Роботите влегоа и во археологијата- помагаат при составување на античките фрески во Помпеја (ВИДЕО) - Канал 5

Роботите влегоа и во археологијата- помагаат при составување на античките фрески во Помпеја (ВИДЕО)

Најновата технологија со употреба на револуционерен роботски систем ќе им помогне на археолозите да ги обноват оштетените антички фрески во Археолошкиот парк Помпеја.

Роботите влегоа и во археологијата- помагаат при составување на античките фрески во Помпеја (ВИДЕО)

Најновата технологија со употреба на револуционерен роботски систем ќе им помогне на археолозите да ги обноват оштетените антички фрески во Археолошкиот парк Помпеја, закопани од лава по ерупцијата на Везув во 79 година од н.е., објави Ројтерс.

Технологијата, развиена како дел од проект финансиран од Европската Унија наречен RePAIR, користи софтвер за препознавање слики со вештачка интелигенција (AI) во комбинација со ултрапрецизни роботски раце за да го забрза инаку бавниот и честопати исклучително тежок процес на реставрација на фрески, соопшти агенцијата.

Проектот беше започнат во 2021 година, во координација со Универзитетот „Ка’Фоскари“ во Венеција, и беше презентиран вчера на локалитетот Помпеја. Како дел од проектот, меѓународни тимови истражувачи го користеа археолошкото наоѓалиште како полигон за тестирање.

Според директорот на Археолошкиот музеј, Габриеле Зактригел, експерименталниот проект беше започнат поради специфичната потреба за повторно составување и реставрација на фрагменти од фрески оштетени во Втората светска војна. Истражувачите веруваат дека новата технологија би можела да помогне во реставрацијата на артефакти низ целиот свет, објави Ројтерс.

Роботите користат два пара флексибилни раце опремени со сензори кои можат да идентификуваат, собираат и повторно да состават фрагменти без да ги оштетат нивните деликатни површини. Истражувачите ја споредиле задачата за реставрација на фрески со решавање на џиновска сложувалка, со дополнителна тешкотија во пронаоѓањето на исчезнатите фрагменти.

Агенцијата потсети дека античкиот град Помпеја бил уништен од ерупцијата на Везув на 24 август 79 година од нашата ера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со бешамел сос

Во вторник (29.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Марко Новески.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со бешамел сос

Состојки за денешниот рецепт:

400 г. макарони

500 мл. готов бешамел

200 г. рендан кашкавал

150 - 200 г. сирење

2 јајца

30 - 50 г. путер

масло

сол, црн бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Кавадарци продолжува со инвестиции во енергетска ефикасност

Кавадарци продолжува со инвестиции во енергетска ефикасност!- објави на својот профил на Фејсбук, првиот човек на општината Митко Јанчев. 

Јанчев: Кавадарци продолжува со инвестиции во енергетска ефикасност

355 kW фотоволтаични системи на 12 јавни установи, со донација од 4,5 милиони денари. Помали сметки. Поголеми заштеди. Повеќе инвестиции.

Кавадарци не чека промени. Кавадарци ги создава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари

Од 6 до 13 Октомври Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг понг федерација (ИТТФ) ќе спроведе тренинг камп за 18 млади пинг понгари од Mакедонија.

Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари

Кампот се одржува во Пехчево, а Атум и селекторот на македонската репрезентација Милош Миленковиќ го посетија клубот од Берово кој е еден од најмасовните во државата.

Ова е втор тренинг камп со меѓународен тренер за само еден месец. Во септември во Скопје се одржа камп со поддршка на Амбасадата на НР Кина, а во рамки на China Table Tennis College.

Од 11 Октомври нашите најдобри сениори, Кристијан Станојковски и Амелиа Николов, ги очекува нов предизвик - учество на Европското првенство во Словенија.

Со почит,

Пинг понг федерација на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер