Родман заминува во Русија за да преговара за ослободување на кошаркарката Грајнер - Канал 5

Родман заминува во Русија за да преговара за ослободување на кошаркарката Грајнер

Поранешната ексцентрична НБА ѕвезда, Денис Родман планира патување во Русија каде ќе се обиде да се заложи за ослободување на притворената кошаркарка на ВНБА, Бритни Грајнер, пренесува NBC News.

Родман заминува во Русија за да преговара за ослободување на кошаркарката Грајнер

Мрежата ги објави зборовите на Родман за одење во Русија оваа недела за да ѝ помогне на Грајнер, која често се смета за еден од најдобрите играчи на ВНБА во историјата, која е приведена во Москва поради поседување дрога.

„Добив дозвола да одам во Русија за да ѝ помогнам на таа девојка. Ќе се обидам да одам оваа недела“, рече 61-годишниот поранешен кошаркар, петкратен шампион во НБА, кој е пријател на севернокорејскиот лидер Ким Џонг - ун и го фали рускиот претседател Владимир Путин.

Официјален претставник на владата на американскиот претседател Џо Бајден изјави за агенцијата Франс прес дека „јавна информација е дека владата ѝ дала значајна понуда на Русија и дека сè што е повеќе од преговори преку официјални канали веројатно ќе ја влоши иницијативата за ослободување“.

САД ја поканија Русија да ги разменат затворениците - Грајнер и поранешниот маринец Пол Вилан за осудениот руски трговец со оружје Виктор Бут, објави Блумберг на почетокот на август. Москва има тенденција да ја одбие таа понуда и сака двајца Руси во замена за кошаркарката и војникот.

Руските власти ја уапсија Грајнер на 17 февруари на аеродромот Шереметјево во Москва. „Вашингтон пост“ пишува дека е осудена на 9 и пол години затвор поради поседување помалку од грам масло од канабис.

Грајнер, играчка на Феникс Меркјури, пристигна во Русија во вонсезоната на ВНБА за да игра во Евролигата за рускиот клуб УММЦ Екатеринбург, што го прави од 2014 година. Во Русија надвор од американската сезона пристигнуваат голем број американски кошаркари, кои таму се пет пати повеќе платени отколку во САД, пишува Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезе

Во среда (07.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојана Михајловиќ.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезе

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. шпагети

250 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 ќесичка Болоњезе сос

малку магдонос

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. 

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци.

Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите.

Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!

Макеоднскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денес (14 октомври) со почеток во 18:30 часот ќе го пречека естонскиот состав Тарту во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на ФИБА Еврокупот. 

МЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!

Македонскиот претставник се наоѓа пред историска можност на овој натпревар да стигне до својата прва европска победа во 21 век, поради што управата на клубот најавува уште еден голем кошаркарски спектакл.

Како вистинска увертира за овој значаен предизвик, клубот организира специјална фан-зона на платото пред СЦ „Јане Сандански“, која ќе биде отворена од 17:00 часот. Присутните навивачи ќе имаат можност да се загреваат за натпреварот во опуштена атмосфера, придружувана со одлична музичка програма за која ќе биде задолжен Диџеј Ален, надополнета со богата понуда на храна и пијалаци. Преднатпреварувачката програма нуди забавни содржини за сите генерации, вклучително и специјална програма за најмладите, како и натпревар во слободни фрлања преку кој фановите ќе можат да освојат вредни награди.

Од раководството на клубот апелираат до сите симпатизери по завршувањето на дружењето масовно да се преселат на трибините, потенцирајќи дека нивната силна и континуирана поддршка е клучна за остварување на зацртаната историска цел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер