Не сме секогаш добро само затоа што функционираме – Како емоционалното исцрпување тивко го презема животот
2 Не сме секогаш добро само затоа што функционираме – Како емоционалното исцрпување тивко го презема животот
ТенисРодик со остра порака до Ѓоковиќ: Имаш 37 години и проблем, повлечи се од Вимблдон Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ го повреди десното колено на Ролан Гарос, поради лошо подготвениот терен, на што се пожали во првиот сет на мечот против Франциско Серундоло.Српскиот тенисер успеа тој меч да го одигра со болки, но по магнетната резонанца закажана за следниот ден, наместо на следниот натпревар реши да оди на операција. Новак сега се трка со времето, бидејќи сака да се врати на теренот пред Олимписките игри, а неговиот поранешен ривал има сосема поинаков совет, објави Мондо. Според Американецот Енди Родик, некогаш голем ривал и критичар, а подоцна и еден од најголемите фанови меѓу поранешните тенисери, Новак Ѓоковиќ не треба да избрзува. Да се праша Енди Родик, Новак ќе паузира дури шест месеци, за да биде целосно подготвен за 2025 година и за новата сезона. „Ајде, подготви се за следната сезона“, рече Енди Родик на подкастот Сервиран, чиј водител е тој. Американецот во таа прилика истакна дека не е сигурен дали Новак Ѓоковиќ ќе биде на 100 проценти кога ќе се врати на теренот, што може да биде многу проблематично поради неговиот стил на игра. „Не е само да се каже „Коленото ми е добро за еден месец“, треба да тренирате, особено Новак. Неговата тајна е тоа што може да ги меле луѓето, да остане во долги натпревари, да ги премести луѓето на другиот крај од теренот и постојано им поставува нови задачи. На Новак му требаат „тркала“. Тој е веројатно најдобриот одбранбен тенисер во историјата.“ Американецот смета дека предвременото враќање може да го загрози продолжувањето на кариерата на Ѓоковиќ, па подобро е да се почека уште малку пред да се врати на теренот. „Се обложувате на сопствен ризик ако играте против таков одличен, но кога некој на 37 години и има операција на коленото... Тоа е сериозен проблем. Искинатиот менискус на коленото не е проблем кога имате 24 години или 25, но сега е кошмар што најмногу би му одговарал на неговите ривали!“ Енди Родик имаше совет за Новак доколку српскиот тенисер не може да се натпреварува на Вимблдон. „Најдоброто нешто што треба да го направи, ако знае дека не може да игра, ако не удрил ни тениско топче или ако не се вклопува, е да се повлече пред ждрепката“, рече Енди Родик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДевет лица се убиени во бранот руски напади врз Украина, оштетена е катедрала од 11 век Девет лица се убиени, а неколку други се повредени во бранот руски напади врз Украина, во кои голем религиозен споменик во Киев беше зафатен од пожар.Четири лица загинаа во нападите врз Киев, додека пет спасувачи загинаа обидувајќи се да го изгаснат пожарот предизвикан од рускиот напад врз североисточниот град Харков, соопштија украинските власти. Катедралата Успение на Пресвета Богородица од 11 век беше значително оштетена . Украинскиот премиер Јулија Свириденко нападот го нарече „брутален ,,врз украинскиот народ и нивното наследство“.„итно ќе ги покренеме сите релевантни процедури во рамките на унеско и сите други меѓународни механизми, барајќи итни и соодветни одговори на ова државно варварство“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во изјава за X, нападите со беспилотни летала и ракети запалија згради и автомобили, а повеќе од 140.000 луѓе во главниот град на Украина останаа без електрична енергија. Полска, соопшти дека кренала борбени авиони,а во состојба на готовност биле ставени и копнените системи за воздушна одбрана како „превентивен“ одговор на руските напади во Киев. Нападите се случуваат пред состанокот на Г7 оваа недела во Франција, каде што на дневен ред е војната во Украина. Вчера Узеленси изјави дека разговарал со Трамп за напорите за ставање крај на долготрајниот конфликт.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВладиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRSTВладиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти.Приемот на MKD-GOV-CSIRT како нов полноправен член е официјално прифатен од Бордот на директори на FIRST, со што се потврдува напредокот на Македонија во областа на сајбер безбедноста и нејзината посветеност кон градење посилен, професионален и европски систем за сајбер отпорност. Овој успех е резултат на домашни човечки и инфраструктурни капацитети на Министерството за дигитална трансформација и Секторот за сајбер безбедност, со стручна и техничка поддршка од партнерите од Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Членството во FIRST овозможува поголема меѓународна доверба, побрза размена на информации, пристап до експертиза и подобра координација при превенција, откривање и справување со сајбер закани и инциденти. Со ова, Македонија реализира уште еден важен чекор од Реформската агенда, со рок до 30 јуни 2026 година, и создава услови за отклучување нови средства од Планот за раст. Министерството за дигитална трансформација продолжува со инвестирање во капацитетите на службите за одговор на сајбер инциденти, во заштитата на владините институции и во испораката на безбедни дигитални услуги за граѓаните и компаниите. Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалШведска убедлива на првиот меч на Светското првенство! Фудбалерите на Шведска убедливо ја победија репрезентацијата на Тунис со резултат од 5:1 (2:1) во натпреварот од првото коло од Групата Ф на Светското првенство.Со три бода, скандинавската репрезентација го зазеде првото место на табелата, откако Холандија и Јапонија одиграа нерешено 2:2.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter