Родила син, а набргу потоа повторно останала бремена (видео)

На ваква реакција од својот сопруг и бебе не се надевала! 

Жените кои имаат бебе најчесто мислат дека „хормоните“ или доењето ќе ги заштитат од нова бременост, што секако не е точно.

Само неколку месеци по раѓањето на првото дете, една жена дознала дека е повторно бремена. Начинот на кој таа му го соопштува тоа на својот сопруг, како и неговата реакција и рекацијата на нивното бебе насмеа многумина на социјалните мрежи.

Еден маж седи на фотелја со синот во раце кој нема ни една година. Детето седи во скутот на својот татко и се чини дека и тоа гледа во телефонот на својот татко. Жената се приближува и ја испружува тупаницата кон сопругот. Збунет, тој ја подава својата тупаница кон нејзината во знак на поздрав. Но, таа потоа ја отвора шаката, а во неа има домашен тест за бременост.

Мажот го гледа тестот запрепастено и во истиот момент, бебето почнува да плаче. Целата сцена изгледа нереално. Таткото, откако го сфаќа значењето на тестот, се фаќа за глава и почнува да плаче заедно со бебето.

-Изненадување за мојот сопруг на крајот од годината – стои во описот на видеото.

Видеото само на Инстаграм им се допаднало на 885.000 корисници, додека реакциите беа различни.

-Детето плаче зашто знае дека наследството ќе се дели на пола!

-Бебето си мисли во себе: „Но, само што дојдов овде“!

-Бебето прво сфати.

-Детето уште сега сфаќа што ќе биде со него понатаму.

-Ама, тато, зошто го направи тоа?

-Бебето само што не прашува: „Ако добиете ново бебе, каде ќе одам јас“? Таткото не знае што да му каже, па плаче!

-Сè ќе мора да дели: вниманието, играчките, мама и тато, наследството, тоа мора да е болно!

Извор: srecna.republika.rs

Полските земјоделци ја прекинаа повечемесечната блокада на границата со Украина

Полските земјоделци денеска ја прекинаа повеќемесечната блокада на граничниот премин со Украина. 

Британските медиуми ја пренесуваат позитивната оценка на украинскиот министер за земјоделство за напорите на Полска да стави крај на блокадата и најави дека се деблокирани сите гранични премини со Полска.

Блокадите започнаа кон крајот на минатата година, по протестите на полските земјоделци поради изземањето на украинските земјоделци од барањето да аплицираат за влез во Полска.

Варшава и Киев со месеци преговараа за изнаоѓање решение за блокадата, а Украина ја повика Европската унија да интервенира. /МИА

Шкотскиот премиер Хумза Јусаф поднесе оставка

 Шкотскиот премиер Хумза Јусаф поднесе оставка откако неговата одлука да се откаже од коалицискиот договор на СНП со шкотските Зелени доведе до владина криза.

-Иако патот низ барањето недоверба за владата оваа недела беше апсолутно возможен, јас не сум подготвен да ги променам моите вредности и принципи или да склучувам договори со некого само за да ја задржам власта, кажа премиерот.

Затоа, додаде Јусаф, „откако го поминав викендот размислувајќи за тоа што е најдобро за мојата партија, за владата и за земјата што ја водам, заклучив дека поправка на нашите односи преку политичкиот јаз може да се направи само со некој друг на чело“.

-Од тие причини, ја известив националната секретарка на СНП за мојата намера да се повлечам од позицијата лидер на партијата и барам што поскоро да се почне со конкурсот за мој наследник“, рече Јусаф.

Тој истакна дека ќе остане прв министер на Шкотска се додека не биде избран неговиот наследник како лидер на СНП. /МИА

Кина со предупредување до САД поради законот за Тајван и законот за ТикТок

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Јиан денеска изјави САД да не спроведува „негативни делови од законот што се „однесуваат на Кина“.

Доколку САД упорно опстојат на својата одлука, Кина ќе преземе решителни чекори за да ги заштити своите безбедносни и развојни интереси, посочи Лин, без да наведе детали.

Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за зајакнување на одбраната на Тајван, како и законот со кој се бара од кинескиот сопственик „БајтДенс“ (ByteDance) на ТикТок да ја продаде платформата во рок од една година.

Владата на Тајван го поздрави новиот американски закон оценувајќи дека ќе помогне во зачувување на безбедноста во регионот. /МИА

притисни ентер