Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
БалканРодителите на Коста Кецмановиќ – монструмот што уби 9 соученици, се изјаснија за невини Прв пат од масакрот каков не памети регионот, родителите на Коста Кецмановиќ во Вишиот суд во Белград се соочија со родителите на убиените ученици во Основното училиште Владислав Рибникар.Обвинетите мајка и татко, Милјана и Владимир Кецмановиќ се изјаснија за невини. На рочиштето дојдоа посебно, мајката од слобода, таткото од притвор со лисици на рацете. И двајцата како што пренесоа српските медиуми, се расплакале веднаш што влегле в судница во процесот што медиумите го прогласија за судење на векот. Иако рочиштето почна отворено за јавноста, по барање на обвинителот продолжи зад затворени врати и со исклучена јавност поради заштита на правата на малолетниците оштетени во постапката. Одлуката наиде на негодување на одбраната на семејството Кецмановиќ, кои тврдеа дека немаат намера да испрашуваат деца сведоци и дека целта на одлуката е целиот товар да падне само на едно семејство. -Се надеваме дека во понатамошниот тек од постапката судот уште еднаш ќе ја разгледа одлуката и дека јавноста повторно ќе има можност да биде запознаена со се она што со месеци очекува да биде запознаена. , изјави Ирина Боровиќ, адвокатка на семејството Кецмановиќ за „Republika news“ -Во врска со тоа поделени се ставовите. Јас само можам да го кажам ставот на моите клиенти, кои не беа против судењето да биде јавно. , изјави Марко Јанковиќ, адвокат на оштетените семејства за „Republika news“. Обвинението на 270 страници го товари таткото на 13-годишното момче за тешки дела против општата безбедност, односно дека го носел синот на стрелише и го обучувал да ракува со огнено оружје, како и дека не ги обезбедил соодветно своите два пиштола со кои момчето ги извршило злосторствата. Мајката, чија ДНК беше пронајдена на чаура е обвинета за недозволено изработување и држење оружје и експлозивни материјали. Обвинителството за нив бара казна затвор од 12, односно две и пол години. Со обвинението се опфатени уште двајца, претседателот и инструкторот на стрелачкиот клуб, каде тренирало детето. Седмоодделенецот во мај лани смртно застрела девет свои соученици и чуварот на училиштето. Неговите мотиви, и покрај низата шпекулации, остануваат неразјаснети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 20. септември 2026 година Дневен хороскоп за недела, 20. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност. Кариера Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли. Кариера Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој. Здравје и совет Несоница по кошмарните сништа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета. Кариера Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично. Здравје и совет Не манипулирајте со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен. Кариера Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично. Здравје и совет Не е исклучена кашлица.. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат. Кариера Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите. Здравје и совет Одете кон својата цел. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара. Кариера Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред. Здравје и совет Позанимавајте се со својата листа на приоритети. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место. Кариера Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место. Здравје и совет Пазете се од провев. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување. Кариера Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка. Кариера Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате. Здравје и совет Бидете праведни. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот. Кариера Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите. Здравје и совет Соработувајте со младите. Рак 22.6-22.7. Љубов Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе. Кариера Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат. Здравје и совет Одлично сте расположени. Лав 23.7-22.8. Љубов Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем. Кариера Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата. Здравје и совет Бидете одговорни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook