Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
1Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
АвтомобилизамРоденденско изненадување: Порше претстави суперспортски електричен автомобилЦелта беше овој електричен хиперспортски автомобил да има сооднос сила-маса 1:1, за една коњска сила - еден килограм.Порше одлучи да го прослави роденденот со специјално изненадување за фановите. Поминаа 75 години од првиот модел на компанијата, „Porsche 356“ бр. 1, а тој момент треба да биде посебно означен. Моделите „918“ и „Carrera GT“ беа супер спортски автомобили за кои германскиот производител еднаш покажа дека може и знае да прави што сака, а сега е време за нова генерација. „Mission X“ е нов концепт, кој во одреден момент ќе влезе во сериско производство. Планот е да се изгради најбрзиот автомобил кој ќе го помине кривулестиот круг од 22 километри на легендарниот Нирбургринг Нордшлајф во најкус можен рок, што значи да се победи 6:35.183 што го постави „Mercedes-AMG One“ минатата година. Целта беше овој електричен хиперспортски автомобил да има сооднос сила-маса 1:1, за една коњска сила - еден килограм. Ова ќе биде особено голем предизвик за електричниот автомобил поради, секако, батеријата и големата маса. Односно, не е предизвик ако на пример ќе имаш 2000 КС и 2000 кг, но тогаш ќе ја изгубиш агилноста, особено на кривулестите патеки. Значи, „Mission X“ можеби е послаба од „Rimac Nevera“, но и многу полесен. Внатрешноста очекувано е пример за спортски минимализам во кој има простор и за аналогна стоперка. Речиси ништо не се знае за спецификациите на ова Порше. Откриени се само неколку детали, како што е фактот дека батеријата се наоѓа зад возачот и користи технологија од 900 волти, која гарантира многу брзо полнење. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиитеКошаркарите на Јута ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109:97 во изминатата ноќ, а во преден план повторно изби Лука Дончиќ.Но, не поради играта на теренот туку поради расправии со судиите. Сè започна на полувремето, кога словенечкиот ас дофрли нешто кон еден од судиите, кој се сврте и го праша: „Што рече?“. Сепак, Дончиќ не реагираше на тоа, туку едноставно продолжи кон соблекувалната. The ref just ran up to Luka Doncic at the half and was held back by an assistant Luka looked CONFUSED as hell 😭 https://t.co/mSds4Jeeoo — LakersCenter (@LALakersCenter) November 19, 2026 Напнатоста меѓу Дончиќ и тројцата судии продолжи во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка. Тогаш Дончиќ се сврте кон Даника Баруда и можеше да се слушне како вели: „Не се работи за тебе“, на што му беше одговорено дека не знае кога да застане. Целата оваа ситуација лошо влијаеше на Дончиќ, поради што Лејкерси без вистинскиот Лука беа поразени од Јута. Езерџиите на тој начин ја прекинаа низата од девет победи, а Јута неочекувано го забележа само трет триумф во сезоната. Гостите ги предводеа Кијонте Џорџ со 30 поени и Ејс Бејли со 19 поени. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени, но не успеа да пронајде ритам во шутот, погодувајќи само два од 12 обиди за три поени.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНачалникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECIНачалникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбранатаНачалникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative) Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative). На состанокот ќе присуствуваат и високи воени претставници на НАТО и ЕУ, меѓу кои заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, командантот на КФОР и командантот на ЕУФОР. Во фокусот на дискусиите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици во регионот, воената соработка во рамките на DECI и НАТО, како и можностите за продлабочување на одбранбената соработка и заедничките обуки. За време на работните сесии, генералот Лафчиски ќе има свои излагања во кои ќе ја потврди посветеноста на нашата држава кон колективната безбедност и улогата на Армијата во рамките на оваа иницијатива, како сигурен партнер во зачувувањето на мирот и стабилноста на Балканот. На крајот од конференцијата ќе се утврди динамиката за следните заеднички проекти, а началниците на генералштабовите ќе потпишат заедничка изјава за соработка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВечерва на сцената на Македонската филхармонија два оркестра, два града „Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад вечерва за првпат заедно на сцената на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица ДашиќСКОПЈЕ, 19.11.2026: Вечерва, во 20:00 часот, во Големата сала на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Музичарите од двата града ја споделуваат сцената во изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Наместо два ансамбли што настапуваат еден покрај друг, публиката ќе слушне една музичка целина, изградена од искуствата, изведувачките сензибилитети и уметничката енергија на двата оркестри. „За мене, посебната вредност на овој концерт е во тоа што на сцената нема да имаме два оркестри кои само настапуваат еден покрај друг, туку два ансамбли кои преку заедничката работа создаваат една музичка целина. Соработката со Камерата ни овозможува да го прошириме музичкиот простор, да ја почувствуваме силата на поголемиот ансамбл и да создадеме изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Верувам дека публиката ќе ја препознае енергијата, посветеноста и музичката комуникација што стојат зад овој проект“, вели маестра Ѓурѓица Дашиќ, основач и диригент на „Профундис“. Вечерната програма обединува четири дела од различни епохи и стилови. Публиката ќе ја доживее возвишената и полифонична звучност на „Фантазија на тема од Томас Талис“ од Ралф Вон Вилијамс, ритмичката динамика и современиот израз на „Последен круг“ од Освалдо Голијов и „Свита за гудачки оркестар“ од македонскиот композитор Стојан Стојков, а вечерта ќе ја заокружи темпераментната и виртуозна „Свита Кармен“ од Жорж Бизе, во оркестарска обработка на Родион Шчедрин. Од суптилноста на музичките линии до ритмичката енергија и драматичните контрасти, секое дело носи поинаков предизвик и ја покажува ширината на изразните можности на заедничкиот ансамбл. Со ваквите проекти, „Профундис“ продолжува да ја развива својата уметничка мисија, да воспоставува меѓународни соработки и да ја збогатува концертната сцена со внимателно осмислени музички продукции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter