Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
2Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
3Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави
МакедонијаРодители на починатите во „Пулс“: Оваа трагедија е масовно убиство -Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста.Родителите на трагично починатите деца во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, испратија писмена изјава до јавноста во која изразуваат длабока болка, но и заедничко и недвосмислено барање за целосна правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции. - Оваа трагедија ја карактеризираме како масовно убиство и тешко загрозување на човековите животи и безбедноста, и бараме надлежните институции да постапат професионално, непристрасно и во согласност со важечките закони и меѓународни конвенции. Целосно се оградуваме од каква било политичка манипулација и не дозволуваме овој трагичен настан да се користи за собирање политички поени од кој било субјект, без разлика дали е од власта или од опозицијата. Бараме веднаш да се спроведе независна и темелна истрага за сите околности поврзани со настанот, со цел да се утврди дали биле испочитувани сите законски норми и регулативи за работењето на објектот. Сакаме да знаеме дали дискотеката поседувала валидна документација за работа, дали биле извршени сите потребни контроли од страна на надлежните инспекциски служби, и дали се постапувало согласно законот во делот на урбанистичките, градежните, санитарните, безбедносните и противпожарните стандарди. Потребно е да се утврди дали нечија немарност, злоупотреба или незаконско дејствување довело до оваа трагедија, се истакнува во изјавата. Родителите потенцираат дека се подготвени да соработуваат со еминентни домашни и странски адвокати кои ќе обезбедат правна поддршка во сите фази на процесот, вклучително и евентуално поднесување предмет пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. -Не бараме ништо повеќе од правда, но таа правда мора да биде неселективна и праведна. Не смееме да дозволиме животите на нашите деца да останат без значење во очите на државата. Одговорност мора да има – како за организаторите и управувачите на објектот, така и за институциите кои дозволиле или не спречиле оваа катастрофа. Животот на нашите деца беше изгубен, но не смее да биде заборавен. Апелираме до Обвинителството и Полицијата да постапуваат без одлагање, професионално и транспарентно, и да ја известат јавноста за секој чекор во процесот. Ако овие институции не постапат соодветно, ќе ги искористиме сите расположливи домашни и меѓународни правни механизми, вклучувајќи поднесување на предмет до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, додаваат родителите. Во изјавата родителите упатуваат апел дека прашањето за функционирање на институциите и безбедноста на граѓаните не е индивидуален, туку општествен проблем. Тие не бараат посебен третман или политички привилегии, туку државата да си ја заврши својата работа чесно и по закон. За в сабота, 10 мај е најавен нов протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што че почне во 16 часот и 5 минути, симболизирајќи ја задоцнетата институционална реакција.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохолВо рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)Во дуелот со Шкотска кој донесе разочарување за македонските навивачи, куче кое влета на теренот и заради кое имаше прекин во првото полувреме, се чини стана голем хит.Моментот кога овој натрапник влета на теренот беше реристриран на видео снимките а дел од светските спортски портали и списанија буквално го врамија на насловните страници. Кучето кратко беше на теренот по што го напушти стадионот. Scotland lead against North Macedonia thanks to Kieron Bowie's goal, but one home supporter in particular was not happy about it... A dog invaded the pitch at the Toše Proeski Arena in Skopje shortly afterwards and took a liking to left-back Sebastian Herrera. https://t.co/mSLelPsqCl — The Athletic | Football (@TheAthleticFC) October 3, 2026 Тагови: куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter