Романија подигна борбени авиони поради дронови на романско-украинската граница - Канал 5

Романија подигна борбени авиони поради дронови на романско-украинската граница

Романија подигна борбени авиони поради појава на беспилотни летала долж романско-украинската граница, пренесе „Аџерпрес“, повикувајќи се на соопштение на романското Министерство за национална одбрана.

Романија подигна борбени авиони поради дронови на романско-украинската граница

Според соопштението, дроновите лансирани од Руската Федерација биле насочени кон украинските пристаништа на реката Дунав, кои се наоѓаат во близина на границата со Романија. Населението во северниот дел на романскиот округ Тулча било предупредено преку порака испратена од системот РО-Алерт (RO-Alert) дека е можно да паднат објекти од воздушниот простор. Предупредувањето било испратено околу 12 часот по романско време, а тревогата во меѓувреме е веќе укината.

Во врска со случајот, биле подигнати два борбени авиони F-16 од 86-та авиобаза во Фетешт за да ја надгледуваат граничната зона со Украина во северниот дел на округот Тулча.

Според податоците на Инспекторатот за вонредни ситуации во Делта (ISU), цитирани од „Аџерпрес“, никој не се јавил на единствениот број за итни повици 112 за да пријави инциденти за време на тревогата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд

Најостро демантирам дека сум сопственик, содружник или лице со специјални овластувања во компанија која добила државен тендер од било која државна институција, ниту во време на Влада на СДСМ, ниту сега. 

Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд

Јас сум пензионер, кој како машински инжењер има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија. Компанијата која за дневно политички цели ја споменува Венко Филипче е странски инвеститор кој отворил фабрика во Македонија во 2019 година кога Зоран Заев е премиер. За ова мое тврдење го ставам целиот свој личен кредибилитет и одговорност. Недостатокот на демократски капацитет да се слушнат политички критики не се покрива со дрски манипулации. Ако не му кажале на Филипче, јас сум основач на СДСМ и носител на партиската книшка број 17.

Погрешно се пресметал дека може мене да ме претстави како нов вмроовец. Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд, се наведува во демантот на Никола Ќуркчиев, поранешен генерален секретар на СДСМ.

Ќуркчиев реагира на наводите на Филипче во емисијата „Само интервју“ , во кое наведе дека тој годинава добил тендер од 1,6 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Под пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода

Геолозите открија два големи извори на вода под кинеската пустина Синџијанг. 

Под пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода

Откритието би можело да му обезбеди на северозападниот регион вреден нов ресурс за проекти за контрола на песок и земјоделство, објавија кинеските медиуми.

Пустинскиот регион привлече внимание поради обемните напори за пошумување и опустинување на неговите периферии како дел од иницијативата „Голем зелен ѕид“, како и промените во врнежите што го трансформираат сушниот западен дел од Кина, објави SCMP.

Откритието на подземните води е направено за време на проект за пребарување вода во пустината Такламакан, спроведен од локалното геолошко истражување во автономниот регион Синџијанг Ујгур.

Наодите го оспоруваат општоприфатеното мислење дека под површината на пустината лежи само застоена и солена вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Соединетите Американски Држави наскоро ќе отворат воена база во Полска, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена база во Полска“, напиша тој.

Недолго потоа, неговата објава беше споделена од Белата куќа на официјалниот профил на мрежата X.

Оваа објава следи по претходните информации дека САД ќе го намалат бројот на своите војници стационирани во Германија. Дел од тие сили треба да го зајакнат источното крило на НАТО во соседна Полска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер