Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико

Кристијано Роналдо, напаѓачот на саудискиот клуб Ал-Наср и на португалската репрезентација, се најде на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година според „Sportico“.

Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико

Роналдо минатата година заработил 260 милиони долари. Кошаркарот Стеф Кари го зазеде второто место на рангирањето (153,8 милиони долари), а на третото место се најде боксерот Тајсон Фјури (147).

Во топ 10 рангирањето се пет фудбалери, двајца кошаркари, исто толку боксери и еден играч на голф.

Список на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико:

1. Кристијано Роналдо (фудбал) – 260 милиони долари

2. Стеф Кари (кошарка) - 153,8 милиони долари

3. Тајсон Фјури (бокс) – 147 милиони долари

4. Лионел Меси (фудбал) – 135 милиони долари

5. Леброн Џејмс (кошарка) – 133,2 милиони долари

6. Нејмар (фудбал) - 133 милиони долари

7. Олександр Усик (бокс) – 122 милиони долари

8. Карим Бензема (фудбал) – 116 милиони долари

9. Килијан Мбапе (фудбал) - 110 милиони долари

10. Џон Рам (голф) – 105,8 милиони долари.

Четириесетгодишниот Роналдо оваа сезона одигра 26 натпревари за Ал Наср во сите натпреварувања, постигнувајќи 24 гола и четири асистенции.

Нови пет пациенти се враќаат од лекување во странство – еден од Грција и четворица од Шпанија

Пет повредени пациенти од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ се враќаат во Македонија. Станува збор за за четворица пациенти од Шпанија и еден од Грција сите биле третирани од тешки изгореници.

Нови пет пациенти се враќаат од лекување во странство – еден од Грција и четворица од Шпанија

Во Македонија се лекуваат 23 пациенти на клиника, двајца на пластика кои имале трансплантација на кожа и двајца на токискологија. Останатите се во болницата Наум Охридски, 8 Септември и Систина сите се во стабилна состојба. Засега најтешка е состојбата на четворица пациенти со изгореници кои се лекуваат во странство. Вчера се вратија двајца пациенти еден од Бугарија и друг пациент од Србија. Дарко Стојанов е донесен во клиниката за токсикологија, каде беше пречекан од министрите за здравство и надворешни работи Таравари и Муцунски. Дарко денеска се огласи на социјалните мрежи, споделувајќи емотивна порака за трагедијата во која загинаа 59 луѓе. Благодарен за солидарснота, емпатијата и храброста што ја добил. Исто така со благодарност до целиот медицински кадар од КАРИЛ и Србија. Се надевам дека оваа траорна трагедија ќе не обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе.

Гушнете ги најблиските, фамилијата, пријателите. Кажете им дека ги сакате. Никогаш не можете да знаете кога е тоа за последен пат! Напиша Дарко на својот ФБ профил.

Истрагата за пожарот во „Пулс“ продолжува – нови претреси во Кочани и Виница

Документација, мобилни телефони и компјутери одзела полицијата при претресот во домот на сопственикот на дискотеката Пулс во Кочани, Дејан Јованов Деко.

Истрагата за пожарот во „Пулс“ продолжува – нови претреси во Кочани и Виница

Одземени се предмети и од претресите во два угостителски објекти од кои едниот е кафе барот Класик, исто така сопственост на Јованов а кој беше демолиран ден по пожарот.

-Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација. Во ДПИ - Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј..-МВР

Претходно во полициска станица биле спроведени сопругата и ќерката на Дејан Јованов, како дел од лица кои би можеле да имаат определени сознанија, а според информациите ќерката на Јованов ја зела фалсификуваната лиценца од Министерството за економија. Но досега нема информација од обвинителството дали ќе бидат опфатени во истрагата. Засега остануваат осомничен вкупно 34 лица. Сите се во притвор освен тројца, двајца членови на бендот ДНК и управителот на фирмата која раководела со дискотеката. Во истрагата на кочанското обвинителство која ја водат 11 обвинители опфатени се сопствениците, организаторите на концертот, лица од обезбедувањето во дискотеката како и лица од Министерството за економија, ДПИ и ДЗС. Командири, началници и други полициски службеници се дел од истрагата на ОЈО ГОКК.

24 лица загинаа во големи шумски пожари во Јужна Кореја

Најмалку 24 лица загинаа во големите шумски пожари што го зафатија југоисточниот дел на Јужна Кореја.

24 лица загинаа во големи шумски пожари во Јужна Кореја

Уште 26-мина се повредени , од кои 15-ина критично во огнените стихии кои принудија на евакуација повеќе од 23 илјади луѓе.

Околу пет илјади пожарникари и војници се обидуваат да ги изгаснат пожарите кои досега опустошија околу 20 илјади хектари шума и над 200 објекти.

Како што пренесуваат јужно корејските медиуми, во пожарот изгорел и 1.300 години стар храм во градот Уисе-Онг, иако повеќето вредни предмети што биле внатре навреме биле изнесени на безбедно.

притисни ентер