3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
КултураРоденденски концерт на ФилхармонијаВо четврток, во 20 часот оркестарот на Филхармонија ќе прослави 77 години од формирањето. На концертот насловен „Убава Русија" како солистка ќе настапи брилијантната руска виолинистка Марија Солозобова, а диригент е Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Концертот за виолина и оркестар број 1 од П.И.Чajковски и Брамсовата Прва Симфонија. Овој концерт на Филхармонија е во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености". Концертот за виолина и оркестар бр. 1, Петар Илич Чајковски го напишал во 1878 година, инспириран од пејзажите и природните убавини на Женевското Езеро, за време на престојот во Швајцарија. Кога го напишал концертот, виолинистите сметале дека е невозможно да се отсвири, но во 1881 година, Адолф Бродски сепак се одлучил да го изведе. Премиерата на делото била во Виена, публиката ја поздравила првата изведба со бурни аплаузи, но критиката не била толку наклонета кон ова дело. Познатиот диригент, композитор и пијанист Ханс фон Булов (1830 – 1894) ја нарекол Првата симфонија на Брамс – Бетовеновата десетта. Тој само го надополнил ставот на Роберт Шуман, кој дваесет и пет години порано, Брамс го нарекол „најголем продолжувач на музичката традиција на Бетовен". Сѐ што напишал пред Првата симфонија, практично било своевидна „подготовка" во која ги развивал своите оркестарски вештини (Концертот за пијано и оркестар оп.15, двете Серенади, Варијации на тема од Хајдн...) Создавајќи ги сите овие дела, Брамс, всушност пред себе имал само една цел – да напише совршена симфонија што ќе го оправда епитетот кој несебично му го дале и Фон Булов и Шуман. Со пишувањето на Првата симфонија, Брамс го надминал „оркестарскиот блок", кој траел речиси 11 години, и по неа комплетно се отворил кон поголемите форми. „Конрад ван Алфен е инспиративен диригент што прави нештата да се случуваат", ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката, благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Aлфен е уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интернационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година, Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов" во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение", во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски". Марија Солозобова е една од највпечатливите виолинистки на својата генерација. Нејзината кариера е во постојан подем. Активно настапува во некои од најпрестижните сали во светот како „Викторија хол" во Женева, „Тонхале" во Цирих, „Концертхаус" во Виена, Големата сала на Конзерваториумот „Чајковски" во Москва и други, каде што соработува со голем број еминентни диригенти, меѓу кои Владимир Спиваков, Михаи Танг, Владимир Федосејев, Дејвид Зинман и многу други. Настапувала со музичари како Марта Аргерич, Миша Мајски, Јури Башмет, Владимир Ашкенази, Михаил Плетнев... Родена е во Москва, но живее во Швајцарија. Нејзиниот исклучителен талент бил очигледен уште како дете, а на 10 години ги добива првите награди на најпрестижните национални музички натпревари. Нејзиното свирење го опишуваат како комбинација од виртуоз на моќ, креативна спонтаност и елеганција. Репертоарот на Солозобова е разновиден и опфаќа дела од времето на барокот, на класицизмот и на романтизмот, па сè до дела пишувани во 20 и 21 век. „Нејзиниот модерен стил сигурно ќе се рефлектира на идните генерации виолинисти", пишуваат медиумите за нејзината интерпретација. Славниот виолинист и диригент Јехуди Менухин за неа изјави дека е „прекрасен талент со жив темперамент, виртуозна брилијантност и големо професионално ниво". Уметнички директор е на „Класични врвови" во Цирих, годишни концертни серии што се одржуваат во повеќе концертни сали во Швајцарија. Оваа сезона ќе настапи во неколку европски градови, како и во Јужна Африка. Свири на виолина изработена од Николо Гаљано во 1728 година. Изложба на Маја Аргакијева Изложба на фотографката Маја Аргакијева ќе биде поставена во рамки на прославата на 77 години од формирањето на Филхармонија. Изложбата насловена „Портретна симфонија" ќе биде отворена во фоаејто на Филхармонија, на 26 ноември во 20 часот. На изложбата ќе бидат поставени околу 30-тина фотографии, сликани на концертите на Филхармонија на кои главни „протагонисти" се музичарите од оркестарот, како и бројните солисти и диригенти кои настапиле на нашата сцена. Филхармонија е формирана на 24 ноември 1944 година, непосредно по завршувањето на Втората светска војна и само 11 дена по ослободувањето на Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter