Родителите вознемирени: Се продава кукла, која се породува со плацента и плодова вода (ВИДЕО) - Канал 5

Родителите вознемирени: Се продава кукла, која се породува со плацента и плодова вода (ВИДЕО)

Новата „бремена кукла“ што се „пораѓа“ е опишана од многу мајки како „болна“ и „вознемирувачка“.

Родителите вознемирени: Се продава кукла, која се породува со плацента и плодова вода (ВИДЕО)

Родителите го критикуваа најновиот производ од Smyths Toys, гламурозна кукла со отстранлив труднички стомак, чиј стомак веднаш станува целосно рамен по породувањето кога тоа ќе „заврши“.

„Мини кукла изненадување за мајка и бебе“, произведена од ZURU Toys и моментално се продава во Велика Британија во продавниците на Smyths Toys за 19,99 фунти, исто така содржи фетус спакуван во мукозна плацента или амнионска течност. Кога ќе се отстрани, овој плик нежно се отвора и открива здраво, новородено бебе!

Многумина го сметаат дизајнот за контроверзен, а една жена во разговор за Daily Mail вели дека куклата може да биде моќен „активатор“ за луѓе кои доживеале спонтан абортус, траума за време на породувањето или медицински компликации.

Куклата носи розово-бел пругаст фустан и тексас јакна, а со својата долга руса коса и розов кармин, таа ѝ конкурира на Барби во гламурот.

„Откријте ја радоста од добредојдето на ново бебе со вашата сопствена бремена кукла. Совршени за имагинативна игра и собирање, овие шармантни мини-изданија поттикнуваат грижа преку играње улоги и раскажување приказни“, се вели во описот на компанијата.

Додека многу родители ја сметаат играчката за вредна образовна алатка, други се збунети или се чувствуваат непријатно со концептот, а некои велат дека прикажувањето на моментално враќање на стомакот по породувањето е сосема нереално.

Видео кое покажува како функционира производот за помалку од 24 часа има собрано повеќе од седум милиони прегледи и 6.000 коментари.

Еден збунет корисник напиша:

„Делот со бременоста е дури и симпатичен, но делот со постпарталниот период мора да е дизајниран од маж? Или навистина има жена која го имала ова искуство? Прашувам за пријателка...“.

Друго лице се пошегува:

„Само кога бебето би излегло и веднаш потоа би имале прекрасно рамен стомак.“

Трето лице праша:

„Веднаш се врати во форма. Можеме ли да го добиеме нејзиниот план за вежбање?“

Наменета за деца на возраст од три години и нагоре, секоја мини кукла-мајка доаѓа подготвена да роди уникатно бебе, комплетно со мека пелена, мало лигавче, стилско бебе и пет тематски додатоци за бебиња.

„Како мајка со царски рез, ова е неверојатно. Имам можност да им покажам на моите малечки како дошле на свет. Тоа е нормален дел од животот, секој се изнервира од нешто што е толку едукативно и реално точно...“, рече една мајка.

Но, некои жени кои претрпеле трауматски породувања и други сериозни компликации веруваат дека производот е „крајно вознемирувачки“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барселона во јануари ќе се обиде да ангжира двајца дефанзивци

Шпанскиот фудбалски шампионБарселона би можела да се обиде да ја засили одбраната за време на јануарскиот преоден рок, при што десниот бек на Тотенхем, Педро Поро, се издвојува како главна цел на каталонскиот гигант. 

Барселона во јануари ќе се обиде да ангжира двајца дефанзивци

Според новинарот на „Мундо Депортиво“, Роџер Торело, раководството на клубот не ја исклучува можноста за ангажирање и на централен дефанзивец и на бек, доколку на пазарот се појави соодветна можност.Според англиските медиуми, Хрватот Гвардиол исто така е една од желбите на Барса.

Тренерот Ханси Флик моментално се соочува со сериозни проблеми во одбранбената линија, предизвикани од повредите на Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Жил Кунде.

Ситуацијата во одбраната стана уште позагрижувачка по поразите од ПСЖ и Реал Мадрид.

Барселона во моментов остана само на Пау Кубарси и Жерард Мартин како единствени опции на позицијата централен дефанзивец.

Сепак, засега ангажирањето на 27-годишниот шпански репрезентативец Поро во јануари ќе биде исклучително тешка задача, со оглед на тоа што Тотенхем летово потпиша нов договор со него, обврзувајќи го на верност кон клубот од Лондон сè до 2031 година.

Според тоа, летниот преоден рок се чини како многу пореален период за реализација на овој голем трансфер – под услов Каталонците да успеат да ги обезбедат потребните финансиски средства.

Пред да испрати каква било официјална понуда, Барселона ќе мора да обезбеди средства преку продажба на постоечки играчи, за да не го загрози буџетот на клубот.

Иако Поро е означен како примарна цел за позицијата десен бек, во моментов нема официјален договор, ниту пак е испратена понуда до англискиот клуб. Одлуката на управата и спортскиот сектор ќе зависи од развојот на ситуацијата со повредените играчи, како и од финансиските можности на клубот во наредните месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Натпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута.

Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање.

„Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА.

Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили.

Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката.

Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија.

Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер