ЗдравјеРодители реагираат дека нема термини за ортопед, од МЗ велат дека вршат контроли Родители реагираат дека нема термини за ортопед за деца. Некои од нив тврдат дека со месеци чекаат термин. Велат дека губат време и пари во обидите да обезбедат здравствена заштита на своите деца.Од Министерството за здравство во изјава за МИА велат дека во тек се контроли во јавните здравствени установи, согласно Законот за здравствена заштита, со цел да бидат навреме обезбедени потребните термини. Оттаму нагласуваат дека согласно Законот за евиденции, сите интервенции треба да се евидентираат електронски, а целта е кратење на времето за чекање за овие листи. - Фокусирани сме на зајакнување на сите сегменти на здравствениот систем, почнувајќи од кадарот, новата медицинска опрема, условите за третман на пациентите, а воедно и условите за работа на персоналот. Истовремено се залагаме за долгорочно зајакнување на специјалистичките дејности преку доделување специјализации со Програмата за специјализации која Министерството ја изготвува на годишно ниво, се вели во одговорот. Со Програмата за специјализации за 2023 година, која е во тек, доделени се специјализации анестезиологија со интензивно лекување, педијатрија, интерна медицина, инфектологија, кардиологија, општа хирургија, неврологија, детска хирургија и други специјалности. Неделно во „Мајчин дом“ се прегледуваат од 200 до 350 пациенти, а месечно од 800 до 1.000 пациенти Од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар, (ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ) - Скопје, појаснуваат за МИА дека прегледите на деца се закажуваат преку порталот „Мој термин“ и дека термините се креираат од 1 до 10 секој месец за наредниот месец кај специјалиститее ортопеди во амбулантите во „Мајчин дом“ и по потреба на Клиниката за ортопедиски болести во комплексот „Мајка Тереза“. - Во рамки на овие термини се прегледуваат односно се прават скрининг прегледи на здрави деца и на неитни состојби. Истовремено, во овие термини се закажуваат и пациентите кои се соочуваат со одреден ортопедски проблем во детската и адолесцентска возраст. Доколку се работи за состојба која е ургентна или итна, се закажуваат прегледи надвор од овие термини и сите пациенти кои имаат потреба од ортопедски преглед се прегледувааат од страна на нашите специјалисти веднаш или во рок од неколку дена по добивање на упатот, велат од ТОАРИЛУЦ. Оттаму истакнуваат дека на Клиниката за ортопедски болести работат доволен број на специјалисти ортопеди, кои прават прегледи и третман на ортопедски заболувања кај деца, додавајќи дека не би можеле да коментираат дали на ниво на држава има доволен број на кадри. - На неделно ниво во „Мајчин дом“ се прегледуваат од 200 до 350 пациенти, а на месечно, бројката е од 800 до 1.000 пациенти. Во оваа бројка се вклучени пациентите кои се прегледуваат во нашите амбуланти во „Мајчин дом“ и по потреба на Клиниката за ортопедиски болести во комплексот „Мајка Тереза“. Во бројката се вклучени пациенти редовно закажани кај специјлист ортопед преку „Мој термин“, како и пациенти со приоритени упати кои заради одредена итна состојба биле примени и прегледани, како и пациентите кои биле упатени со итен упат и барале итен медицински ортопедски преглед поради ургентноста на состојбата, се додава во одговорот. Фондот за здравствено осигурување плаќа набавка на помагало изработено од стандарден материјал по референтната цена, разликата на товар на осигуреникот Зошто цената на ортопедско помагало делумно ја плаќаат и здравствените осигуреници, одговор побаравме од Фондот за здравствено осигурување од каде појаснуваат дека пациентите имаат можност за набавка на ортопедско помагало од надстандарден материјал и дека Фондот ги плаќа трошоците за помагало изработено од стандарден материјал по референтна цена, а разликата е на товар на осигуреникот. - Согласно Измените на Законот за здравствено осигурување објавени во Сл.Весник на РСМ од 27.12.2019 година, на осигурените лица им се даде можност и за набавка на помагало изработено од надстандарден материјал, при што Фондот ги плаќа трошоците за набавка на помагало изработено од стандарден материјал по референтната цена, а разликата e на товар на осигуреникот. Со тоа осигурените лица добија можност за набавка на помагала изработени од поквалитетен материјал, се вели во писмениот одговор на нашите прашања. Согласно закoнските измени, се направиле и измени во подзаконскиот акт кој ја регулира оваа проблематика, Правилникот за индикациите за остварување право на ортопедски и други помагала, објавен во Службен весник на РСМ бр.31 од 10.02.2020 година. - Член 11 а од Правилникот гласи: Осигуреното лице кое остварило право на ортопедско и друго помагало според индикациите утврдени со овој Правилник, може да ја доплати разликата од утврдената референтна цена од страна на Фондот до набавната цена, ако бара подигање на помагало изработено од надстандарден материјал”. Правното лице од каде што е подигнато помагалото, дополнително доставува до Фондот и потврда за подигање на помагало од надстандарден материјал (образец ПНП) и изјава од осигуреното лице или друго лице (образец ИНП), кои се составен дел на Правилникот. Во двете потврди осигуреното лице е согласно да подигне помагало од надстандарден материјал и да ја доплати разликата од утврдената референтна цена. Секако осигуреното лице мора да биде информирано, да знае дека има таква можност, лицето да побара и да се согласи да подигне ортопедско помагало од надстандарден материјал со доплата на разликата во цената, појаснуваат од ФЗО. Оттаму нагласуваат дека правното лице не смее да нуди стандардно ортопедско помагало по цена повисока од референтната цена, утврдена од страна на Фондот. - Оваа измена не е новина туку датира од 2019 година. Улогата на ортопедот е, кога ќе констатира потреба од ортопедско помагало, да го препише видот на ортопедското помагало и да го упати осигуреникот да го подигне во ортопедската куќа, однсоно правното лице, подвлекуваат од Фондот за здравствено осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветВенс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога Венс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога – Техеран ги одбива разговорите и се заканува на американските бази во Европа.Потпретседателот на Соединетите Држави, Џеј Ди Венс, презеде водечка улога во преговорите за ставање крај на војната со Иран, а се разгледува и можноста за директна средба меѓу него и Мохсен Резаеи – секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Сепак, Резаеи тврди дека таква средба не е планирана, пренесува „Волстрит џурнал“. Според американски официјални претставници на кои се повикува весникот, претседателот Доналд Трамп го овластил Венс повторно да ги започне преговорите со Техеран. Со тоа, потпретседателот презеде главна дипломатска улога, додека пратениците на Белата куќа, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се повлечени во втор план. Иако го поддржува продолжувањето на преговорите, Трамп, наводно, смета дека јунскиот меморандум за разбирање со Иран – во чие договарање учествуваше и Венс – бил грешка. Двајца американски функционери изјавија дека претседателот смета оти договорот му овозможил на Иран да закрепне и повторно да остварува приходи од продажбата на нафта. Од друга страна, државниот секретар Марко Рубио и Стивен Милер од Белата куќа – според истите извори – се залагаат за задржување на блокадата против Иран сè додека Техеран не се согласи на отстапки. За разлика од Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, кои ја бранат одлуката на Трамп во врска со војната, Венс јавно го поврза конфликтот со тешкиот пораз на републиканците на минатонеделните избори за Конгресот. Американските официјални претставници ја опишуваат неговата одлука да преземе водечка улога во дипломатијата со Иран како политички ризичен потег. Успехот во преговорите би можел да донесе значителни политички придобивки, додека неуспехот би можел да има спротивен ефект. Според „Волстрит џурнал“, Трамп се согласува со проценката на Венс дека војната влијаела врз изборните резултати, но сепак продолжува да ја брани воената операција против Иран. Додека Вашингтон ја разгледува можноста за обновување на дипломатските контакти, пораките од Техеран укажуваат на тоа дека во моментов не се водат никакви преговори со Американците. Во интервју за либанскиот телевизиски канал „Ал-Мајадин“, Мохсен Резаеи ги отфрли тврдењата за разговори меѓу двете страни. Тој ги нарече лаги извештаите за наводни преговори во Катар, тврдејќи дека нивната цел е да се намали економскиот притисок врз Иран и да се спуштат цените на нафтата. Иранскиот функционер, исто така, упати директно предупредување до Соединетите Држави, заканувајќи се со напади врз американските воени позиции. „Ако Американците направат грешка и нè нападнат, ние ќе извршиме удари дури и врз оддалечените американски бази“, изјави Резаеи. Тој додаде дека потенцијални цели би можеле да бидат сите бази од кои полетуваат американски авиони, вклучително и оние што се наоѓаат во Европа.Тагови: Џ.Д. Венс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУХаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!Ова е невиден скандал, аматеризам и катастрофа каква што не се памети ни во најнеразвидените држави! Владата и нивното мнозинство вчера направија класичен испад на „пиши-бриши“ откако сфатија дека “случајно” избришале клучни ставови, па сега по итна постапка се враќаат назад во собраниските клупи за да ги кројат законите преку ноќ. Читаат писмени извештаи и се прават неупатени, но директната порака од Европската комисија е сосем јасна: она што тие го прават со законодавството е чист хаос кој ја става Македонија во ред на крајно нефункционални и неспособни држави. Која будала би инвестирала во земја каде што законите се менуваат секој час само за да се задоволат тесни партиски интереси и директиви? Како што јасно потврдуваат и анализите од последниот Извештај на Европската комисија, високата корупција во земјава останува широко распространета, а честите и непредвидливи измени на законите директно ја засилуваат перцепцијата за неказнивост. Наместо борба против криминалот, власта испорачува само добра претстава за јавноста – лажни реформи, неуспешни конфискации и законски решенија кои ја „галат“ корупцијата, наместо да ја казнуваат. Народот ги трпи последиците од оваа неспособност, додека државата губи на секој чекор. „Ова е врв на неспособноста и ќе речам ‘правно дивјаштво’ кое мора да престане веднаш! Прво си изгласаа амнестија за функционерите за да ја заштитат високата корупција, а сега со секојдневните измени во Кривичниот законик по скратена постапка прават хаос, додека за обичниот граѓанин воведуваат ригорозни казни. Добиваме јасни шлаканици од Европската унија бидејќи оваа власт ја претвори државата во приватна зона за тендери и партиски манипулации. Ваквото скандалозно однесување мора да заврши – доста е од погребување на правната држава!“, порача претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. ЛДП бара итно запирање на ова законско лудило, повлекување на досегашните штетни интервенции и воспоставување на вистинско владеење на правото, бидејќи Македонија повеќе нема време за губење во рацете на неодговорни политичари!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗлато, „Ролс-Ројс“, жив крокодил: Запознајте го Украинецот кој требаше да ги штити електранитеНа социјалната мрежа „Threads“ е откриен профил што му припаѓа на Владислав Соколов – претприемач поврзан со наводна проневера на јавни средства наменети за заштита на енергетската инфраструктура во регионот на Киев. Според информации од еден „Telegram“ канал, при претрес на неговиот луксузен пентхаус биле пронајдени базен и терариум со крокодил, пренесува украинскиот медиум „NV“. Блогерoт и новинар Денис Казански прв го сврте вниманието кон профилот на Соколов. „Неговиот профил на ’Threads‘ започнува со фотографија на која е прикажан Руслан Олијник – поранешен заменик на Микола Калашник (кој во меѓувреме поднесе оставка). Интересно е што нема никакво спомнување на неодамнешните настани. Можете да му поставувате прашања во коментарите“, напиша Казански. Фотографии од мермерни столбови, позлатени детали, базен, терариум со крокодил и автомобил „Ролс-Ројс“ брзо се проширија на социјалните мрежи. Корисниците реагираа со саркастични коментари, истакнувајќи дека „ненадминливиот оригинал“ за ваков ентериер е, всушност, домот на поранешниот главен обвинител Виктор Пшонка – кој исто така е осомничен за корупција. Свое мислење изнесе и активистот Серхиј Стерненко. Тој тврди дека Соколов поседува компанија која требало да гради заштитни објекти за енергетски постројки; наместо тоа, средствата наводно биле искористени за создавање на овие раскошни ентериери. Стерненко понатаму ја обвини истата компанија за проневера на средства наменети за изградба на засолништа во училиштата. „Изгледа дека Доналд Трамп доби конкуренција во категоријата ’луксузен кич‘. Запознајте го сопственикот на озлогласениот стан со крокодилот – сопственик на компанија која требало да гради заштита за енергетски објекти во регионот на Киев, но која, како што изгледа, изградила нешто сосема друго“, напиша Стерненко. Шема за проневера на средства наменети за училишни засолништа била обелоденета уште во октомври од страна на Серхиј Болвинов, раководител на истражниот оддел и прв заменик-началник на Главната управа на Националната полиција во регионот на Киев. Според него, во кругот на еден лицеј во градот Крјукившчина се градело засолниште за заштита од зрачење, за што од буџетот биле издвоени повеќе од 3,7 милиони евра. Главниот изведувач ангажирал друга компанија за извршување на градежните работи и ѝ платил за тоа. Сепак, истражителите утврдиле дека тие работи постоеле само на хартија. Компанијата немала ниту вработени, ниту потребна опрема – факт што е потврден со истрага спроведена од даночните органи. На сметките на оваа фиктивна компанија биле префрлени вкупно 240.000 евра; средствата потоа биле подигнати во готовина и поделени меѓу инволвираните лица. Директорот на компанијата е осомничен за службено фалсификување извршено како дел од група – што резултирало со сериозни последици – како и за перење пари, односно прикривање на приноси стекнати преку кривично дело. Болвинов исто така објави фотографии од луксузен стан, направени за време на истрагата. Тој напомена дека полицијата во моментов проверува дали овој имот е поврзан со средствата што се предмет на истрагата. На 3 ноември, активистот Серхиј Стерненко објави дека заштитните мерки во голем број енергетски објекти или воопшто не биле спроведени, или пак биле изведени со сериозни недостатоци. Во својата објава, тој покрена прашања за одговорноста на Микола Калашник, поранешен раководител на Воената управа на Киевската област. „Без спроведување постапка за јавна набавка, Калашник потпиша договори во вредност од над 11 милиони евра за заштита на електрични потстаници со компании кои немаа ниту работна сила, ниту опрема за извршување на такви задачи. Понатаму, против овие компании веќе беа поднесени кривични пријави“, изјави Стерненко. Тој додаде дека компаниите добиле големи авансни плаќања, но не ја завршиле работата на заштита на енергетската инфраструктура. Микола Калашник моментално ја извршува функцијата министер за развој на заедниците и териториите на Украина. Извор: Индекс.хрТагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook