Роналдо ќе живее во Саудиска Арабија во раскошна вила од 14 милиони евра (ФОТО) - Канал 5

Роналдо ќе живее во Саудиска Арабија во раскошна вила од 14 милиони евра (ФОТО)

Се појавија фотографии од нереалната палата во Ријад во која што Роналдо ќе живее со семејството.

Роналдо ќе живее во Саудиска Арабија во раскошна вила од 14 милиони евра (ФОТО)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо го потпиша најголемиот договор во историјата на спортот.

Имено, со преселбата во Саудиски Ал Наср, Роналдо за две години ќе заработи неверојатни 400 милиони евра, па реши да се почасти во нова луксузна вила.

Кристијано се збогуваше со сериозниот фудбал, но во Европа освои се што треба да се победи и повеќе не мора да се докажува. Одлучи дека на крајот од кариерата ќе ужива и ќе игра фудбал за лично задоволство и забава, а за тоа ќе ја добие и најголемата сума за спортист во историјата.

Договорот е потпишан и семејството сега бара ново сместување во Ријад.

Британскиот „Дејли мејл“ пренесува дека Португалецот сериозно размислува да купи вила во луксузната населба „Ал Мака“, која се наоѓа во близина на Ријад. Оваа нереална палата чини 14 милиони евра, но е вистинска ситница за Роналдо кој само од договорот во Саудиска Арабија ќе заработи нереални 400 милиони евра. Едноставно, овој трошок нема ни да се почувствува.

Овој замок се наоѓа во населба која е изградена исклучиво за богатите од западниот свет. Имаат се што им треба и се прилично изолирани од строгите исламски правила кои владеат со оваа земја. Постојат бројни луксузни ресторани, приватни меѓународни училишта, базени, клиники, градинки, трговски центри - буквално се што им е потребно за живот. Луѓето кои живеат таму не мора да ја напуштат областа бидејќи имаат се што им е потребно за живот.

Кога станува збор за самата вила, која ја одбра Роналдо, таа има осум спални соби, базен со олимписка големина, а во фоајето има дури и водопад - сè вознакот на раскош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алтернатива за Германија извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт

Алтернатива за Германија  извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт, далеку пред главните ривали. Пренесува Би-Би-Си.

Алтернатива за Германија извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт

Прелиминарните резултати покажуваат дека не успеала да освои апсолутно мнозинство, но AFD вели дека добила мандат за влада.

Крајнодесничарската AFD обезбеди 43,8% од гласовите, а конзервативната CDU 17,2%, според прелиминарните резултати на покраинската изборна комисија. Харизматичниот лидер , Улрих Зигмунд, рече дека тоа е „сензационално“ и дека сакаат да започнат со управување што е можно поскоро.ниту една крајно десничарска партија не ја освоила контролата врз германска покраина од втората светска војна, а управувањето на покраинско ниво би значело овластувања врз полицијата, локалното образование и културата. Саксонија-Анхалт има мало население од 2,1 милиони жители, а AFD во покраината е оценета од домашните разузнавачки служби како „десничарски екстремистичка“, класификација што ја отфрли 35-годишниот Зигмунд. ФД се залага за строги ограничувања за имиграцијата, обновување на врските со Русија, намалување на поддршката за Украина и напуштање на еврозоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби

Денеска треба да продолжи судскиот процес за наводните злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој еден од обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Денеска продолжува  судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби

Во предметот обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, кои најавија изведување на 231 материјален доказ, вештачења и сослушување на седум сведоци. Според обвинението Артан Груби и уште седум лица се товарат дека во текот на 2023 и 2024 година со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ од над 507 милиони денари. На обвинетите им се става на товар кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Првообвинетиот, поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, и натаму е недостапен за органите на прогонот, додека за Груби обвинителството бара продолжување на мерката куќен притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Возач нема моќ да вработува, но Јанушев има, истрагата мора да се прошири

Скандалот со митото на возачот на Јанушев во Владата на Мицкоски не може да се заташка и истрагата мора да се прошири.

СДСМ: Возач нема моќ да вработува, но Јанушев има, истрагата мора да се прошири

Овој скандал отвора едно клучно прашање: каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито?

Возачот на Јанушев бил фатен со претходно обележани банкноти затоа што наводно барал 1.500 евра за да посредува во вработување пожарникар во Град Скопје.

Возач нема никаква моќ да вработува. Но генерален секретар на Влада, како Игор Јанушев, кој воедно е член и на Извршниот комитет на ВМРО-ОКГ има.

Ова е само еден аспект кој отвора сериозен сомнеж.

Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?

Ова е втор скандал оваа година поврзан со кабинетот на Јанушев.

Посебен советник за економски прашања во кабинетот на Генералниот секретар на Владата беше дел од групата осомничени за лихварство и за перење пари.

Премногу скандали врзани со Јанушев, за неговиот имот, за неговата фирма во Бугарија, за неговите соработници....

Обвинителството се врати ли од екскурзија?

Истрагата мора да се прошири.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер