Романија прв противник на Македонија на патот за пласман на Светскиот шампионат во 2023 - Канал 5

Романија прв противник на Македонија на патот за пласман на Светскиот шампионат во 2023

Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија вечерва е домаќин на селекцијата на Романија во првиот дуел од баражот за пласман на Светскиот шампионат во 2023 година чии домаќини ќе бидат Полска и Шведска. 

Романија прв противник на Македонија на патот за пласман на Светскиот шампионат во 2023

Нашите најдобри ракометари вечерва во арената Борис Трајковски во Скопје ќе ја пречекаат незгодната селекција на Романија предводена од шпанскиот стратег Чави Пасквал.

Црвено жолтите вечерва ја започнуваат мисијата пласман на уште едно големо натпреварување. Избраниците на селекторот Кире Лазаров со поддршка од трибините, прв пат по пауза од две години македонската фаланга ќе биде присутна во СЦ Борис Трајковски, ќе атакуваат на триумф над Романија со кој би го направиле првиот исчекор кон посакуваниот пласман на уште еден Мундијал.

Нашите најдобри ракометари во дуелот со незгодната Романија ја имаат улогата на фаворит, што ветуваат и дека ќе ја оправдаат на паркетот во Борис Трајковски и ќе извојуваат уште една вредна победа, без разлика што противникот од клупата го води еден од најдобрите светски тренери, Шпанецот Пасквал.

Селекторот и капитен Кире Лазаров повторно ќе биде на теренот и ќе ги води своите соиграчи кон посакуваната цел, победа над Романија. Подготвен за настап е и искусниот бек Филип Миркуловски кој ја повика публиката во што поголем број да биде присутна во салата и да ги бодри ракометарите до уште еден успех.

Првиот плеј оф дуел за пласман на Мундијалот во 2023 година меѓу Македонија и Романија се игра вечерва од 19 часот во СЦ Борис Трајковски, ревеншот е на програмата во сабота во Букурешт. Победникот од овој двомеч потоа против силната Чешка ќе се бори за пласман на Светското првенство во 2023 година, во Полска и Шведска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители

Традиционалната церемонија ја реализираше Баталјонот за почести при македонската армија, придружуван од воениот оркестар.

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители

По повод церемонијата на менување на државното знаме, којашто се одржува секој втор петок во месецот, денеска Кабинетот на претседателот го посетија учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Виница и деца од скопските градинки „Орце Николов“ - Карпош, Британска детска Академија и „Изворче – Монтесори“, како и дел од нивните наставници и воспитувачи.

Традиционалната церемонија ја реализираше Баталјонот за почести при македонската армија, придружуван од воениот оркестар.

Децата љубопитно го проследија настанот, со почит се вклучија во интонирањето на македонската химна, а на крајот го крунисаа моментот со заедничка фотографија.

Заинтересирано ги разгледаа кабинетските простории, а посебно внимание им посветија на двата прекрасни мозаици на Чемерски во свечената сала.

Највозбудлив дел од посетата беше бурниот разговор со претседателката, која беше изненадена од умните прашања за нејзините омилени игри и училишни предмети, домашните миленици, но и за тежината и предизвиците во вршењето на претседателската функција.

Одговарајќи им, претседателката искрено призна дека нивните прашања ја вратиле во најубавиот период од животот, којшто никогаш никој не го заборава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина се уапсени поради кражба на четири ремек дела од музејот на Реноар

Француската полиција уапси најмалку пет лица поврзани со кражбата на четири уметнички дела од музејот Реноар на 8 септември.

Петмина се уапсени поради кражба на четири ремек дела од музејот на Реноар

Се верува дека меѓу уапсените се двајца директни сторители. Според весникот „Нис-Матен“, кој прв извести за апсењата, осомничените би можеле да бидат дел од организирана криминална група, пишува „Еуроњуз“.

Кражбата се случила во зори на 8 септември. Градоначалникот Брајан Масон изјавил за локалната станица „Иси Азур“ дека сторителите биле добро опремени и добро информирани. Тие влегле во музејот низ градината, каде што ја исекле оградата, а потоа го скршиле прозорецот на приземјето од зградата. Тие користеле електрична пила за да ги исечат држачите што ги прицврстувале рамките за слики. Масон додаде дека дуото било „забележано благодарение на градските камери за надзор“.

Плен вреден девет милиони евра

Вкупната вредност на украдената уметност се проценува на девет милиони евра. Две слики се пронајдени во градината на музејот. Според изјавата доставена до агенцијата АП, крадците ги отфрлиле за време на нивното бегство од полицијата, која била активирана од алармот. Потрагата по преостанатите две слики сè уште е во тек. Станува збор за делата „Портрет на г-ѓа Колона Романо“ од 1910 година и „Млада жена на бунарот“ од 1886 година.

Музејот на Реноар се наоѓа во медитерански град помеѓу Кан и Ница и е негова најпозната знаменитост. Музејот е отворен во 1960 година во куќата што била последниот дом на сликарот. Реноар живеел таму до својата смрт во 1919 година, кога починал од пневмонија на 78-годишна возраст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство

Минисерот за внатрешни работи беше во посета на Археолошкиот музеј во Скопје.

Тошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство

„Неодамнешните кражби на вредни историски и археолошки предмети од музеи во повеќе европски земји нè потсетуваат колку е значајна заштитата на културното наследство и колку е важно навременото преземање превентивни мерки.

Токму на оваа тема денеска разговаравме при мојата посета на Археолошкиот музеј во Скопје, каде што ги разгледавме можностите за унапредување на институционалната соработка и зајакнување на безбедноста на културните добра.

Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство, кое сведочи за долгата и разновидна историја на овие простори. Секој археолошки предмет, секој историски артефакт е дел од нашата колективна меморија и културен идентитет, богатство кое имаме обврска да го зачуваме за идните генерации.

Заштитата на ова непроценливо богатство не е само прашање на културата, туку и важно безбедносно прашање. Спречувањето на кражбите, нелегалната трговија со културни добра и другите облици на загрозување на културното наследство бараат постојана будност, превенција и координирано дејствување на надлежните институции.“- објави Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер