Родители на деца од велешка градинка обвинуваат дека негувателка на децата им нудела е-цигара - Канал 5

Родители на деца од велешка градинка обвинуваат дека негувателка на децата им нудела е-цигара

Родители на деца од велешката градинка Димче Мирчев обвинуваат дека негувателка во градинката на децата им нудела електронска цигара... 

Родители на деца од велешка градинка обвинуваат дека негувателка на децата им нудела е-цигара

Дали на децата од велешката градинка „Димче Мирчев“ им била понудена електронската цигара од негувателка или пак сами дошле до нејзе, допрва ќе се утврдува, вели во телефонски разговор за Канал 5 ТВ директорката Маја Велиновска. Исказот на негувателката бил дека децата ја виделе електронската цигара претходно и без нејзино знаење дошле до нејзе, спротивно на овие тврдења, родителите на децата пак велат дека со намера им била понудена цигарата, вели Велиновска. Таа посочи дека очекува целосно расчистување на ицидентот, пред се, во интерес на децата и нивното здравје.

Негувателката е суспендирана, земена и е изјава, како и на родителите, и останатите вработени, но беа прашани и деца. Покрената е дисциплинска постапка и формирана е дисциплинска комисија. Врз основа на исказите, доколку се испостави како точно дека им била нудена електронска цигара на децата, вработената ќе биде отпуштена. – Вели Велиновска за Канал 5

Наспроти директорката, градоначалникот на Велес – Марко Колев вели дека до него стигнале информации дека негувателката не е суспендирана, туку е префрлена во клон на градинката во велешкото село Каласлари, што според него е обид инцидентот да се стави под тепих. Колев вели дека јавувања на родители имало и до него, кои што му раскажувале што се случувало.

Дечињата едно по едно почнувале да си кажуваат дома што се случувало, тоа не е еднаш, туку тоа се случувало во неколку наврати, бидејќи, според информациите кои што ми ги кажуваат родителите, нели тие не можат да лажат туку се искрени, кажувале дека еден ден цигарата мирисала на еден вкус, па друг ден на друг вкус, така да тоа се прераскажувања на родителите кои ги пренеле дечињата.

Градоначалникот вели и дека очекува директорката да си поднесе оставка, а негувателката да биде суспендирана до разрешницата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Според најавите на УХМР во текот на денов не очекува облачно  време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. 

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 14 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од среда и во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали и во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 3. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 3. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 3. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи.

Кариера

На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај.

Здравје и совет

Потсетете се на сопствените приоритети.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено.

Кариера

Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор.

Здравје и совет

Ќе бидете креативни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите.

Кариера

Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата.

Здравје и совет

Внимавајте на здравјето.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири.

Кариера

Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате.

Здравје и совет

Сигурен пад на имунитетот.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега.

Кариера

Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука.

Здравје и совет

Сакате да престанете со нездрав живот .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања.

Кариера

Иако ги имате сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник.

Здравје и совет

Делувајте паметно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема.

Кариера

Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност.

Здравје и совет

Контролирајте го своето однесување.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна.

Кариера

Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна.

Кариера

Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден.

Здравје и совет

Следете ја својата интуиција.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога.

Кариера

Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени.

Здравје и совет

Не се откажувајте од своите идеали.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос.

Кариера

Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите.

Кариера

Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето.

Здравје и совет

Бидете подготвени за акција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубиша Николовски, Никола Србов и Срѓан Ивановиќ во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Љубиша Николовски, Никола Србов и Срѓан Ивановиќ

Љубиша Николовски, Никола Србов и Срѓан Ивановиќ  во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер