Шоу бизРолингстоунси му забранија на Трамп да ја користи нивната музикаПопуларниот британски бенд Ролинг Стоунс побараа од потенцијалниот претседателски кандидат на Републиканците, Доналд Трамп, да не ги користи нивните песни во кампањата. И не се првиот бенд кој го направил тоа.- Ролингстоунси никогаш не одобриле користење на нивната музика во кампањата на Доналд Трамп и затоа бараме веднаш да се укинат сите емитувања во оваа цел - пишува во соопштението на бендот. Доналд Трамп ги користеше хитовите како "You Can`t Always Get What You Want" и "Start Me Up" за да ги забавува своите приврзаници на собирите - јавува Франс прес. Со ова соопштение Ролингстоунси се придружија на групата музичари кои веќе иразија револт поради користењето на нивните песни на собирите на Трамп, на кои често има насилство. Франс прес потсетува дека бендот Еверласт минатиот месец забрани пуштање на нивниот хит "Jump Around" на собирите на републиканскиот кандидат за претседателска номинација, а Нил Јанг, Р.Е.М. и Адел исто така се изјаснија против употреба на нивната музика во такви цели. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПрви снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)Првите снимки од земјотресот што го погоди кинескиот регион Тибет почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи, додека се очекуваат подетални информации за последиците од земјотресот.Според претходните извештаи, земјотресот го погодил подрачјето на округот Бакен во регионот Нагку, а неговите силни потреси предизвикале паника кај жителите, објави ДПА. ⚡️⚠️ #BreakingNews: The moment of the magnitude 7.0 earthquake in Tibet: https://t.co/OXxyVzKdm2 — #Inside_News (@insider_der) October 22, 2026 Според достапните информации, земјотресот имал магнитуда од 7,0 степени, а епицентарот бил на релативно мала длабочина, што може да го зголеми неговото влијание во околното подрачје. Сепак, во моментов нема сигурно потврдени податоци за бројот на можни жртви или обемот на материјалната штета. UPDATE: Footage captures shaking from a reported M7.0 earthquake in Baqing County, Nagqu, Tibet. China - Sismo - Terremoto - Temblor https://t.co/tyNYJmUjwx — GeoTechWar (@geotechwar) October 22, 2026 Надлежните служби ја следат ситуацијата, додека се очекуваат нови информации од терен. Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борбаВо чест на утрешниот државен празник, општинската зграда во Кавадарци е симболично осветлена во боите на македонското знаме.Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционери, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. Отсега, по повод секој државен празник, општинската зграда ќе свети во боите на македонското знаме, како симбол на почит кон нашата историја, традиција и национален идентитет. Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
АвтомобилизамСиндикатите на автомобилски гигант го отфрлија планот за замрзнување на платите и бонусите Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година.Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година и можноста за укинување на бонусите, објави „Ројтерс“. Претседателот на синдикатот „ОС КОВО“, Јарослав Повшик, на состанок со членовите на синдикатот изјави дека вработените нема да прифатат замрзнување на платите или укинување на бонусите, објави „Ројтерс“. „Фолксваген“ планира да ги замрзне платите на околу 660.000 вработени низ целиот свет до 2030 година, соопшти работничкиот совет на групата претходно оваа недела, потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи за плановите за намалување на трошоците. Мерките се дел од пошироката стратегија на „Фолксваген“ за подобрување на финансиската одржливост и спроведување реструктуирање на бизнисот во услови на зголемени негативни влијанија врз автомобилската индустрија. „Шкода“ е еден од клучните производители во чешката индустрија, со три фабрики и развиена мрежа на добавувачи. Компанијата беше профитабилна и имаше повисоки маржи на профит од некои други брендови во рамките на групацијата „Фолксваген“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter