Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
2Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
МакедонијаРодителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на динамиката на закажување рочишта во судскиот процес Родителите на починатите во трагичниот пожар од 16 март лани во дискотеката „Пулс“ денеска на протестниот „Марш за ангелите“ реагираа на забавената динамиката на закажување рочишта во судскиот процес. Пред почетокот на судењето добиле јасно и гласно ветување од судиите и обвинителите дека ќе има две рочишта неделно, дека нема да има одложувања со неоправдана причина, дека строго ќе се контролираат лекарските оправдувања, нивната цел, точноста и дали навистина соодвестуваат со фактичката и здравствената сосотојба на обвинетиот. -Денес прашуваме: каде се тие ветувања? Гледаме одложувања, гледаме оправдувања. Во месец јануари се одржа само едно рочиште. Во февруари досега се одржаа две, а до крајот на месецот е закажано уште едно - ако воопшто се одржи. И токму затоа прашуваме: каде е ветената динамика? Каде е најавеното темпо од две рочишта неделно? Гледаме обвинети кои одеднаш, од здрави, стануваат „болни“ и доставуваат медицинска документација за која ние не знаеме дали е основана или не. А тоа кај нас буди сомнеж дека ваквите дејствија се во насока на одолговлекување на постапката, рече пред Основниот суд во Кочани, Александар Наунов, татко на починатата Надица. Зборувајќи во името на родителите на настраданите, Наунов нагласи дека слушнале информации за привилегии што не смеат да постојат. Според него, на првоосомничениот му бил пронајден телефон во ќелијата и сè завршило со опомена. -Се поставува прашањето: дали навистина се врши редовна контрола во притворот? Што се случува со телефоните на првоосомничениот? Дали се обработени до крај и дали од нив е извлечена целата можно достапна комуникација? И уште поважно – дали е прифатливо лице осомничено во ваква трагедија да помине само со опомена, или требаше директно да следи казна со краток престој во самица? Тоа не враќа доверба. Тоа отвора сомнежи. Бараме одговор, побара таткото на загинатото девојче. На сите оние кои однапред тврдат дека случајот „Пулс“ бил толку „климаво поставен“ што ќе падне, Наунов им порача да запомнат дека, како што рече: „под тие скали не лежи предмет, не лежи бројка, не лежи статистика. Под тие скали лежат 63 млади животи., 63 недоискажани соништа, 63 светови што згаснаа за миг, 63 семејства што никогаш повеќе нема да бидат цели. Тоа не се имиња на лист хартија. Тоа се свети имиња — вредни за почит, за достоинство, за вистина“. -Ако ветивте динамика — покажете ја. Ако ветивте контрола — спроведете ја. Ако ветивте правда — испорачајте ја. Нашето трпение е при крај, но нашата борба за правда не запира. Ќе следиме. Ќе прашуваме. Ќе зборуваме. Правдата за „Пулс“ мора да се случи. Без одлагање. Без изговори. Без компромиси, истакна Александар Наунов на крајот од обраќањето од пред кочанскиот Основен суд. Тагови: Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНедоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките креветиДел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство. Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво. На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување. Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер. - 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка. - Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола. - Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки. Пратеничка група на СДСМ Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. -СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера. Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година. Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВетеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на теренВетеринарите излегоа на протест пред АХВ и Владата.Се жалат на лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните. Игор Манасиевски го следеше протестот.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook