Робот рекордер: Поминал 100 километри за три дена (Видео) - Канал 5

Робот рекордер: Поминал 100 километри за три дена (Видео)

Кинески робот влезе во Гинисовата книга на рекорди со тоа што помина 100 километри за три дена, најдолгото растојание што некогаш пеш го поминала хуманоидна машина.

Робот рекордер: Поминал 100 километри за три дена (Видео)

Двоножниот робот „AgiBot A2“, висок 1,69 метри, тргна од источниот кинески град Суџоу вечерта на 10 ноември, преминувајќи автопати и улици за да стигне до историскиот округ Бунд во Шангај на 13 ноември, објави Гинисовата книга на рекорди.

Патување без престан од 106 километри

Компанијата „AgiBot“ со седиште во Шангај, која го создаде двоножниот робот, изјави дека „патувал по различни површини, почитувајќи ги сообраќајните правила“ за време на своето патување од 106 километри без престан, што беше потврдено од Гинис како прв подвиг од ваков вид.

Промотивните видеа го прикажуваат „A2“, црно-сребрен робот, како полека, но сигурно оди по патиштата до Шангај.

Роботот „A2“ е дизајниран за задачи како што се услуга на клиентите и е опремен со функција за „разговор“ и можности за читање од усни.

Иднината на хуманоидните роботи

Глобалните технолошки компании инвестираат колосални суми во физичка вештачка интелигенција, која ги разбира законите на физиката и може да го перцепира и да се движи низ човечкиот свет. Според Морган Стенли, светот би можел да има повеќе од милијарда хуманоидни роботи до 2050 година.

Кинеската влада ги охрабрува домашните компании да развиваат вакви роботи, надевајќи се дека ќе станат светски лидер во индустријата.

Пекинг беше домаќин на првите Светски игри со хуманоидни роботи во август, каде што повеќе од 500 „спортисти“ се натпреваруваа во широк спектар на дисциплини: кошарка, танц, па дури и чистење хотелски соби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер