Робот во Тунис проверува како се спроведува карантинот (ВИДЕО)

Властите во Тунис поставија полициски робот на улиците на главниот град за да обезбедат почитување на карантинот за време на пандемијата на коронавирус.

Ако роботот забележи лице на улица, доаѓа до него и го прашува што прави надвор. Лицето тогаш треба да му покаже на роботот лична карта, така што полицајците кои го контролираат роботот можат да видат кој е.

Тунис е во втората недела од националниот карантин поради пандемијата, а досега во таа земја починале 18 лица. Инфицирани се 495. Сите треба да останат дома, само излегуваат за основните работи како храна и лекови.

притисни ентер