Ролинг Стоун го прогласи најплатениот музичар за 2021. - Канал 5

Ролинг Стоун го прогласи најплатениот музичар за 2021.

Брус Спрингстин со заработка од 590 милиони долари е прогласен за најплатен музичар во 2021 година, објави магазинот „Ролинг Стоун“.

Ролинг Стоун го прогласи најплатениот музичар за 2021.

Најголем дел од тоа го заработил со продажба на мастерите на своите песни и издавачките права во декември минатата година.

Договорот на музичарот со Sony Music е проценет на 550 милиони долари и воедно ја означи најголемата продажба што еден музичар некогаш ја направил за својата дискографија. Сони стана сопственик на 20-те албуми на Спрингстин, вклучувајќи ги класиците како Born to Run, The River и Born in the USA. Овој договор со Спрингстин е сличен на оние што ги направија Боб Дилан, Блонди и Дејвид Боуви.

Прво беше објавено дека музичарот добил 500 милиони долари од продажбата, но поранешниот уредник на Форбс, Зек О’Мали Гринбург, тврди дека неговата бројка од 550 милиони долари била генерирана со „пребарување јавни документи и интервјуирање поединци со директно познавање на големиот бизнис“.

Повеќето од преостанатите 40 милиони долари заработени од Спрингстин во 2021 година се однесуваат на неговото враќање на Бродвеј минатото лето, каде што имаше 26 настапи и два заеднички проекти со Барак Обама.

YouTube video

Вториот најплатен музичар во 2021 година е Џеј Зи. Поголемиот дел од неговата заработка од 470 милиони долари доаѓа од продажбата на сопствениот удел од 302 милиони долари во Tidal (услуга за стриминг што првично ја купил за 56 милиони долари) на ко-основачот на Twitter, Џек Дорси.

На третото место се најде Пол Сајмон, а потоа следуваат Канје Вест, Рајан Тедер, Ред Хот Чили Пеперс, Линдзи Бакингем, Мотли Кру, Блејк Шелтон и Тејлор Свифт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Американски шпионски авион денес кружел два часа над Естонија и Латвија, десет километри од нивната граница со Русија, по што се вратил во својата база во Романија, според податоците од летот од авионот.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Според податоците пренесе РИА Новости, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Михаил Когалничеану“ во Констанца, Романија, околу 9:42 часот наутро и прелетал над Унгарија, Словачка, Полска и три балтички земји, каде што неколку пати кружел во близина на нивните граници со Русија.

Авионот, за кој РИА Новости вели дека редовно се користи за летови околу регионот Калининград и над Црното Море, долж Крим и други јужни региони на Русија, се вратил во својата база во Романија денес околу 16:33 часот.

Руските власти изјавија дека во последните години се забележани досега невидени активности на НАТО долж западните граници на земјата и дека НАТО ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи го тоа „одвраќање од руската агресија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – Пупи

По години посветени на стајлингот и модниот израз, Милена Танасковска – Пупи го претстави својот прв моден проект – колекцијата „MUSE”. 

„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – Пупи

Настанот се одржа на 16 октомври, во просторот на URMA Concept store, каде посетителите имаа можност одблиску да го запознаат новото креативно поглавје на Пупи.

„MUSE“ е природно продолжение на нејзиниот досегашен професионален пат, но и чекор кон поавторски моден израз. По долгогодишното искуство во создавањето и обликувањето стилски приказни, Пупи за првпат го преточува својот сензибилитет во сопствена колекција, во која модата станува начин за изразување став, индивидуалност и лична естетика.

Зад брендот PUPI стои идејата за мода создадена со личен пристап, надвор од концептот на масовно производство. Секое парче се изработува по нарачка, од висококвалитетни природни материјали, со можност за индивидуален избор на ткаенина и боја, како и прилагодување според мерките на клиентот. На овој начин, секоја креација добива лична димензија, а процесот на создавање станува исто толку важен колку и финалниот изглед.

Визуелната приказна на колекцијата е инспирирана од Париз – неговата безвременска елеганција, урбаниот ритам и ненаметливиот шик.

Соработката со URMA Concept Store ја поставува колекцијата во простор што ја обединува модата со концептуалниот пристап кон стилот и современото купувачко искуство. За презентацијата беше подготвен и ограничен избор парчиња, достапни ексклузивно на 16 октомври, со што настанот доби карактер на внимателно курирано модно доживување.

Со „MUSE“, Милена Танасковска – Пупи отвора ново поглавје во својата креативна приказна, претворајќи го долгогодишниот интерес за модата во сопствен бренд со јасна естетика и индивидуален пристап. PUPI е посветен на жената која ја цени автентичноста и не се стреми да биде обична, туку да го пронајде сопствениот израз преку парчиња создадени токму за неа.

Настанот беше поддржан од Play All Day Cafe.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петти ден насилни протести во Тирана

Вечерва тензично и во Тирана, каде што петти ден по ред студентите и граѓаните протестираат на улиците на Тирана. 

Петти ден насилни протести во Тирана

Според албанските медиуми, до жестоки судири дошло пред министерството за образование и владата, каде што полицијата употребила солзавец, водени топови, а според некои информации, и гумени куршуми.

Полицијата привела 167 лица, а тензиите од главниот град се прелеаја и во неколку други градови. Протестите се поттикнати од незадоволството поради наводната корупција во владата, недостигот од работни места и ниските стандарди во образованието. Демонстрантите воедно бараат оставка од премиерот Еди Рама.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер