Ројтерс: ЕУ веќе не е усогласена околу гаранциите за членство на земјите од Западен Балкан - Канал 5

Ројтерс: ЕУ веќе не е усогласена околу гаранциите за членство на земјите од Западен Балкан

Европската унија, плашејќи се од политички реакции во земјите членки, веќе не може да се усогласи да даде гаранција за идно членство на шесте балкански земји, иако тоа им беше ветено, објави Ројтерс.

Ројтерс: ЕУ веќе не е усогласена околу гаранциите за членство на земјите од Западен Балкан

Агенцијата Ројтерс се повикува на четворица дипломати и нацрт-декларацијата што се подготвува за самитот ЕУ-Западен Балкан.

Има застој околу декларацијата за самитот на 6 октомври во Словенија, во која Европската унија требаше да го повтори ветувањето дадено пред 18 години за недвосмислена поддршка за европската перспектива на земјите од регионот.

Државите членки не ги откриваат своите позиции по ова прашање, но според диломатите, богатите земји, како Данска, Франција и Холандија, стравуваат од повторување на брзото интегрирање како што беше со Бугарија и Романија во ЕУ во 2007 година. Стравуваат и од можно лошо менаџирање на миграцијата на работната сила, како што беше таа кон Велика Британија, што доведе до тоа многу Британци да бидат против ЕУ.

Бугарија е против приклучување на Македонија поради спорот околу јазикот, пишува Ројтерс и додава дека дури и да се дојде до некаков договор, лошата состојба ја одразува парализата на планот на ЕУ да изгради „прстен на пријатели" од Украина до Тунис, нудејќи поблиски врски, трговија и помош.

– Наместо тоа, Кина и Русија посегнуваат по инвестиции и влијание. Во јануари, Србија беше првата европска земја што прими кинески вакцини против ковид-19 за масовна имунизација. ЕУ, исто така, индиректно ги заострува тензиите во регионот од 20 милиони луѓе, бидејќи граѓаните од Балканот сонуваа да влезат во ЕУ уште по етничките војни во 90-тите години, кога Југославија се распадна, се вели во текстот на Ројтерс.

Притоа се посочува дека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во Албанија, нејзината прва станица од посетата на земјите од Западен Балкан, рече дека Брисел останува на ветувањето дека иднината на Тирана е во ЕУ.

– Но, кредибилитетот на ЕУ е нарушен, особено откако Франција и Холандија привремено го прекинаа процесот на проширување пред две години, а Бугарија сега го блокира.

Косово и Србија се чувствуваат разочарани од САД, откако пред една година беа поканети во Белата куќа од тогашниот претседател Доналд Трамп да потпишат договор за нормализирање на економските односи, кој потоа пропадна. ЕУ не го одржа ветувањето дека ќе дозволи патување на луѓето од Косово без визи.

Државите кои се залагаат за проширување, вклучувајќи ги Австрија, Италија, Хрватска, Словенија и балтичките земји, ги осудуваат Германија и Франција затоа што не ја притиснале Бугарија да го укине ветото. Напредокот на Албанија исто така е запрен затоа што е поврзан со Македонија во процесот на проширување, пишува Ројтерс.

Агенцијата ја пренесува и изјавата на Ројтерс Џон О’Бренан, експерт за интеграција во ЕУ на Универзитетот Мејнут во Ирска., кој вели дека „се додека има толку многу земји членки, кои од една или друга причина, веруваат дека натамошното проширување на ЕУ не е добро, тогаш навистина тоа не води никаде".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џорџина се пофали со нов автомобил, еден детал привлече внимание (ВИДЕО)

Џорџина Родригез, сопругата на Кристијано Роналдо, се пофали со нов луксузен автомобил на социјалните мрежи. 

Џорџина се пофали со нов автомобил, еден детал привлече внимание (ВИДЕО)

Таа го сподели видеото од неговата испорака со своите повеќе од 77 милиони следбеници, а објавата дојде во моментот кога нејзиниот сопруг го објави крајот на неговата репрезентативна кариера.

Нов Range Rover вреден повеќе од 200.000 евра

Џорџина покажа на Инстаграм како таа и нејзините деца го пречекаа новиот Range Rover во елегантна шампањ боја пред семејниот дом.

Судејќи според видеото, пристигнувањето на скапиот автомобил особено ја развесели. Иако не го откри точниот модел, се проценува дека неговата цена би можела да надмине 200.000 евра.

Вниманието го привлече и еден интересен детаљ на автомобилот - персонализирана регистарска табличка со името на Џорџина. „Кога испораката ќе стигне во вашата куќа“, се пошегува таа покрај клипот.

Сепак, таа не откри дали се почастила со новиот автомобил или го добила како подарок.

Роналдо се збогува со португалската репрезентација

Објавата на Џорџина доаѓа во време кога нејзиниот сопруг Кристијано Роналдо е повторно во центарот на вниманието. Португалскиот фудбалер во четврток објави дека се збогува со репрезентацијата по 23 години.

Тој ја сподели одлуката со емотивно видео на социјалните мрежи, во кое се потсети на годините поминати во дресот на репрезентацијата и им се заблагодари на сите што го следеа во текот на целата негова кариера.

„Португалија секогаш ќе биде во мене. Португалци, дојде време да се збогувам со дресот со број 7. Никогаш не го сметав само за мој, туку 23 години имав чест и одговорност да го носам, да го бранам и да го претставувам на стадионите низ целиот свет“, рече Роналдо.

YouTube video

Тој посвети особено емотивен дел од пораката на своето семејство, на кое му се заблагодари за нивното разбирање и поддршка во текот на сите години од неговата фудбалска кариера.

„Ви благодарам што го споделивте овој сон со мене. Ви благодарам за разбирањето за сите отсуства, жртви и моменти во кои репрезентацијата го заземаше просторот што ви припаѓаше. Ако стигнав до тука, тоа е затоа што секогаш одевме рака под рака“, заклучи португалскиот фудбалер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

Според најновите информации, две лица загинаа во падот на мал авион во Германија, кој се урна на автопатот А2 помеѓу Бург и Кринберг, на североистокот од земјата, соопшти полицијата.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

„Авионот се запали за време на падот. Според сегашните информации, спасувачите пронајдоа две мртви лица во авионот“, изјави за „Билд“ портпаролот на локалната полиција Стефан Бродтрук.

Причината и околностите на несреќата, која се случи непосредно пред 15 часот во покраината Саксонија-Анхалт, сè уште се истражуваат.

Полициската и спасувачката операција траеја неколку часа, а автопатот кон Хановер беше затворен во тој период.

Според порталот „Флајтрадар“, авионот што се урна бил двосед регистриран на воздухопловниот спортски клуб во Кроп, и полетал од нивниот аеродром во Шлезвиг во 12:33 часот, објави Мирор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава.

Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава, за што кажа дека Народната банка веќе најавила сет мерки и како независно регулаторно тело работи да го заштити интересот на граѓаните, додека како што вели, лидерот на СДС повторно се обидува да создаде паника од случување на домино ефект.

„Народната банка претставува една посебна независно регулаторно тело коешто практично е независно и така треба да биде третирано. Банкарскиот сектор исто така спаѓа во она што се нарекува стратешки сектор, економски сектор во државата и кога се пристапува во вакви кризи, треба да се пристапува многу внимателно, имајќи на ум неколку принципи, а тоа е заштита на депозитот и заштедата на граѓаните, меѓутоа и заштита на самиот банкарски сектор. Гледаме дека Народната банка како регулатор, настапува во моментот во насока на заштита на депозитите на граѓаните. Видовме мерки на прес-конференцијата денес во три насоки, зголемување нели на обемот, на местата за пристапност за подигање на готовина“, рече Лефков.

Лефков го посочи и односот на опозицијата и прес-конференциите на лидерот на СДС, каде тој се обидува да создаде паника и како што вели бомбастично најавува некој домино ефект, односно ефект на други банки, за што кажа дека не е точно.

„Апелирам дека политиката и прстите на политиката треба да бидат особено внимателни кога станува збор за банкарскиот сектор и не треба на овој начин да се обидуваат да креираат хистерија. Важно е институциите да го дадат својот одговор, а ние како Собрание на Комисијата за финансирање и буџет да се разгледаат сите оние аспекти во коишто институциите требало да постапат не постапиле или како постапувале“, истакна Лефков и додаде:

„Во дадениот момент се заштитуваат депозитите на граѓаните и се работи активно на мерки и начини за подигање на платите, социјалните придонеси, другите плаќање. Се настојува да се преброди ова и да не се создаде она што Венко го најави како домино ефект во другите банки. Важно е банкарскиот систем да биде стабилен и многу е важно неодговорни политичари да не постапуваат неодговорно, обидувајќи се да добијат некој политички поен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер