Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ФудбалРоналдо има технолошко чудо за опоравување, му го донеле во Англија од Торино (ВИДЕО)Кристијано Роналдо е познат не само како еден од најдобрите фудбалери на својата генерација туку и како апсолутен фанатик во поглед на строгиот режим.Приказните за неговата подготвеност да тренира и неверојатната самодисциплина станаа легендарни, а се обидуваат да го имитираат стотици аматери и професионалци ширум светот. Закрепнувањето е исто толку важно како и тренингот. Роналдо на својот Инстаграм сподели видео од своето чудо, криокомора вредна околу 50 илјади фунти и која е пренесена во неговиот дом во Манчестер од вилата во Торино. Во него се сместени најмодерните простории за криотерапија, како и таканаречените „ледени сауни“. View this post on Instagram A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) Температурата во овие простории може да падне и до -200 степени Целзиусови. Студот делува на крвните садови со тоа што ги стеснува, а со последователно загревање тие брзо се шират. Ова ја забрзува циркулацијата, што го забрзува закрепнувањето, без разлика дали мускулната траума е предизвикана од замор или повреда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина. Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство. По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето. Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска. Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.Тагови: референдум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактотВкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“. Kapal Virgo Transport 8 rute Surabaya-Banjarmasin dilaporkan hilang kontak di perairan Laut Jawa, Kalimantan Selatan, Minggu (13/9/2026) dini hari. Berdasarkan laporan awal Kantor Pencarian dan Pertolongan atau SAR Banjarmasin, kapal tersebut membawa 240 orang. Kapal diketahui… pic.twitter.com/sCB7cBtS5V — Radio Suara Surabaya (@e100ss) September 13, 2026 Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот. BREAKING: At least 125 people are missing after the passenger ship Virgo Transport 8 lost contact in the Java Sea near South Kalimantan, Indonesia. Authorities have rescued 115 people, while 1 person has been confirmed dead. Search and rescue operations are ongoing. pic.twitter.com/urIUSJQ0e7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) September 13, 2026 Тагови: брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на РусијаТериторијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата. Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.Тагови: Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook