Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
1Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
3Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ
Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
3Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
МакедонијаРоманската воена делегација запозната со трансформацијата на македонската Армија и капацитетите на „Криволак“Делегација на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Георгита Влад, од денеска до 4 септември, престојува во официјална посета на Армијата на Република Македонија. На официјалната средба помеѓу началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и генералот Влад беше потврдена соработката помеѓу двете армии, што во текот на изминатата и оваа година се оценува како исклучително добра и на високо ниво. Посебно беше нагласена успешната соработка на полето на обуката и вежбите реализирани во рамките на иницијативата Б-9, како и во рамките на билатералните и регионалните активности, нагласуваат во денешното соопштение од Генералштабот. За време на официјалниот состанок, романската делегација била запозната со трансформацијата на Армијата, учеството на Армијата во меѓународни мисии на НАТО, ОН и ЕУ, како и капацитетите на армискиот полигон „Криволак“. Дополнително се разговарало за заемна поддршка при исполнување на НАТО - целите на способности и подобрување на интероперабилноста, како и можноста за унапредување на билатералната соработка, вклучувајќи ја и соработката во областа на специјалните сили. - Во рамки на посетата, генералот Влад оствари средба и со министерот за одбрана Владо Мисајловски на која се разговараше за посветеноста на двете земји во зацврстувањето на источното крило на НАТО, за безбедносната состојба во регионот, како и за можностите за развој на билатералната соработка. Министерот Мисајловски во оваа прилика ја нагласи исклучително интензивната одбранбена соработка благодарение на која се зајакнува интероперативноста помеѓу двете сојузнички армии и додаде дека македонските припадници, како и досега, ќе продолжат со својот придонес како дел од НАТО мултинационалните сили во Романија, истакнуваат од Генералштабот. Покрај официјалните средби, во текот на денешниот ден, како што е најавено, романската делегација ќе го посети и баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ во Скопје, каде, како што се наведува во соопштението, ќе биде запозната со мисијата, опремата и вооружувањето со што располага баталјонот и ќе присуствува на методско-показна вежба, организирана од единицата. - Во текот на утрешниот ден, романската делегација, во касарната „Боро Менков“ во Куманово, ќе присуствува на свечената церемонија за примопредавање на должноста на Политичко-воено- управувачкиот комитет и Координативниот комитет на СЕДМ, како и на одбележувањето на 26 години од формирањето на бригадата за Југоисточна Европа (SEEBRIG), посочуваат од Генералштабот. Се нагласува дека соработката помеѓу Армијата и ВС на Романија се оценува на високо ниво. - Оваа соработка е надградена во ноември 2023 година со учество на Армијата со свои сили во Романија во рамките на НАТО и тоа, Активноста за зголемена будност - enhanced Vigilance Activity – eVA Battlegroup Initial Operational Capability (денес тоа е во рамките на НАТО активноста „Зајакнати истурени сили“ - Forward Land Forces) и ангажманот на штабен офицер во Мултинационалниот корпус Југоисток (MNC-SE) во Букурешт. Овие активности претставуваат цврста основа за натамошно продлабочување и развој на партнерството меѓу двете армии, потенцираат од Генералштабот. Тагови: армија Криволак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компириВо вторник (20.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Велина Стаменковиќ.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. мали компири 3 лажици маслиново масло 30 гр. путер 3 парчиња пилешки стек 4 лажици кечап 4 лажици мајонез 1 лажиче сол половина лажиче бибер малку рузмарин, лук во прав и магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери. Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи. Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти. Galatasaray- Fenerbahçe maç sonu çıkan kavganın en net açısı… Archie Brown,Abdülkerim bardakçı’ya arkadan saldırıyor. Apoda gereğini yapıyor.. https://t.co/yGbH9p6utj — 1905𝑅 𝐼̇ 𝑇 𝐼̇ 𝑀 𓃬 (@1905ritim) October 26, 2026 Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани... Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
МакедонијаГерасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори. Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација. „Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски. Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени. Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување. „Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook