Роналдо е амбициозен да игра на Светското првенство во 2026 година

 Кристијано Роналдо има намера да игра и на Светското првенство во 2026 година, објави во понеделникот „Релево“.

39-годишниот напаѓач на Португалија планира да продолжи да настапува на највисоко можно ниво и дава најава за следното Светско првенство. Турнирот во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Кристијано Роналдо во моментов се подготвува со селекцијата на Португалија за ЕП 2024. Иберијците во првиот натпревар од групната фаза на турнирот во Германија ќе се соочат со Чешка.

Напаѓачот оваа сезона постигна 35 гола и даде 11 асистенции на 31 натпревар за Ал-Наср во лигата на Саудиска Арабија.

Роналдо со португалскиот тим стана европски шампион во 2016 година. До денес, стрелецот учествувал и се пријавил на пет последователни Светски првенства, а своето деби на Светското првенство го имаше во 2006 година.

Интервју со кандидатката за претседател на СДСМ Славјанка Петровска

Канал 5 и денеска продолжува со серијалот интервјуа со претендентите за наследник на Димитар Ковачевски на челната позиција во СДСМ.

Во видеото погледнете дел од интервјуто со Славјанка Петровска, кое целосно ќе го емитуваме во вестите во 18 часот.

Мицкоски: Бришење на балансерот е резултат на скрининг процесот со ЕУ

Бришењето на балансерот е по препорака на скрнинг процесот на ЕУ, а тезите дека со тоа им се одземаат права на заедниците се неточни и доаѓаат од политичари кои ги ограбуваа граѓаните без разлика на етничката припадност.

Бришењето на балансерот е по препорака на скрнинг процесот на ЕУ, а тезите дека со тоа им се одземаат права на заедниците се неточни и доаѓаат од политичари кои ги ограбуваа граѓаните без разлика на етничката припадност, изјави премиерот Христијан Мицкоски по критиките од Европскиот фронт предводен од ДУИ дека укинувањето на балансерот е опасен чекор за иднината на државата. Мицкоски не одговори конкретно дали досегашниот механизам за вработувања во институциите ќе биде заменет со нов закон кој ќе ја регулира етничката застапеност, како што најавија од „Вреди“, но уверува дека ниту еден граѓанин нема да биде обесправен. Секој граѓанин мора да ги ужива правата, но има и обврски, вели премиерот.

- Тезата дека се укинува Балансер или некој некому ќе одзема права, е погрешна. И тоа се тези сервирани од оние кои во изминатите седум години ги полнеа автобусите со млади и денеска сме во оваа ситуација. Помина времето на национал романтични политичари којшто под знамето на национализмот го ограбуваа граѓанинот на Македонија. Сега граѓанинот ќе биде во фокусот на нашите политики, изјави Мицкоски.

Претходно лидерите на Вреди потврдија дека укинување на балансерот е дел од владината програма како резултат на договорот со ВМРО-ДПМНЕ дека е нефункционален и се злоупотребува. Изет Меџити пред неколку денови објасни дека овој механизам не се брише туку ќе се замени со закон за правична застапеност на заедниците. Но што точно ќе содржи овој закон и кога ќе се најде во Собрание засега од власта не откриваат.

Во однос на позицијата на Изет Меџити како прв вицепремиер во Владата, Мицкоски ги расчисти дилемите. Потврди дека неговата позиција останува. Иако, како што рече, е незаконска, тие ќе ја почитуваат бидејќи се работело за џентлемнски договор.

Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома

 Во Германија неколку години по пандемијата со Ковид-19 и понатаму е висок процентот на лица кои работат од дома, соопшти Федералниот завод за статистика во Визбаден.

Во 2023 година 23,5 отсто од вработените во целост или делумно работеле од дома, што е минимален пад во споредба со минатите години. Пад е регистриран кај лицата што секојдневно работат од дома, се наведува во соопштението.

Најголем процент од оние кои работат од дома е забележан во ИТ секторот, при што речиси 75 проценти од вработените работат од дома целосно или делумно. Сличен висок процент е забележан и во секторите администрација, осигурување и бизнис консалтинг.

Најмал процент е регистриран во здравствениот сектор каде само 6,4 проценти од вработените повремено работеле од дома. Слично низок процент бележи малопродажбата и градежништвото.

Работата од дома најмногу ја користеле помладите вработени од возрасната група од 25 до 44 години.

Германија е на средината на рангирањето во споредба со другите членки на ЕУ. Во рамките на Европска Унија, работата од дома најмногу ја користат Холанѓаните, Швеѓаните и Финците, а најмалку Бугарите, Романците и Грците.

притисни ентер