Ролан Гарос му зема половина од наградата на тенисер поради коментар за судијка - Канал 5

Ролан Гарос му зема половина од наградата на тенисер поради коментар за судијка

Организаторите на парискиот Гренд слем турнир Ролан Гарос го казнија парагвајскиот тенисер Адолфо Даниел Валехо со 65.000 евра за навреда на судијка.

Ролан Гарос му зема половина од наградата на тенисер поради коментар за судијка

По пет часа игра, Валехо беше поразен во второто коло на Ролан Гарос од младиот француски тенисер Куаме, кој го доби петтиот сет со 7:6 (10:8). По исцрпувачкиот натпревар, 22-годишниот Парагвајец ѝ се обрати на бразилската судијка Ана Карваљо.

„Натпревар како овој мора да го суди маж. Во такви услови, многу е тешко за жена бидејќи публиката е раздразлива и треба да имате многу сила за да се спротивставите на публиката и да создадете услови за нормален тенис. Потешко е за жена да го направи тоа отколку за маж“, рече моментално 71-от тенисер во светот и веднаш собра бројни негативни коментари од француската јавност и медиумите, кои ги изедначија таквите зборови со сексистички напади.

Му зедоа речиси половина од парите што ги заработи

Организаторите на турнирот реагираа на ист начин и изрекоа висока казна.

„Беше изречена казна од 65.000 евра, што е приближно половина од неговата награда. Не можеме да прифатиме такви изјави. Ниту ние како турнир, ниту како здружение, и тоа е неприфатливо на пошироко ниво“, рече директорката на турнирот, Амели Моресмо, некогаш успешна француска тенисерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер