Роналдо: Јас не уривам рекорди, тие ме следат - Канал 5

Роналдо: Јас не уривам рекорди, тие ме следат

Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо се запиша во листата стрелци во победата синоќа од 2-1 над Хрватска во Лигата на нации, што е негов 900. гол во професионалната фудбалска кариера.

Роналдо: Јас не уривам рекорди, тие ме следат

Триесетидеветгодишниот напаѓач бурно го прослави јубилејниот гол што го постигна во 34. минута за водство од 2-0.

„Тоа беше емоција“, изјави Роналдо по натпреварот на „Стадионот на светлината“ во Лисабон.

„Се чини дека бројката од 900 гола е само пресвртница, но само јас и луѓето околу мене знаеме колку е тешко да се работи секој ден за да бидеш физички и психички способен да ја достигнеш таа бројка“, додаде португалската ѕвезда.

Фудбалерот на саудиски Ал-Наср и поранешен играч на Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Спортинг истакна дека долго време сакал да стигне до таа бројка на голови.

„Знаев дека ќе го постигнам тоа бидејќи продолжив да играм фудбал, па нормално е тоа да се случи“, изјави Роналдо кој со Португалија освои два трофеи, Европското првенство во 2016 година и Лигата на нации во 2019 година.

„Овие други работи не ме мотивираат, но уживам во фудбалот во секое време. Рекордите доаѓаат природно. Не уривам рекорди, тие ме следат“, додаде Роналдо. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Змија виси над волан на автомобил во БиХ

Корисниците на социјалните мрежи биле изненадени од видео од Сјеница кое неодамна кружи на интернет.

Фото: Змија виси над волан на автомобил во БиХ

Сопственикот на автомобилот снимил змија како виси од вратата на автомобилот.

Таа висеше веднаш над воланот, обидувајќи се да се ослободи; како успеа да се заглави во вратата на автомобилот останува непознато.

Оваа необична глетка ги забавуваше многу корисници. „Ја закачи како освежувач на воздух“, гласеше еден од коментарите.

https://www.instagram.com/reel/DbjENoYxfSq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“

Еден од најдобрите свтески тенисери, Германецот, Саша Зверев застана во одбрана на најтрофејниот свтески тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој беше нападнат поради одлуката да се откаже од турнирот „Мастерс“ во Монтреал на 40-годишна возраст.

Саша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“

Мастерс турнирот во Монтреал повторно ги разочара навивачите бидејќи не успеа да ги привлече најголемите тениски ѕвезди.

Ниту оваа сезона во Канада нема да ги видиме Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз; тие одлучија да се повлечат од турнир кој, со оглед на случувањата таму со години наназад, можеби и не заслужува статус на турнир што носи 1.000 бодови.

Постојат различни причини поради кои тенисерите се откажуваат, но најважна е календарот. Турнирот се одржува по Вимблдон, а пред Синсинати и Ју-Ес Опен, и трае две недели. Токму затоа најдобрите во светот нема да настапат, иако некои почнаа да ги критикуваат, тврдејќи дека се незадоволни поради парите.

Поради тоа, Саша Зверев – овогодишниот победник на Ролан Гарос и моментално трет тенисер во светот – одлучи да застане во одбрана на своите колеги, а пред сè на Новак Ѓоковиќ:

„Дали мислите дека бонусите му се важни на Новак? Верувам дека тој има – ако можам да проценам – повеќе од 400 милиони во банка, така што не верувам дека тоа му е важно. Уште помалку го интересира пласманот на светската АТП-листа...“, се насмеа Зверев.

И додека челниците и организаторите на турнирите се обидуваат да најдат други виновници наместо да ја признаат грешката со форматот, Саша Зверев не може да поверува дека се размислува за одземање бодови од АТП-листата или за укинување на бонусите за тенисерите кои не сакаат да играат.

„Дали сакате да паднеме на светската ранг-листа ако не играме? Искрено, ако форматот се врати на стариот, со времетраење од седум дена, би можеле да разговараме за тоа. Но, ако треба да бидеме на овие натпреварувања две и пол недели, а притоа сме среде сезоната на Грен слем турнирите, тогаш не можете да нè присилувате“, додаде одлучно Зверев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали се ближи крајот на пребрзото возење? Ќе забавува ли самиот автомобил?

Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина.

Дали се ближи крајот на пребрзото возење? Ќе забавува ли самиот автомобил?

Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина; доколку биде одобрен, неговата имплементација би можела да започне околу 2030 година.

Според достапните информации, системот би користел сателитска навигација, дигитални мапи, 5G мрежи и камери за препознавање сообраќајни знаци за да ја одреди дозволената брзина, по што електрониката на возилото би ја ограничила моќноста на моторот и би спречила понатамошно забрзување, а воедно би овозможила привремено зголемување на брзината во итни ситуации.

Ова опфаќа понапредна верзија на системот за интелигентна помош за брзина (ISA), кој е задолжителен од јули 2024 година за сите нови автомобили што се продаваат во Европската Унија, а кој во моментов само ги предупредува возачите кога ќе го надминат ограничувањето на брзината.

Иако организациите за безбедност во сообраќајот сметаат дека ваквата технологија би можела значително да го намали бројот на тешки сообраќајни несреќи предизвикани од пречекорување на брзината, критичарите предупредуваат на можни грешки при препознавањето на сообраќајните знаци, застарени дигитални карти, неточности во GPS-системите, како и на ризици по приватноста на корисниците и сајбер-безбедноста на возилата.

Европската комисија нагласува дека проектот сè уште се разгледува и дека се водат консултации со производителите на автомобили и со експертите за безбедност во сообраќајот во врска со можните регулативи; следствено на тоа, сè уште не е донесена конечна одлука за негово спроведување, пренесува „iamexpat“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер