Рокас: Во тек се многу дипломатски активности за евроинтегративниот процес на Македонија

Во моментот во тек се многу дипломатски активности во врска со ова прашање. Премиерот на Македонија беше во посета на Брисел каде што се сретна со новото раководство на ЕУ.

Процесот на проширување е врвен приоритет на Европската Унија. Правиме напори да заврши процесот на реформи во Македонија и што побргу да се постигне целта, земјата да стане членка на ЕУ, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Михалис Рокас, одговорајќи на новинарско прашање, за време на неговата посета на Тетово.

Тој посочи дека во моментот во тек се повеќе дипломатски активности во врска со ова прашање, потенцирајќи дека новото раководство на ЕУ прави многу напори за Македонија да стане дел од европското семејство.

-Во моментот во тек се многу дипломатски активности во врска со ова прашање. Премиерот на Македонија беше во посета на Брисел каде што се сретна со новото раководство на ЕУ, а следната недела, на 18 декември, ќе има уште една можност да го посети Брисел, во рамките на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан. Јас мислам дека од страна на новото раководство на ЕУ е јасно кажано дека процесот на проширување е врвен приоритет, вклучително и со Македонија. И Делегацијата на ЕУ прави огромни напори да заврши процесот на реформи за Македонија и таа да стане членка на ЕУ. Каква било друга дополнителна поддршка или дипломатски активности се повеќе од добредојдени, рече Рокас.

Убиени се двајца судии на Врховниот суд на Иран, напаѓачот се самоубил

Двајца судии се убиени утрово во напад пред зградата на Врховниот суд во Техеран, јавија државните медиуми.

„Тројца судии од Врховниот суд беа цел на нападот. Двајца се убиени, а еден е повреден“, објави судската веб-страница Мизан онлајн, додавајќи дека „напаѓачот се самоубил“,пренесе Баронс.

Возилото на Брако чисти снег рамо до рамо со тешката механизација на Комуналец-Неготино

Возилото на БРАКО изминатите денови го чистеше снегот во Неготино заедно со другата градска механизација и јуначки се носеше со своите поголеми браќа од возниот парк на неготински Комуналец, во услови кога градот беше покриен со снег. 

Додека поголемите машини ги чистеа главните улици, возилото Грин Машинс на БРАКО го чистеше снегот од пешачките зони, тротоарите и потешко достапните места на улиците.

Моделот ГМ636 кој го избра Неготино има продолжеток за плуг за снег, и додека во нормални временски услови работи како метларка и одржува хигиена на улиците на градот, во зимски услови се претвора во чистач на снег.

,,Машината на БРАКО многу ни помогна и многу сме задоволни’’-изјави директорот на ЈП Комуналец-Неготино, Митко Ѓорѓиев, контактиран од Службата за корпоративни комуникации на БРАКО.

Неготино купи возило Грин Машинс во март 2024г, и додека во текот на целата година свиперот одлично ги чистеше градските улици, ова е првпат целосно да се искористи неговиот потенцијал и да се ангажира и во услови на снег, соопштуваат од компанијата.

Стаорци играат фудбал Олд Трафорд- голем срам за Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Претходните гласини дека сѐ повеќе и повеќе стаорци се појавуваат на легендарниот стадион на Манчестер Јунајтед, Олд Трафорд, се чини дека се точни врз основа на неодамнешните фотографии и снимки.

Сега се појави ново видео, на кое се гледа како стаорец тргна да игра фудбал со играчите.

Имено, тој истрча на теренот, а навивачите не пропуштија да го забележат и снимат, коментирајќи го со препознатлив британски хумор.

За ова сѐ почесто се зборува на социјалните мрежи каде навивачите се прашуваат како е можно вакво нешто да му се случи на голем клуб како Јунајтед.

притисни ентер