Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите
1Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите
3СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова
Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
2Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
ФудбалРодри е новиот носител на „Златната топка“ Играчот од средниот ред на Шпанија и Манчестер Сити, Родри ја доби „Златната топка“ за 2024 година. Се доделува на најдобриот фудбалер за периодот 01.08.2023 - 31.07.2024 година во кој е вклучено и Европското првенство. Најблиску до Родриго Ернандез беше триото на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, Џуд Белингам и Даниел Карвахал. Во кампањата 2023/24, Родри стана европски шампион со Шпанија и ја освои титулата во Англија со Манчестер Сити. RODRI, YOU WON IT! You're our 2024 Ballon d'Or! #ballondor @ChampionsLeague pic.twitter.com/z4Xwgp8s9T — Ballon d'Or (@ballondor) October 28, 2024 Ова издание на наградите стана едно од најдискутираните откако првично се очекуваше Винисиус Жуниор да ја подигне наградата, но потоа работите се променија. „Златната топка“ за 2024 година ја доделуваат заеднички УЕФА, „Франс Фудбал“ и „Екип“. Победникот кај мажите беше решен по гласањето на новинарите од првите 100 земји на ранг-листата на ФИФА. Секоја земја има по еден претставник. Од листата од 30 номинирани, жирито ги рангира првите 10 по опаѓачки редослед. На десетте избрани играчи им се доделуваат 15, 12, 10, 8, 7, 5, 4, 3, 2 и 1 поен соодветно. „Златната топка“ се доделува на играчот со најмногу поени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРадев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциитеБугарскиот премиер Румен Радев го изненади Брисел утринава со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин, и покрај западните санкции против Москва.„Знаете кој е нашиот проблем во моментов во европа? Високите цени на горивата. Секој чекор за намалување на цените на горивата и за гарантирање на нашата конкурентност, го цениме“, рече Радев по пристигнувањето на дводневниот самит.Неговите коментари го доведоа во конфликт со неговите колеги лидери на ЕУ, кои остро го осудија договорот како ризичен, опасен и погрешен. „Многу жалиме за овој договор за дизелот. Очигледно не е многу голем дел, но сепак е во погрешна насока“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон. „Секој чекор сега за да им се помогне на Русите да го зголемат финансирањето на војната е лош знак. Затоа, ние цврсто се држиме до ставот на Зеленски.“рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли и високи претставници на ММФФискалната дисциплина и поддршка на економскиот раст се клучните приоритети на кои работиме.Министерството за финансии вложува напори и спроведува активности кои се во насока на имплементација на реформите во доменот на упраувањето на јавните финансии и спроведување дисциплинирана фискална политика со постепено намалување на буџетскиот дефицит, а при тоа да не го загрози растот. Тоа ја носи државата напред и создава услови за подобар животен стандард на граѓаните. Ова беше истакнато од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на состаноците со високи претставници на ММФ во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ што годинава се одржуваат во Бангкок, Тајланд. На состаноците со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, министерката истакна дека клучен приоритет за Владата и Министерството за финансии е да се оствари определбата за фискална консолидација на среден рок согласно Фискалната стратегија и истовремено да поттикнеме повисок економски раст. „Во моментов во Министерството за финансии се подготвува Буџетот за 2027 година, а веќе во собраниска процедура е Ребалансот на Буџетот за 2026 година. Особено сме внимателни во управувањето на јавните финансии, имајќи предвид дека со соочуваме со голема неизвесност и потребата од преземање мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но и поддршка на бизнисот. Во таа насока со Ребалансот правиме интервенции и на приходната и расходната страна со цел да ја задржиме фискалната дисциплина и да не предизвикаме притисок врз буџетскиот дефицит“, рече министерката.При тоа додаде дека буџетскиот дефицит останува во рамки на проекцијата и е насочен кон реализација на развојните политики на Владата, односно поддршка на големите инвестициски проекти. Ова, според министерката, особено е важно за поддршка на економскиот раст и продолжување на овој тренд на стапки на раст од над 3% во изминатите две и пол години. На состаноците беше наведено дека во вториот квартал од 2026 година, БДП забележа годишен раст од 4,3%, што претставува највисок раст во постковид-периодот. Тоа го потврдува продолжувањето на позитивните економски движења и отпорноста на домашната економија во услови на неизвесност во глобалното економско опкружување. Растот во првиот квартал изнесуваше 3,1%, со што растот во првата половина од годината достигна 3,7%. Особено е важно дека еден од факторите на кои се темели е високиот раст на бруто инвестициите, поддржани преку Буџетот. Исто така, согласно Фискалната стратегија 2027-2031, бруто инвестициите ќе продолжат да бидат еден од главните двигатели на економскиот раст. Создавањето предуслови за нов циклус економски раст преку реализација повисоко ниво на капитални инвестиции, постепена фисклана консолидација и унапредување на упраувањето со јавните финансии се основните цели на Фискалната политика за периодот 2027–2031 година. Истовремено, спроведувањето на фискалната консолидација создава основа за заачувување стабилноста и одржување одржлив и инклузивен економски раст. Во овој контекст потенцираше министерката дека буџетскиот дефицит согласно среднорочните проекции ќе се спушти на 2,8% во 2029 година. На состаноците се осврнавме и на пензискиот систем во земјава при што од страна на ММФ беше изразен интерес за поставеноста на вториот пензиски столб. Ова прашање особено ќе биде во фокусот на следната Мисија на ММФ планирана за ноември во Македонија. Ова е и во контекст на прегледот на јавните расходи (Spending Review) од страна на Светска банка во кој е опфатено и прашањето на пензискиот систем, а со цел да се обезбеди подетална анализа на состојбите и унапредување на неговата одржливост. На состанокот беа поздравени напорите на Владата за спроведување фискална консолидација и беше истакнато охрабување да продолжи со реформите кои ќе го зајакнат управувањето и ја зголемат отпорноста на јавните финансии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Тавче гравче со колбасиВо четврток (08.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Саш Мишевски.Состојки за денешниот рецепт: 2 големи конзерви грав 1 пиперка 1 главица кромид 3 парчиња колбаси масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter