МакедонијаРочиште за ,,Рекет“ : Бојан Јовановски даваше одбрана контра обвинението за негоКонструкција со цел ослободување на Орце Камчев од кривичен прогон за Империја и рушење на СЈО и Катица Јанева. Со овие зборови Боки 13 го опиша случајот Рекет во кој е првообвинет за примање награда за противзаконито влијание и перење пари. Во своја одбрана рече дека Милески му се доверил дека со сопругата на Орце, Ана Камчева освен кај странски амбасадори биле и кај екс премиерот Зоран Заев кој им ветил олеснување на положбата на осомничените во Империја, но и дека Заев, како што кажа, лично го манипулирал дека странски обвинител отворил постапка против него. Јовановски го убедуваше судот дека бил жртва и цел на злоупотреба, а Зоран Милески Кичеец го нарече главен оперативец и провокатор кој го убедувал да влијае кај Јанева за ослободување на Камчев. За снимката која во февруари се појави во италијанскиот Ла Верита, тврди дека е видеомонтажа. Отишол со Кичеец во домот на Камчев, но Луј Витон торбата ја видел на заминување кога неговиот придружник ја земал со себе кај кого и останала. Обвинителката Вилма Русковска тврди дека има доказ според кој торбата со парите завршиле во домот на родителите на Јовановски. Иако Јанева го тужи за фотографијата на која се гледа како таа седи во нејзиниот дом а пред неа има снопче со банкноти, Јовановски денеска рече дека случајно ја сликал а парите биле за нејзин мебел. За неа имаше само пофални зборови и пред да застане на пултот за сведочење неколкупати разговараа. Неговиот адвокат тврди дека обвинението против него не е докажано. Русковска единствено го праша зошто ако како што кажа работел чесно, бил со блокирана банкарска сметка. Утре својата одбрана ќе ја даде и екс специјалната обвинителка Катица Јанева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неаВМРО-ОКГ повторно лаже. Тие свесно шират лажна приказна дека СДСМ е против гласањето на дијаспората. Ова е чиста манипулација. Никој не е против гласањето на дијаспората. Проблемот не е во правото на глас, туку во манипулацијата и кражбата на гласови која ВМРО-ОКГ сака да ја овозможи преку Изборниот законик. Дијаспората не сака Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група да гласаат наместо неа. Дијаспората сака самата да го каже својот глас, а не да дозволи членови на криминалната мрежа во Белата палата да одлучуваат наместо неа. ВМРО-ОКГ сака да отвори пат за масовна злоупотреба преку неконтролирано гласање. Токму затоа се спротивставуваме на нивните предлози. Не затоа што сме против дијаспората, туку затоа што сме против кражбата на нејзиниот глас. Дијаспората гласаше и во минатото. Ќе гласа и во иднина. Но нема да дозволиме нејзиниот глас да го украде истата криминална структура која веќе две години ја држи Македонија во изолација и која ја доведе државата до економски колапс. Лагите на ВМРО-ОКГ немаат граница. Но има граница на трпението на граѓаните. Народот ќе победи. Европска и демократска Македонија ќе победи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваИмперија вредна 300 милиони долари – еве ги сите имоти на Новак ЃоковиќНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ изгради импресивна глобална империја на недвижности, која опфаќа локации од Белград и Монте Карло до Менхетен и Марбеља. Неговото богатство се проценува меѓу 250 и 300 милиони долари, при што инвестициите во луксузни недвижности сочинуваат значителен дел од тој вкупен износ. Новак Ѓоковиќ, создал огромно богатство во текот на својата блескава кариера. Издигнувајќи се од скромни почетоци во Србија до статус на глобална спортска икона, тој изгради огромна империја од недвижности со куќи и станови на повеќе континенти - од неговиот роден Белград, преку Монте Карло и Мајами, до Менхетен и Марбеља. Денес, неговата нето вредност се проценува на помеѓу 250 и 300 милиони долари. Со 24 гренд слем титули и над 165 милиони долари заработени само од награди на турнири, тој се рангира меѓу најплатените спортисти во историјата. Дополнително,популарниот Ноле генерира над 30 милиони долари годишно преку договори за рекламирање со водечки глобални брендови. Исто така Ѓоковиќ го прошири својот финансиски успех и далеку надвор од тенискиот терен преку стратешки инвестиции во недвижнини, кои му обезбедуваат стабилен приход и долгорочна сигурност. Како голем обожавател на познатиот италијански архитект Ренцо Пијано, Новак има и два луксузни имоти во својата колекција во зградата „565 Брум СоХо“ на Менхетен, со вкупна вредност што надминува 10 милиони долари. Становите располагаат со мебел по нарачка, пространи тераси и подно греење, додека зградата нуди приватен базен, спа центар, теретана и библиотека. Во Европа, неговата база со години е Монте Карло, каде што поседува луксузен стан веднаш до брегот, со поглед на Француската ривиера. Имотот е вреден помеѓу пет и шест милиони евра и е дизајниран за семеен живот, со наменски простор за неговите деца, Стефан и Тара. Ноле има и прекрасна вила во шпанска Марбеља вредна 10 милиони долари. Еден од најлуксузните имоти на Ѓоковиќ се наоѓа во Марбеља, Шпанија. Тој ја купил вилата во 2020 година за 10 милиони евра, откако претходно ја изнајмувал за време на пандемијата по цена од околу 10.000 евра неделно. Според италијанскиот весник *Corriere dello Sport*, вилата располага со: девет спални соби, осум бањи, затворен базен, приватен спа-центар, кино-сала, теретана, тениски терен, повеќе дневни соби, просторија за рекреација. Вилата се наоѓа на само неколку минути од центарот на Марбеља и нуди поглед и кон морето и кон планините. За време на престојот во Србија, Ѓоковиќ има на располагање неколку луксузни имоти. Во Белград, тој поседува пентхаус од околу 250 квадратни метри во елитниот комплекс „Вест 65“ (West 65), кој вклучува и кровна тераса од 100 квадратни метри и приватен базен. Семејството Ѓоковиќ исто така потроши 2,9 милиони евра за имот и куќа на планината Космај, кои ги реновираа по купувањето. Посебно внимание привлекува и вилата со површина од околу 1.200 квадратни метри на брегот на Павловачкото Езеро, лоцирана помеѓу Рума и Врдник. Изградбата започнала во 2016 година; според медиумските извештаи, проектот бил инициран од таткото на Новак, Срѓан, со цел да му се обезбеди на семејството место за одмор во природа. Вилата е сместена во изолирана средина и вклучува приватен базен и ресторан. На јадранскиот брег, Ѓоковиќ поседува и луксузен стан во „Порто Монтенегро“ (Тиват), чија вредност изнесува околу 2,2 милиони евра.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Софија Вергара во секси фустан на 54 роденденНајплатената телевизиска актерка на свето, атрактивната Колумбијка, Софија Вергара летово ги бодреше фудбалерите на Светското првенство, но и покрај нејзината поддршка турнирот заврши за колумбиската репрезентација. Со намера да им стави крај на фотките во боите на Колумбија, Софија одлучи да објави нешто многу посекси и елегантно. Сексапилната Софија објави фотографии на кои позира во долг, шарен фустан со интригантен исечок кај градите. Овој пат, таа имаше посебна причина за славење: го одбележуваше својот 54-ти роденден. Фустанот привлече најголемо внимание, секако поради истакнатите облини на Софија, фустанот ги истакна сите атрибути на „жешката“ Колумбијка. Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter