СкијањеРоманците ја потврдија доминацијата на Мавровскиот меморијал Романските натпреварувачи ја потврдија својата доминација на меѓународната манифестација во нордиско скијање „Мавровски меморијал’’, откако и на денешните трки тие беа најдобри.Со трките на 5 километри во машка и женска конкуренција одржани денеска на патеката „Мирна долина’’ на Бистра, заокружена беше дводневната програма од 52-то издание на „Мавровскиот меморијал’’. Како и вчера, најдобри повторно беа романските натпреварувачи. Во машката трка, првото место го освои Паул Пепене со време од 11:33.62 минути. Втор беше неговиот сонародник Петрика Хоџи - 11:51.12, а трет Еди Дадиќ од Хрватска - 12:04.15. Најдобро пласиран македонски натпреварувач беше Дарко Дамјановски, кој го освои 9-место со време од 13:21.20, додека Тони Станоески беше 10-ти со резултат 13:52.94. Кај жените Тимеа Сара од Романија до првото место стигна со време од 13:57.82 минути, пред Антонија Григориева (14:26.28) и трето пласираната Тања Красиќ од БиХ (14:45.17). Македонската нордијка Росана Кироска го освои 5-место со време 15:38.90. На 52-то издание на „Мавровскиот меморијал’’ настапија 52 натпреварувачи во двете конкуренции од осум држави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп ја обвини Кина за мешање во изборите во 2020 година, спротивно од извештаите на ЦИААмериканскиот претседател Доналд Трамп денес ги декласификуваше разузнавачките информации, според него, кои покажаа кинеско мешање во изборите во САД.Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги декласификуваше разузнавачките информации, според него, кои покажаа кинеско мешање во изборите во САД, и покрај проценката на американските разузнавачки служби во која не беа пронајдени докази дека Пекинг бил вмешан во изборите во 2020 година, кои Трамп ги загуби. Во својот 25-минутен говор, Трамп ги нагласи своите напори безбедноста на изборите да стане централно политичко прашање пред среднорочните избори во ноември, кога републиканците ќе го бранат своето мнозинство во Конгресот и ќе се соочат со можноста да ја изгубат контролата врз еден или двата дома. Трамп врши притисок врз своите колеги републиканци во Конгресот да донесат закон со кој ќе се воведат нови барања за лична карта и државјанство на гласачите, и покрај долгогодишните наоди дека измамата на гласачите на изборите во САД е ретка. Претседателот рече дека декласификува чувствителни информации што покажуваат дека Кина нелегално добила 220 милиони американски записи од гласачи, вклучувајќи имиња, адреси и други информации што се користеле за регистрација за гласање. Тој тврдеше дека членовите на американската разузнавачка заедница намерно ги потиснале информациите за обемот на кинеските активности. Неговите тврдења се спротивставуваат на некласифицираната проценка од 2021 година од страна на американската разузнавачка заедница, која не пронајде индикации дека некој странски актер се обидел или успеал да измени „било кој технички аспект“ на гласањето на претседателските избори во 2020 година, вклучувајќи ја регистрацијата на гласачи, гласачките ливчиња, сумирањето или резултатите. Проценката ја спроведе Џон Ратклиф, тогашен директор на националното разузнавање на Трамп, а сега директор на ЦИА. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСилно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот градСилно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град,.Најкритично беше во центарот на Битола, каде дел од раскрсниците се претворија во езера во кои беше опасно да се движи и со автомобил.Проблеми направи и големото количество вода кое се слеваше во пониските делови на градот, каде има поплавени дворови и подруми велат од центарот за управување со кризи. Поплавени беа улиците Прилепска, Ѓорче Петров, Партизанска , Крсте Нале, Коста Абрашевиќ, Даме Груев , Црвена Вода, Чеде Филиповски – Даме и Мирче Ацев сите повици се добиени преку е-112 . Надлежните работат на испумпување на водата од шахтите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево и топло времеПо вчерашниот дожд во попладневните часови, денеска повторно не очекува сончево и топло време. Попладне повторно наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево со јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. За време на викендот ќе биде особено топло кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook