Роналдо го претстави најновиот дијамантски часовник,има повеќе од 800 делови, и чини богатство - Канал 5

Роналдо го претстави најновиот дијамантски часовник,има повеќе од 800 делови, и чини богатство

Најдобро платениот светски фудбалер, големата ѕвезда Кристијано Роналдо во последните години, настапува во Саудиска Арабија, каде што е платен нереално, па за него луксузните автомобили или часовници се вистинска ситница.

Роналдо го претстави најновиот дијамантски часовник,има повеќе од 800 делови, и чини богатство

Пред крајот на кариерата, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња се одлучи за епизода во Саудиска Арабија каде што моментално го носи дресот на Ал Наср.

Летово Роналдо го продолжи договорот со Ал Наср за фантастична годишна плата од која бројка дефинитивно може да ви се заврти во главата.

Капитенот на Португалија, потпиша двегодишен договор според кој ќе заработува 200 милиони евра по сезона, што значи дека ќе биде побогат за нереални 400 милиони евра.

Со вакви примања , за супер платениот Кристијано дефинитовно ништо не е скапо.

Посебно како луксузни часовници или скапи автомобили кои се само сон за обичните луѓе.

Во својата гаража Роналдо има неколку екстремно луксузни и скапи автомобили, а секако и часовниците што ги поседува не се помалку евтини. Продаде неколку од нив за одредени хуманитарни акции.

Неодамна, како гостин на познатиот и контроверзен новинар Пирс Морган, тој покажа нов часовник кој е направен во само 18 примероци на светот, кој е составен од повеќе од 800 делови.

За време на разговорот, Роналдо носи „Jacob & Co. Twin Turbo Furious Baguette“ чија вредност се проценува на околу 1,25 милиони евра.

Куќиштето со дијаметар од 57 мм е направено од 18-каратно бело злато и, заедно со копчињата, е украсено со вкупно 362 багетни дијаманти од највисок квалитет. Овие прецизно исечени скапоцени камења создаваат блескава површина што го одзема здивот.

Но, вистинската вредност на овој часовник лежи во неговиот механизам. Тој е напојуван од сложениот калибар JCFM05, кој се состои од 832 компоненти, а срцето на механизмот е составено од два троосни турбиљони. Овие минијатурни кафези, кои ротираат на три различни оски, се дизајнирани да ја испробаат гравитацијата и да обезбедат беспрекорна точност.

Исто така, часовникот има повторувач на децимални минути, ретка компликација што покажува часови, десетинки од минути и минути со звучни сигнали. Целокупниот дизајн е инспириран од светот на хиперавтомобилите, што го прави совршен избор за Роналдо, познат ентузијаст за брзи автомобили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер