Романо: Тотенхем се согласи за плати 40 милиони евра за Галагер - Канал 5

Романо: Тотенхем се согласи за плати 40 милиони евра за Галагер

Тотенхем се согласи на трансфер од 40 милиони евра за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Конор Галагер.

Романо: Тотенхем се согласи за плати 40 милиони евра за Галагер

Според инсајдерот Фабрицио Романо, Спарс ќе платат 40 милиони евра за 25-годишниот Англичанец.

Претходно беше објавено дека мадридскиот клуб се согласил да го позајми играчот на Астон вила со опција за откуп, но тој го избрал Тотенхем Хотспур.

Договорот на Галагер со Атлетико е до летото 2029 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 35 милиони евра.

Во сезоната 2025/26, играчот од средниот ред одигра 27 натпревари, постигна три гола и имаше една асистенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силно невреме го зафати Скопје, пожар избувна во Карпош 4

Силно невреме со ветришта пред малку го зафати Скопје.

Силно невреме го зафати Скопје, пожар избувна во Карпош 4

Во Карпош 4 се издигата пламени јазици во близина на кејот на Вардар.

Гледачите јавуваат за откорнати дрвја, скршени прозорци и однесени кровови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зошто Мадона, Шакира и Бибер не беа платени за настапот на СП?

Воведната програма на полувремето од финалето на Светското првенство, замислена како голем глобален спектакл, веднаш покрена прашања за тоа колку чини таква продукција.

Зошто Мадона, Шакира и Бибер не беа платени за настапот на СП?

Јавниот интерес дополнително се зголеми откако беше потврдено дека некои од најголемите музички ѕвезди како Мадона, BTS, Џастин Бибер, Мапетите и Шакира ќе учествуваат во краткиот настап.

Единаесет минути спектакл и бројни реакции

Програмата ја отвори Мадона со изведба на нејзиниот хит „Music“, со барана кореографија и раскошна продукција. По неа настапи К-поп групата BTS со песната „Dynamite“, додека Џастин Бибер ја промени атмосферата со акустична изведба на песната „Everything Hallelujah“ со гитара. Последниот дел ѝ припадна на Шакира, која танцуваше на официјалната химна на првенството „Dai Dai“.

Иако траеше само единаесет минути, настапот не беше без критики. Дел од јавноста верува дека концертот дополнително ја нагласил комерцијалната страна на турнирот и дека првенствено имал за цел да ја привлече американската публика. Во исто време, многумина беа заинтересирани колку пари издвоила ФИФА за ангажман на толку многу познати изведувачи.

Ѕвездите не добија хонорар

Одговорот е дека најголемите ѕвезди на овогодинешното финале не беа платени за нивниот настап. Како и со настапот на полувремето на Супербоул, изведувачите не добија хонорар, но го поддржаа своето учество како дел од хуманитарна иницијатива.

Според The ​​Athletic, извор од организацијата потврди дека „музичарите го донираа своето време и настап“ за да ја поддржат работата на организацијата Global Citizen, која се занимава со социјални прашања и борбата за подобри услови за живот низ целиот свет.

Целта е да се соберат 100 милиони долари

Концертот е дел од заедничка иницијатива на ФИФА и Global Citizen, чија цел е да се соберат 100 милиони долари за образовни програми и проекти што им обезбедуваат на децата ширум светот подобри можности, вклучително и подостапен фудбал.

„Светот се собира околу најголемата фудбалска игра, а оваа историска изведба ќе го насочи вниманието и кон повисока цел. Ќе го поддржи Фондот за глобално граѓанско образование на ФИФА и нашата заедничка мисија да обезбедиме децата ширум светот да имаат пристап до квалитетно образование и можности да играат фудбал“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, при најавувањето на концертот.

„Тоа ќе биде прослава на фудбалот, единството и хуманоста што ќе одекнува долго по последниот свиреж на судијата“, додаде тој.

Џастин Бибер, исто така, ја нагласи важноста на проектот. „Светското првенство го поврзува светот како ништо друго. Благодарен сум што сум дел од ова шоу на полувремето, а уште повеќе сум благодарен затоа што знам дека веќе помага да се обезбеди подобар пристап до образование за децата ширум светот“, рече пејачот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски од Гостивар: На одговорните им е изречена највисока казна според законот

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во Гостивар претседава со кризниот штаб по трагедијата во која со вода за пиење се затруени илјадници граѓани.

Тошковски од Гостивар: На одговорните им е изречена највисока казна според законот

Тошковски рече дека во иовој момент интензивно се работи на санирање на штетата, како и на лоцирање на одговорноста на сите инволвирани што ја предизвикале оваа катастрогфална состојба со водата за пиење. Воедно се прават сите напори за оспособување на водоводот за да може што поскоро да се исчисти од фекалното загадување и да се стави во функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер