3САД најавуваат нов пристап кон Балканот: Крај за „градењето“ држави, приоритет на економската соработка
Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
2Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
ФудбалРомано: Мармуш во ТотенхемДосегашниот фудбалер на Манчестер Сити, репрезентативецот на Египет, Омар Мармуш преминува во Тотенхем, пренесува Фабрицио Романо, водечкиот експерт за фудбалски трансфери. Финансиските детали од договорот не се обелоденети. Минатата сезона, Мармуш постигна осум гола на 36 натпревари за Сити. Египетскиот напаѓач подолго време се поврзуваше со трансфер во Тотенхем како дел од голем договор меѓу два англиски клуба, а структурата на трансферот привлече значително внимание во Германија. Мармуш му се приклучи на Манчестер Сити од Ајнтрахт во јануари 2025 година за сума од приближно 75 милиони евра. Франкфурт во договорот вклучи клаузула со која им припаѓаат 15 проценти од каква било добивка што Сити би ја остварил од неговата идна продажба. Според претходните извештаи од Англија, Тотенхем се договорил да го ангажира Мармуш на позајмица со обврска за откуп за околу 50 милиони фунти (приближно 58 милиони евра). Оваа сума е многу слична на износот што Сити му го плати на Франкфурт, што значи дека англискиот шампион не би остварил профит од договорот. Следствено, Франкфурт не би добил ништо врз основа на својата клаузула.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроштална средба на претседателот на Собранието со амбасадорот на КазахстанПретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорот на Република Казахстан во Република Македонија, Н.Е. г. Садбалди Буршаков.На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за ангажманот на амбасадорот Буршаков во унапредувањето на пријателските односи меѓу двете земји, при што беше истакнат напредокот постигнат во билатералната, економската и парламентарната соработка. Беше поздравено успешното заокружување на преговорите за трите значајни договори од правната сфера – за заемна правна помош во кривични предмети, трансфер на осудени лица и екстрадиција. Како значаен чекор во продлабочувањето на економската соработка беше издвоено и потпишувањето на Протоколот за првата сесија на Заедничката комисија за трговија и економска соработка, како и Меморандумот за разбирање за економска соработка. Претседателот Гаши посочи дека постои простор за натамошно јакнење на парламентарните односи, особено преку Пратеничката група за соработка со Казахстан и редовниот контакт меѓу двата парламента. Тој го поздрави и отворањето на резидентната Амбасада на Казахстан во Скопје, оценувајќи го како важен исчекор во односите меѓу двете земји. Амбасадорот Буршаков се заблагодари за досегашната соработка и поддршката во текот на неговиот мандат во Македонија. Тој сподели позитивни впечатоци од своето дипломатско искуство во земјата и истакна дека со задоволство ќе ги памети контактите и пријателските односи воспоставени во текот на неговиот мандат. Воедно, изрази уверување дека соработката и пријателските односи меѓу Казахстан и Македонија ќе продолжат да се продлабочуваат. На крајот, претседателот Гаши му упати најдобри желби на амбасадорот Буршаков за успех во идните професионални ангажмани, со уверување дека досегашната добра соработка ќе продолжи и во иднина.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
ЕвропаФон Дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредноститеСостојбата на Европската унија е најсилна но и најнесигурна досега, посочи претседателката на Европската Комисија - Урусла фон дер Лајен во нејзиниот годишен говор денеска во Стразбур. Без да се осврне подетално на процесот на проширување, Фон Дер Лајен најави дека наскоро ќе бидат објавени патокази за најуспешните земји кандидатки, кои како што нагласи ќе мора да ги почитуваат основните вредности на Унијата. Фон Дер Лајен и во оваа прилика не ја одмина глорификацијата на осудениот за воени злосторства – Ратко Младиќ, која ја посочи како недозволива. -Наскоро ќе предложиме патокази за кандидатите што постигнале најголем напредок. Овој процес ќе продолжи да се базира на заслуги и драги пратеници, повторувам, почитување на нашите вредности, што не е предмет на преговарање. Бев ужасната од сликите од погребот на Ратко Младиќ во Белград,- -Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европска комисија. -Проширувањето на Унијата со полноправни членки, а можеби и со придружни членки, е во наш стратешки интерес. Не може да има скратени патишта, но не смееме да го изгубиме моментумот во овој процес, -Томас Бирн, ирско претседателство со советот на ЕУ. Европската Унија и официјално ја покани Канада да стане нејзината прва придружна членка. Овој сојуз за иднината, како што го опиша Урсула фон дер Лајен, ќе значи здружување на европските и канадски сили во клучни и стратешки области како индустријата, технологијата и одбраната. -Сакаме да ги подигнеме односите со Канада на највисоко можно ниво. Затоа би сакала да соработувам со вас (премиер Карни) за да ја отвориме вратата за Канада да биде првата придружна членка на Европската Унија,- -Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европска комисија. ЕУ ќе создаде свој Совет за безбедност и сопствен механизам налик на Натовскиот член 4 односно протокол за итна безбедност, нагласи претседателката на Европската Комисија, во чиј говор преовладуваа темите од одбраната и безбедноста на Унијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСАД најавуваат нов пристап кон Балканот: Крај за „градењето“ држави, приоритет на економската соработкаПод администрацијата на Трамп, САД веќе нема да се ангажираат за „градење“ држави на Балканот, туку ќе се посветат на стабилноста и безбедноста, одржување позитивни односи и економска соработка, порача Даниел Лотон.Под администрацијата на Трамп, САД веќе нема да се ангажираат за „градење“ држави на Балканот, туку ќе се посветат на стабилноста и безбедноста, одржување позитивни односи и економска соработка, порача Даниел Лотон, заменик помошник државен секретар во чија надлежност е Балканот, кој сведочеше пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Претставнички Дом при што официјално ја претстави стратегијата на администрацијата на Трамп за Западен Балкан. „Ерата на надворешно наметнато градење држави е завршена“, изјави Лотон во своето обраќање пред конгресмените. Зборувајќи за секоја држава посебно и Македонија доби конкретно место во новата американска слика за регионот. Се очекува Македонија да биде клучна држава за изградбата на транс-балкански гасовод за транспорт на американски гас од Грција. -Македонија реално е на пат да го постигне договореното ниво на инвестиции во одбраната како НАТО членка и да ја подобри нашата одбранбена соработка. Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија се одржа во април и притоа беше реафирмирана подготвеноста на двете земји да работат заедно на унапредување на овие стратегиски линии, пишува во подготвената изјава на заменик помошник секретарот Лотон доставена до комитетот на Конгресот. Фокусот на расправата во Конгресот најмногу беше за случувањата и односите на САД со Србија, Босна и Херцеговина и Косово. Повеќе конгресмени се фокусираа и за претстојните избори во Србија закажани за во октомври и нејзините односи со САД, Русија и ЕУ, како и, како што беше посочено, кинеското влијание таму. Лотон ги посочи Русија и Кина како ривали што претставуваат закана за американските интереси на Балканот, но посочи дека САД немаат намера да му го препуштат регионот на геополитичкото влијание на Москва и Пекинг. -Тесно соработуваме со нашите НАТО сојузници, Албанија, Црна Гора и С. Македонија за нашите заеднички безбедносни цели како да се справиме со транснационалните криминални организации. Можам да ви кажам дека ние секако имаме геополитички ривали особено Кина и Русија кои претставуваат ризик за стабилноста на Западен Балкан. Затоа сакаме позитивни односи во целиот регион со сите земји во Западен Балкан да се поттикне стабилноста која е во интерес на сите нас. Во однос на Европската Унија, ние не заземаме став за членство, тоа е одлука што самите земји од Западен Балкан треба да ја донесат во соработка со Унијата, изјави Лотон. Лотон ги повика Приштина и Белград да избегнуваат провокации и да се вратат на директен дијалог, поздравувајќи го напредокот постигнат преку Стратешкиот дијалог со Србија, како и инфраструктурните и енергетските партнерства со Македонија и Црна Гора.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter