Рокас за Канал 5: Позицијата на ЕУ е јасна, подготвени сме за брз почеток на преговорите по уставните измени - Канал 5

Рокас за Канал 5: Позицијата на ЕУ е јасна, подготвени сме за брз почеток на преговорите по уставните измени

Позицијата на Европската Унија е јасна и ако се исполнат преземените обврски подготвени сме за брз почеток на преговорите – вели во интервју за Канал 5 Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас.

Рокас за Канал 5: Позицијата на ЕУ е јасна, подготвени сме за брз почеток на преговорите по уставните измени

Тој додава дека Унијата е свесна за разочарувањата на македонските граѓани на патот кон членство, но и дека Брисел останува кредибилен партнер на земјава. Основата за градење на доверба меѓу Скопје и Софија пак, ја гледа во билатералниот ангажман од двете страни.

Во однос на стагнацијата во делот на владеење на правото нотирана во годишниот извештај на Европската Комисија за земјава, вели дека има одреден напредок и знаци дека нештата се движат во вистинска насока во поглед на делот за борба против корупцијата. Но, додава дека се уште не е поправена штетата од измените на Кривичниот законик од 2023 година кои ги оценува како голем удар наз за владеење на правото и борбата против корупцијата.

Прашан пак за блокадите на превозниците и транспортерите, Рокас вели дека е оптимист и очекува да се изнајде некакво решение, бидејќи како што вели за тоа постои и добра волја од Брисел.

Во поглед на односите меѓу ЕУ и САД и поставеноста на земјите –кандидатки како Македонија во целата ситуација, Рокас ја пофали усогласеноста на земјава со надворешната политика на Унијата и додава дека односите меѓу Брисел и Вашингтон не се натпревар, а земјите кои се дел од НАТО и имаат аспирации за влез во Унијата споделуваат исти фундаментални вредности.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер