Родители од САД го тужат Мекдоналдс: Нашата 4- годишна ќерка остана осакатена - Канал 5

Родители од САД го тужат Мекдоналдс: Нашата 4- годишна ќерка остана осакатена

Родители на четиригодишно девојче ги тужат Мекдоналдс и франшизата на синџирот откако врел медалјон од пилешко ѝ го изгорел бутот на нивната ќерка.

Родители од САД го тужат Мекдоналдс: Нашата 4- годишна ќерка остана осакатена

Филана Холмс пред судот во округот Бровард, Флорида, изјавила дека додека излегувала од Мекдрајв, слушнала како нејзината ќерка вреска на задното седиште од автомобилот. Кога застанала, нашла врело парче пилешко заглавено меѓу бутот на девојчето и безбедносниот појас. Храната наводно била во контакт со телото на девојчето околу две минути, при што ја изгорела и оставила лузна.

Во тужбата се наведува дека сето тоа се случило на 21 август 2019 година. Холмс нарачалала „Среќен оброк“ со шест медалјони од пилешко за нејзината тогаш четиригодишна ќерка.

„Медалјоните од пилешко беа неразумно и опасно жешки и предизвикаа изгореници на телото на Оливија Холмс“, се наведува во тужбата.

Џордан Редавид, кој го застапува семејството, пред судот вчера рече дека тужбата е поднесена затоа што немало предупредување за опасност.

„Ако некој нарача „Среќен оброк“, разумно е дека детето ќе ракува со таа кутија. Требаше да ја предупредат дека содржината е жешка. Одговорен е оној што не го сторил тоа“, смета тој.

Адвокатот Скот Јант, кој го застапува Мекдоналдс, ја оспорува тужбата.

"Госпоѓата купи 32 пилешки McNuggets тој ден. Немаше проблем со 31 од нив. Шест медалјони паднаа во скутот на девојчето и таа има една изгореница, каде што месото беше притиснато од безбедносниот појас", рече Јант.

Родителите на девојчето бараат отштета од 15 илјади долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

14 хоспитализирани, а изгорени се куќи и автомобили во Хрватска кај Омиш

Хрватското крајбрежје кај градот Омиш се соочува со пожари.

14 хоспитализирани, а изгорени се куќи и автомобили во Хрватска кај Омиш

36 лица биле примени во сплитската болница ,а 14 лица се хоспитализирани, изгорени се куќи и автомобили.

Пожарот што избувна во Локва Рогозница синоќа се прошири и во градот Омиш.

Неколку стотици луѓе се евакуирани, а за жал повредени се и локални жители и пожарникари. Информации пристигнуваат и од терен за изгорени куќи и автомобили. Пристигнуваат и канадери за да им помогнат на исцрпените противпожарни екипи.изгорената површина се проценува помеѓу 900 и 1000 хектари.

Во текот на ноќта, пожарот, носен од силни ветрови, се проширил сè до Омиш.

Во еден момент, пожарот се приближил на 50 метри од центарот на градот. Некои делови од градот останале и без електрична енергија.

Нема информации дали има македонски граѓани затеканати во градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во Гостивар

Гостиварци извесно е дека од денеска ќе имаат безбедна  вода од градскиот водовод. Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките пар

Од денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во Гостивар

Од локалниот кризен штаб за Канал 5 вчера потврдија дека до примероците земени вчера се добри и доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува денеска да биде укината забраната за нејзино користење за пиење.-трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа.

Резултатите што ги добиле се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште едни резултати.

Од кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од институтот за јавно здравје и агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобрена

Во моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобрена, информираа властите во Грција во однос на големиот пожар кај Сивири, посочувајќи дека по морски пат било евакуирано 481 лице, пренесува МИА.

Во моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобрена

Со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, но и со траект што сообраќа од Солун до островите од групата споради, туристи и жители успешно, по морски пат беа евакуирани од Сивири.

YouTube video

Сивири е целосно евакуирано, а според информациите на МИА не е дозволено никој да се врати во градот, а во прекин е сообраќајот во поширокиот регион.

Оние кои не го напуштија Сивири по копнен пат, беа евакуирани од плажа, земајќи ги со себе само основните неопходни работи.

Од МНР велат дека по избувнувањето на пожарот во Сивири на првиот крак на полуостровот Халкидики во Грција, македонски државјани телефонски се обратиле до нашето дипломатско-конзуларното претставништво во Солун од каде што им биле пренесени упатствата и насоките издадени од надлежните грчки власти.

+389 75 268 736, КОНЗУЛАТОТ ВО СОЛУН: +30 694 526 8068 И +389 71 323 001“, [email protected]

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер