела украле 6,3 милијарди долари криптовалути, што беше опишано како најголема кражба во историјата на индустријата. Федералното истражно биро на САД (ФБИ) на 31 октомври објави дека Северна Кореја стои зад нападот. „Бајненс“ по нападот соопшти дека вратила околу 90 проценти од украдените средства и продолжува да работи на целосно обештетување на корисниците. Нападите врз крипто платформите претставуваат растечки безбедносен предизвик за индустријата која се прошири на глобалниот финансиски пазар во последните години, соопшти американската агенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter