СветРомански суд: Двајца осомничени за велепредавство остануваат во притворДвајца од шестмината уапсени во Романија под сомнение за велепредавство и организирање криминална група остануваат во притвор 30 дена, одлучи Апелацискиот суд во Букурешт, јавува телевизијата Диџи 24. Останатите четворица ќе бидат под судска контрола. Во притвор остануваат Адриан-Робертин Дину и Мариус Семењук. Шестмината осомничени беа уапсени под сомнение дека формирале група со цел „поткопување на суверенитетот и независноста на Романија, преку нарушување на политичката и одбранбената способност на државата“. Групата, наречена „Команда Влад Цепеш“, функционирала по модел на воена структура. Како осомничен е споменат и генерал-мајор во пензија Раду Теодору. Членовите на групата, според обвинителите, одржувале контакти со странски агенти во Романија и Русија и договарале излегување на земјата од НАТО, уривање на уставниот поредок, распуштање на политичките партии и формирање нова влада. Романските власти тврдат дека во јануари двајца од обвинетите отпатувале во Москва за средби со лица подготвени да ги поддржат нивните планови. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Романија „ги префрла своите внатрешни проблеми врз Русија“./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКавадарчаните кои до смрт претепаа лице по расправија во казино добија по 10 години затворТројца кавадарчани добија по 10 години затвор за убиството на 43-годишниот П.Т., кое се случи пред казино во центарот на Кавадарци во август минатата година.Основниот суд Кавадарци ги прогласил за виновни за кривично дело „убиство“ „Кривичниот совет при Основен суд Кавадарци обвинетите ги прогласи за виновни и ги осуди на казна затвор во траење од по 10 години за секој осуден. Во кривичниот предмет немаше признание на вина, а на обвинетите им е продолжен притворот бидејќи се прогласени за виновни“, соопшти судот. Според обвинението, на 27 август 2025 година, пред 5 часот наутро, по вербална расправија во казиното, тројцата излегле надвор, каде физички го нападнале и му нанеле повеќе удари со боксови и клоци по телото и главата. Нападот се случил на задниот влез од казиното во центарот на Кавадарци. Жртвата се обидела да се врати во објектот, но изгубила свест и починала од здобиените тешки повреди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
ЕвропаУнгарската влада повела истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“Ќе се истражува и можна злоупотреба со кредитот од 1 милијарда евра одобрен за Македонија.Во Унгарија покрената е истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“. Премиерот Петар Маѓар, потврдил дека унгарското министерство за економија и енергетика поднело кривични за четири случаи поврзани со Ексимбанката, поради сомнежи за злоупотреби на службената положба, несовесно работење и други можни кривични дела. Како што пренесуваат тамошните медиуми, ќе се истражуваат и можни злоупотреби и во однос на кредитот од 1 милијарда што државната ексим банка и го одобри на земјава. Според Маѓар, кредитот за Македонија бил одобрен со поволна каматна стапка од 3,25 отсто и е целосно обезбеден со државна гаранција.. -„Владата не сака и нема однапред да донесе пресуда во овие случаи, но ќе ја обезбеди сета потребна поддршка за да се утврди дали се сторени кривични дела“, изјавил Маѓар. Веднаш по доаѓање на власта Маѓар најави борба против корупцијата и работењето на претходната влада на чие чело 16 години беше Виктор Орбан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВидео: Неверојатна глетка во Сараево: Реката Миљацка кај Бентбаша целосно пресушилаНеобична глетка во Сараево, реката Миљацка пресушила во дел од главниот град на Босјна и Херцеговина. Граѓаните што минувале низ Бентбаша утрово биле пречекани со необична глетка, бидејќи реката Миљацка пресушила. Во дел од коритото на реката Миљацка во близина на базенот нема вода, видливи се само камења, песок и речни наслаги. Фоторепортер на „Аваз“ ја забележил неверојатната сцена. Поголемиот дел од речното корито е покриен со камења. Засега нема официјални информации што објаснуваат зошто Миљацка пресушила на овој дел кај Бентбаша во сараево, ниту пак се знае дали станува збор за привремена појава.Тагови: сараево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00