Родриго не сака да се пресели во Тотенхем - Канал 5

Родриго не сака да се пресели во Тотенхем

Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго, одбива трансфер во Тотенхем. Тој претпочита попрестижен клуб во случај да го напушти Реал.

Родриго не сака да се пресели во Тотенхем

Деновиве се појавија информации дека лондонскиот клуб е заинтересиран за крилниот фудбалер и се надева дека ќе го добие за помалку од 90 милиони евра.

Според шпанските медиуми, Тотенхем се распрашал за Родриго, но преговорите во моментов не се во тек.

Минатата сезона, Родриго одигра 30 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи шест гола и пет асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум случаи со западно нилска треска потврдени во земјава, двајца се борат за живот

Двајца скопјани на 66 и 76 годишна возраст се борат за живот откако по убод од комарец во Скопје имале невроинвазивна форма на инфекцијата „западен нил“, односно воспаление на мозокот и мозочните обвивки.

Седум случаи со западно нилска треска потврдени во земјава, двајца се борат за живот

Останатите петмина кај кои е потврдена западно-нилска трска се стабилни, иако сите имаат и други хронични болести, потврдува Директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана. Освен потврдените, има уште три суспектни на „западен нил“ за кои се чека лабораторска потврда.

Иако само кај еден процент од заразените може да има ваков исход по каснување од заразен комарец, состојбата од стабилна може брзо да се влоши, како што е случајот со 66 годишникот, поради што е неоходна хоспитализација во болница, појаснува д-р Цана.

Освен еден што патувал надвор од државата, сите останати се заразени дома, односно од комарец заразен со „западен нил“ кој е присутен во Скопје. Од Центарот за јавно здравје за Канал 5 потврдуваат излегле на терен и решиле дека мора за заштита од комарци да се прска цело Драчево и Ченто, а поради еден потврден и од Аеродром, да се изврши дезинсекција во неговото живеалиште во радиус од 200 метри.

Оваа зараза не се пренесува од човек на човек, туку преку комарци, па затоа апелот е да не се остава застоена вода дождовница и да се обрати поголемо внимание за заштита од убоди, со спрееви против комарци, мрежи и соодветна одблека.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на апелација, Тања Милева доби само два гласа

Судијата Зоран Герасимовски е определен да ја извршува функција вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје, објави на денешната седница претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на апелација, Тања Милева доби само два гласа

Герасимовски доби поддршка од девет члена на Судскиот совет, а двајца беа против. Претходно, членовите на Судскиот совет го разгледаа предлогот судијката Тања Милева да биде назначена за в.д. претседателка на овој суд, но тој не го доби потребниот број гласови.

За неа гласаа двајца членови на советот, додека другите девет беа против. Герасимовски ќе ја извршува функцијата в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје до изборот на нов претседател на судот во редовна постапка. До избор на в.д. претседател на скопска апелација на денешната седница дојде откако вчера досегашната претседателка на овој суд, Мери Дика-Георгиевска, беше избрана за уставна судијка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП не гласаше за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја известува јавноста дека не даде поддршка и не гласаше за изборот на Мери Дика Георгиевска за нов судија на Уставниот суд на Македонија. 

ЛДП не гласаше за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!

За ЛДП е апсолутно неприфатливо и скандалозно што владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, со 64 гласа „За“, за највисоката правна функција во државата избра судијка чие име во јавноста директно се врзува за скандалот „Рекет“, кумства и контроверзни сведочења за шопинг-патувања во Милано.

Со овој чин, ВМРО-ДПМНЕ покажа невиден степен на политичка хипокризија. Партијата која во опозиција минатите години ја изгради целата своја платформа врз критиката за случајот „Рекет“ и ветуваше раскрстување со заробеното судство, денеска на власт ги наградува истите актери од тие естрадно-судски афери со комотни фотелји во Уставниот суд.

Во интервјуто за ТВ Канал 5 оваа недела претседателката на ЛДП укажа токму на оваа разорна демогогија: „Знаете што е најстрашно во политиката? Кога за некогашните грешки ќе ги критикувате претходните, ќе дојдете на власт и не само што ги правите истите грешки, туку ги правите уште поголеми!“

ЛДП прашува јавно „Тоа ли е реформата во судството? Тоа ли е борбата против корупцијата? Тоа ли е шампионската Реформска агенда?“

ЛДП јасно порачува дека Уставниот суд мора да биде тврдина на интегритетот, составен од врвни правни авторитети со неиспраскан личен и професионален кредибилитет, а не депонија за задкулисни партиски пазари. Прашањата за правдата и реформите не смеат да служат само како евтини маркетинг-пароли во опозиција кои се забораваат во моментот кога ќе се освои власта, бидејќи со ваквиот партиски упад директно се руши достоинството на институциите и довербата на граѓаните во правниот поредок.

ЛДП останува бескомпромисно на страната на граѓаните и принципиелната борба против селективната правда, без разлика кој е на власт. Нема да молчиме пред политичките трговци кои свесно ја убиваат довербата во правосудството!

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер