СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам
ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење
1СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам
2ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење
3Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите
АвтомобилизамРоденa да привлекува погледиНовата Opel Corsa GSE во спортски камуфлажен дизајнСтикери со пруги и карирани шари: модерено оддавање почит на спортската Corsa A од 1980-тите Камуфлирана и скриена: возбудливите дизајнерски детали кај новата Corsa GSE сè уште остануваат тајна Возбудливи можности: спортскиот нов врвен модел Corsa ќе биде достапен за нарачка оваа година “OMG! Каков неверојатен автомобил е ова?“ Веројатно тоа е прашањето што многу фанови на Opel си го поставиле кога ги виделе првите „шпионски“ фотографии од новата Opel Corsa GSE. Како што производителот неодамна соопшти, Opel наскоро ќе ја прошири својата палета на GSE модели. Новата Opel Corsa GSE ќе биде достапна за нарачка подоцна оваа година. Сепак, се уште има време до официјалното претставување на верзијата со високи перформанси на најпродаваниот мал автомобил во Германија. Затоа, новата Opel Corsa GSE сè уште е камуфлирана бидејќи не сите возбудливи дизајнерски детали треба да бидат откриени однапред. Истовремено, спортскиот изглед на надворешноста е многу повеќе од практична маска, таа е оддавање почит на спортските верзии на Corsa A од 1980-тите, но со модерни детали. „Со камуфлажата на новата Corsa GSE, го комбинираме класичниот дизајн со возбудлив, модерен изглед кој го нагласува духот на нашите GSE модели“, изјави Andreas Kubis, кој како „Технички водич за доверливост“ е одговорен за камуфлирање на прототипите и предсериските возила на Opel. „Се разбира, главната цел на камуфлажата е да се спречи откривање на сите детали од новиот модел предвреме“, објасни експертот за прототипи. „Со Corsa GSE, сепак, веднаш ни беше јасно дека оваа „маска“ треба да пренесува порака. Спортскиот дизајн со црни, бели и жолти акценти го разгорува интересот за овој спортски хечбек, а истовремено оддава почит на моторспортското наследство на Opel.“ Кај Opel, GSE означува возбуда, брзина и електрични емоции. Новата Corsa GSE е дизајнирана да го олицетвори сето тоа, не само во финалната сериска верзија, туку уште од прв поглед како прототип. Andreas Kubis и неговиот тим завршија извонредна работа. Дури и мат црната основна боја на обвивката ги пренесува перформансите на возилото. Големите жолти и бели ленти, заедно со GSE ознаката, несомнено најавуваат новиот спортски хечбег. Лентите се распоредени да личат на спортски шаховски мотив, дополнети со бели и жолти испрекинати двојни линии кои изгледаат како внимателно зашиени шавови. Фановите на Opel веднаш ќе ги препознаат елементите. Спортските седишта во првата Corsa GSi, во доцните 1980-ти, веќе имаа многу препознатлив шарен дезен. А жолтите и белите ленти на каросеријата кај новата Corsa GSE, сега распоредени под различни агли, намерно се инспирирани од шаховскиот дизајн на седиштата, кој е неизбежно поврзан со Corsa SR и Corsa GT од првата генерација на овој најпродаван мал автомобил. Новата Corsa GSE веќе буди апетит за моќни перформанси со својот спортски стил на GSE. Opel наскоро ќе открие кои дизајнерски детали ќе го направат новиот модел со високи перформанси уште поатрактивен. Посетителите на овогодинешниот Саем за автомобили во Париз (од 12 до 18 октомври) веќе можат да очекуваат да ја видат новата Opel Corsa GSE во живо, бидејќи спортскиот хечбег ќе ја доживее својата изложбена премиера во француската престолнина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана самДодека Црна Гора започнува проверки на врските меѓу медиуми, телекомуникации и Алта банка, во Македонија сè е одамна докажано и документирано.ВМРО-ОКГ е директно врзана за медиуми, телекомуникации и банка. Орбан контролира околу 40 проценти од медиумскиот простор. Нови медиуми на Вучиќ влегоа на пазарот: Ало група, Информер и Euronews. Телекомуникациската поддршка доаѓа од Орбановиот 4iG и од Вучиќевиот Телеком Србија - државен ресурс користен како приватен. Алта банка служи како финансиер на системот, преку маркетинг агенции од ВМРО, примарно за Алфа ТВ и за порталите финансирани од Орбан. Конкретен пример: истрагата за перење пари преку Словенија со фиктивни рекламни услуги, која Мицкоски ја блокираше во обвинителството. Телеком Србија е сопственик на Euronews лиценцата. 4iG обезбедува телекомуникациска поддршка за пласирање на медиумските содржини. Управувањето со сите овие медиуми се врши преку палката на БИА, човекот за Македонија, „началник“ Латас и Ивона, уредничка на Euronews и Алфа ТВ. Тоа е македонската верзија на српскиот Информер. 4iG на Орбан и Телеком Србија ги плаќаат истите лоби куќи во Америка за Мицкоски и за Вучиќ. 4iG е поврзан и со трговија со оружје и со потребата за рудник на антимон. Во Унгарија веќе три министри се уапсени. Обрачот се стеснува околу Орбан. Во Србија Вучиќ падна. Почнаа апсења и истраги. Целиот правосуден систем почна да работи, а новата влада сè уште не е формирана. Уапсени се главни луѓе во полицијата. Ова е само почеток на крајот на една голема организирана криминална група - балканскиот картел. Мафијашки синдикат во кој е Христијан Мицкоски, а ВМРО е сестринска партија на СНС. Сите коцки се сложија a картелот се распаѓа. Паѓаат како домино. Мицкоски остана сам да ја чува касата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиењеНова патна инфраструктура не се гради, старата не се одржува.По девет години локална власт на СДС во општина Кривогаштани, граѓаните се уште со основни проблеми од секојдневниот живот, како исправна вода за пиење, функционални училишта, неодржувана инфраструктура и чиста животна средина. Еден од најсериозните проблеми е водоснабдувањето. Голем дел од населените места се соочуваат со чести прекини, дефекти на водоводната мрежа и проблеми со исправноста на водата, додека околу 40 проценти од населението воопшто не добива вода од општинскиот водовод. И покрај предизборното ветување на актуелниот градоначалник за носење вода од Студенчица, досега јавноста нема добиено конкретен план, временска рамка или информации за реализација на проектот, дополнително, и населените места кои се снабдуваат од овој систем во текот на летото се соочуваа со сериозни проблеми во водоснабдувањето. Загрижувачка е и состојбата во општинските училишта, при што намалувањето на бројот на ученици, иселувањето и неповолните демографски движења создаваат дополнителен финансиски притисок врз образовните институции. Ситуацијата е до толку загрижувачка што за првпат имаме училишта со блокирани сметки, додека општината не презема доволно мерки за рационализација на трошоците и долгорочно одржливо функционирање. Наместо сериозен пристап кон финансиското стабилизирање на училиштата, обезбедување непречено функционирање и квалитетен образовен процес за учениците, локалната власт предводена од СДС гледа само како да издејствува согласности за нови партиски вработувања. Градоначалникот на СДС на општина Кривогаштани бара служба за итна помош, а заборава да каже дека токму неговиот партиски претседател, Венко Филипче ја укина во период кога раководеше со министерството за здравство. Дополнително загрижува и финансиската состојба на самата општина која е со блокирана сметка и каде само тужените побарувања надминуваат 35 милиони денари, а вкупните долгови се значително повисоки. Овие состојби бараат транспарентност и одговори од градоначалникот, а граѓаните имаат право да знаат колкави се вкупните долгови, по кои основи се создадени и како општината планира да ги сервисира. Проблемите не завршуваат тука, локалната инфраструктура, полските патишта и јавните површини бараат сериозно внимание и континуирано одржување. Владината поддршка за изградба на улици е добредојдена, но таа не може да биде замена за обврските и одговорностите на локалната самоуправа. Особено загрижувачка е и состојбата со животната средина, горењето на депонијата кај Кривогаштани, загадувањето на почвата, водата и воздухот, како и нерешените проблеми со одводните системи и пречистителните станици, се прашања кои бараат конкретни институционални решенија, а не молк и одложување. Локалната власт и градоначалникот треба да одговорат и за состојбата со сточниот пазар, јавната чистота, уличното осветлување и другите комунални услуги кои се во надлежност на општината. Одговорноста на локалната власт е да ги решава проблемите на граѓаните, да управува домаќински со општинските средства и да создава услови за подобар живот, тоа го заслужуваат и жителите на општина Кривогаштани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителитеОпштина Центар асфалтираше дел од улицата Загребска во Мало Курило, на површина од 930 квадратни метри. Со интервенцијата е решен долгогодишниот проблем со големите дупки и дотраениот коловоз, а значително се подобруваат безбедноста и условите за движење на возилата и пешаците, како и пристапноста за жителите од овој дел на општината. Асфалтираниот потег е долг 155 метри и широк 6 метри. „Коловозот беше во лоша состојба, како резултат на повеќегодишното користење, со дупки и крпеници, а имавме и барања од жителите да се среди. Затоа одлучивме да се постави нов асфалт. Наша цел е секој дел од Центар да има квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Претходните недели беа асфалтирани улицата Маџир Маало и кракот на улицата Истарска во Ново Маало. Следна е улицата Владимир Назор, а во тек е и завршување на улицата Ленинова. Општина Центар продолжува со модернизацијата на патната и комуналната инфраструктура со цел да го подбри квалитет на живот на граѓаните. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook