Родено првото бебе со тројца родители во Британија - Канал 5

Родено првото бебе со тројца родители во Британија

Бебе зачнато со ДНК на три лица се роди и во Велика Британија, откако лекарите спроведоа револуционерна „ин-витро“ процедура со цел да се спречи наследување неизлечиви болести.

Родено првото бебе со тројца родители во Британија

Ова е прв ваков успешен случај на Островот.

Во зафатот познат како митохондријална терапија за донирање (МДТ) или митохондријална заменска терапија (МРТ), дел од јајце-клетките на здрава дарителка се користи за да се создаде ембрион без опасни мутации што мајката би можела да им ги пренесе на своите деца. Бидејќи спермата и јајце-клетките на биолошките родители се комбинирани во ембрионот со биолошки материјал од третото лице, бебето ќе има ДНК на мајката и таткото, плус мала количина генетски материјал (околу 37 гени) од третата личност, пишува „Гардијан“.

Истражувањето и потфатот се спроведени во Обединетото Кралство, во Центарот за плодност во Њукасл. Научниците и лекарите имаат за цел да им помогнат на жените со мутирани митохондрии да имаат деца кои нема да ги наследат тие генетски мутации.

Имајќи предвид дека сите митохондрии се наследуваат од мајката, штетните мутации може да влијаат на здравјето на децата. Некои бебиња можат да се родат здрави бидејќи наследиле само мал дел од мутираните митохондрии, но други може да добијат многу повеќе од овие мутации и да развијат тешки, брзоразвивачки и често опасни болести.

Техниката се состои од неколку чекори. Пред сѐ, јајце-клетки од мајката и од дарителката се оплодуваат со спермата на таткото, одделно. Основниот генетски материјал потоа се отстранува од јајце-клетката на дарителката и го заменува оној од оплодената јајце-клетка на двојката.

Добиената јајце-клетка има целосна низа хромозоми од двајцата родители, но и здрави митохондрии од дарителката. Тоа потоа се внесува во матката.

Велика Британија не е првата земја во светот каде е родено бебе со оваа процедура. Американски и мексикански лекари во 2016 година изведоа успешно раѓање на првото дете зачнато со МДТ. Стануваше збор за жена од Јордан со митохондријални мутации кои предизвикуваат смртоносна болест - Лиевиот синдром. Пред третманот, спроведен во Мексико, жената имала четири спонтани абортуси и две родени деца, но едното починало на шест години, а другото живеело само осум месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, којашто се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Дел од делегацијата се судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер.

Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, осврнувајќи се на улогата на уставното судство во заштитата на демократските вредности, институционалната рамнотежа и границите на уставносудската контрола. Во фокус на неговото обраќање е судскиот активизам како гарант за заштита на демократските вредности.

Костадиновски го истакна значењето на уставниот дијалог, меѓусебното почитување на надлежностите и аргументираното толкување на Уставот. Тој нагласи дека уставните судови мора да бидат доволно храбри да носат и непопуларни одлуки кога тоа го налага заштитата на уставните вредности, но истовремено и доволно воздржани за да не ја преземат улогата на законодавецот.

„Силен уставен суд не е оној што има најголема моќ, туку оној што има најголем авторитет да ја заштити уставноста“, истакна Костадиновски, посочувајќи на значењето на правната аргументација, доследноста, независноста и довербата во уставното судство, соопштуваат од Уставниот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Тајфунот Чампи се приближува кон Тајван, каде што секојдневниот живот е речиси целосно запрен поради силната бура. 

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Иако бурата ослабе, метеоролозите предупредуваат на екстремно силни ветрови и обилни дождови. Едно лице веќе почина, 94 се повредени, а речиси илјада летови се откажани, пишува Ројтерс.

Чампи во еден момент достигна сила на супертајфун и беше една од најсилните бури во Пацификот оваа година. Според податоците од Тајванската метеоролошка администрација (CWA), ветровите во неговиот центар достигнаа брзина до 191 километар на час.

Ветрови посилни од 150 километри на час

Метеоролозите предвидуваат дека тајфунот ќе помине веднаш покрај североисточниот брег на Тајван, потоа ќе се сврти кон кинескиот брег и ќе продолжи кон јужна Јапонија. На жителите на крајбрежните градови им се издадени предупредувања поради можни налети на ветер од над 150 километри на час. Тие беа повикани веднаш да побараат засолниште.

Бурата има радиус од околу 320 километри, што значи дека може да влијае на поголемиот дел од Тајван. Метеоролозите предупредуваат дека бурата може да трае два дена. Според досегашните податоци, едно лице загина во бурата, а 94 се повредени. Тајванските власти евакуираа речиси 1.300 луѓе од планинските подрачја поради опасноста што ја донесоа силните ветрови и обилните дождови.

Откажани се речиси илјада летови

Бурата сериозно го наруши воздушниот сообраќај. Министерството за транспорт на Тајван објави дека за петок се откажани сите 262 домашни летови и уште 717 меѓународни летови, или вкупно 979 летови. Тајван е вообичаено добро подготвен за тајфуни, поради што бројот на жртви во вакви бури е генерално мал, според Ројтерс. Иако тајфуните во областа се најчести во текот на летото, тие можат да го погодат островот и во есенските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Во петок (16.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Маја Дукова

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Состојки за денешниот рецепт:

1 чаша црвена леќа

4 моркови

1 пиперка

1 домат (или 3 - 4 лажици доматен сос)

1 главица кромид

2 - 3 чешниња лук

мало парче свеж ѓумбир

1 коцка за супа

1 конзерва кокосово млеко

1 лажица масло

сол, бибер, кари и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер