Ролс Ројс го прекинува производството

Ролс Ројс со официјално соопштение се обрати до јавноста и најави прекин на производството заради коронавирусот.

Компанијата Ролс Ројл објави официјално соопштение во кое велат дека фабриката нема да работи од 23 март и тоа најмалку две недели.

Не сакаат да го загрозуваат здравјето на своите вработени и заради пандемијата на коронавирусот никој нејќе да работи.

„Ова моравме да го направиме затоа што здравјето на нашите вработени е на прво место, па од 23 март нема да работиме најмалку две недели. Ние отсекогаш работиме на врвно ниво и таа традиција ќе се продолжи и во овие тешки времиња. Тоа не значи дека ние сме заборавиле на нашите купувачи. Свесни сме дека оваа пауза во производството ќе ги погоди и нив и заради тоа се извинуваме и се надеваме дека ќе ги разберат нашите акции по повод новонастанатата ситуација“, рекол Торстен Милер, директор на компанијата.

притисни ентер