Родители на четири деца се пронајдени мртви- до нив во креветот е најден позитивен тест за бременост - Канал 5

Родители на четири деца се пронајдени мртви- до нив во креветот е најден позитивен тест за бременост

Телата на сопруг и сопруга биле пронајдени во кревет во британскиот град Барнсли, со позитивен тест за бременост до нив.

Родители на четири деца се пронајдени мртви- до нив во креветот е најден позитивен тест за бременост

Клер Вајт и Марк Мартин Ситон биле пронајдени од нивната мајка. Двајцата биле во брак 17 години и имале четири деца заедно. Телата биле пронајдени без облека.

Истрагата слушна дека Клер и Марк долго време користеле интравенозни дроги.

Вработениот во судска медицина рече дека двајцата се вратиле дома заедно околу 17 часот на судбоносниот ден, објави Мирор.

Телата биле пронајдени во нивната соба следниот ден од нивната мајка, која сфати дека нивните палта не биле тргнати од закачалките.

„Марк беше во врска со Клер од 2007 година и имаа четири деца заедно. Марк беше во затвор од својата 16-та година и беше тежок корисник на дрога. Тие дојдоа да живеат со мене откако мојот сопруг почина пред неколку години“, изјави неговата мајка на полицијата.

Таа рече дека ги пронашла голите тела во собата околу 15 часот, дека постојано ги викала, но тие не се јавувале.

„Веднаш знаев дека повеќе не се живи, иако сè уште не им ги видов лицата“, рекла жената.

Веднаш повикала брза помош, но тие можеле само да ја потврдат нивната смрт.

Полицијата до креветот пронашла позитивен тест за бременост, луле од крек и други предмети што ги користеле зависниците од дрога.

Судскиот вештак објавил дека двајцата починале од труење со хероин, кокаин и метадон 1А, иако било невозможно да се каже кој од нив починал прв.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер