СДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?
2СДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ТехнологијаРоманската полиција објави прирачник „Вештачка интелигенција и манипулација со човечката перцепција“Прирачникот е објавен на романски и на англиски јазик и објаснува како можат да се создадат лажни слики и гласови.Романската полиција објави прирачник насловен „Вештачка интелигенција и манипулација со човечката перцепција“, чија цел е едукација на населението за механизмите за ширење лажна содржина, како и начинот на кој луѓето се однесуваат во информациските „балони“. - ВИ е веќе дел од нашиот секојдневен живот. Таа ни помага да бараме информации, полесно да работиме и побрзо да комуницираме. Во исто време, може да влијае на она што го мислиме, чувствуваме и избираме, честопати без да го сфатиме тоа. Живееме во дигитална средина каде што пораките се приспособени на секој од нас, реакциите се предвидуваат, а содржината се „филтрира“ според интересите што системите ги детектираат во нашето онлајн однесување, се наведува во соопштението од романската полиција. Прирачникот е објавен на романски и на англиски јазик и објаснува како можат да се создадат лажни слики и гласови (deepfakes), како изгледаат пораките или разговорите генерирани од ВИ, како емоциите можат да се користат за да се влијае врз нашите одлуки или како на крајот добиваме содржина „приспособена на нашиот вкус“ преку алгоритамска персонализација. - Манипулацијата денес повеќе не е отворена или очигледна. Таа е суптилна, персонализирана и внимателно пресметана. Многу пати, таа дури се потпира и на трагите што ги оставаме онлајн: што бараме, што нè плаши, што нè привлекува и што нè прави среќни. Затоа прирачникот не само што предупредува, туку нуди и едноставни решенија: правила за дигитална хигиена, предлози за критичко размислување и практични препораки за родители, ученици, наставници и секој корисник на интернет. Целта е секој од нас да премине од улогата на „пасивен корисник“ во улога на информиран и свесен корисник, се истакнува во соопштението. Прирачникот е подготвен од специјалисти за кибербезбедност, дигитално образование и спречување на компјутерски криминал во рамките на романската полиција, Националната дирекција за сајбер безбедност, Националниот центар за сајбер истраги во рамките на Романската разузнавачка служба и романската филијала на „Cloud Security Alliance“. Според нив превенцијата не може да се постигне сама и бара соработка меѓу властите, училиштата, семејствата и заедницата. - Само заедно можеме да изградиме побезбедна онлајн средина, да ја препознаеме манипулацијата и да ја зголемиме отпорноста кон ризиците во дигиталниот простор. Останете информирани, поставувајте прашања, проверете ги вашите извори. Онлајн безбедноста започнува од секој од нас, наведе романската полиција.Тагови: вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нискиот и уличарски речник на СДС – доказ дека талогот е целосно поразенНискиот и уличарски речник на СДС е само опис на состојбата во која се наоѓаат Венко Филипче и неговото раководство, кои несомнено го претставуваат талогот во општеството.СДС и Венко Филипче не пропуштија прилика да пропуштат прилика за да демонстрираат државотворност и политичка зрелост. Тие дури отидоа против прославата на 35 години независна држава. Тие директно се спротивставија на илјадници луѓе кои беа дел од прославата и кои ја поддржаа. Со нивните небулозни тврдења за некаков криминал, и покрај целата отчетност и транспарентност, само покажуваат колку се ситнодушни и без идеја во политичкиот настап. За крај, ако нешто не им е јасно, нека го погледнат видеото на светски познатиот диџеј Дејвид Гета за Македонија, името кое, патем, СДС го промени. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе пред камери и ја вклучи машината за бајки.Овој пат пензиите му пораснале „16 пати“ повеќе отколку во времето на СДСМ, а граѓаните наводно живееле подобро отколку пред три години. 16 пати. Не процент. Пати. Како да зборува за казино, не за држава. А со оглед дека Државната лотарија веќе му е приватна каса, речникот му е логичен. Оттаму излегоа 5,5 милиони евра за прослава на независноста и концерт на Дејвид Гета, откако истиот човек претходно рече „нула денари“. Нема провизии од Лотарија, вели. Ги нема затоа што повеќе не се кријат. Сега се викаат спонзорство, дивиденда и патриотизам. Македонија кај него е економски тигар. Само народот тоа уште не го видел на сметката. Затоа арамијата Мицкоски не го мери животот на граѓаните со паричник и фрижидер. Го мери со табла, како Вучиќ: црта стрелки нагоре, додека дома сметките одат нaгоре. Веќе сме „меѓу првите“ во туризам и авиосообраќај, „трети“ по економија во Европа. Тоа го нема во животот на граѓанинот. Тоа го има само на неговата табла. Едно прво место не го кажува: први сме по срам поради него и по најниска плата во Европа - повторно поради него. Реалната состојба е сосема спротивна од бајките на Мицкоски. Во касата нема пари за достоинствени пензии, па се задолжуваат од недела на недела. Парите се топат во криминални тендери и во спектакли. Дупката во ПИОМ зема замав. Вториот столб повеќе не е сигурност на работникот, туку резерва од која ВМРО-ОКГ сака да се нахрани - да ги одземе заштедите на граѓаните и да ги претвори во крпење на сопствениот дефицит. Со пензиите си играат, а најранливите ги држат во страв. Класична десничарска банда: крупниот капитал се штити, сиромаштијата се украсува со бројки. Ова не е економија. Ова е пропаганда на организирана криминална група која државата ја води како сопствен штанд, статистиката како рекламен постер, а Лотаријата како благајна за журки. Пензионерот не живее во кабинетот на арамијата Мицкоски. Пензионерот живее во продавница, во аптека, на сметка за струја и во редици пред шалтер. А таму нема 16 пати ништо - освен повисоки цени. Таму има поскап живот и евтина лага. Ако навистина се живее подобро, зошто шефот на бандата мора секој втор ден да го објаснува тоа со калкулатор и фломастер? Луѓето што јадат не им треба предавање. Им треба намалување на цените, не бајка за пензии и диџеи платени од народна каса. ВМРО-ОКГ го прави класичниот трик: укради го буџетот, укради ја Лотаријата, потоа укради ја и бројката. Земи ја пензијата како ПР-алатка. Фрли ја вината на СДСМ. Прогласи победа. И барај аплауз затоа што граѓанинот добил парче од тоа што претходно му го зеле. Нема 16 пати поголем раст. Има 16 пати поголем цинизам. Нема подобар живот од пред три години. Има само режија на лагата. Нема трета економија во Европа. Има прва банда на власт. СДСМ нема да се расправа со бајките на Мицкоски, ќе ја расчисти маглата, затоа што граѓаните ја знаат вистината. Граѓаните не гладуваат затоа што немале консултант. Гладуваат затоа што ВМРО-ОКГ ја претвори државата во плен, Лотаријата во касичка, а премиерот во раскажувач на бајки. Кога арамијата вели дека тече мед и млеко, проверете му ги џебовите. Медот е кај него. Сметката е кај народот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќиеВо текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 13 лица поради „безобѕирно управување со возило“.Од нив, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп. Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол. При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје кој управувал возило без возачка дозвола, било констатирано дека на патничкото моторно возило предната регистарска таблица не припаѓала на возилото. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесните возачи и спречување на однесувања со кои се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поседувањето важечка возачка дозвола и управувањето со возило во трезна состојба се основа за безбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter