Робот против самурај (видео)

Јапонските инженери дизајнираа и конструираа роботска рака која совршено ги имитира движењата на самурајот при маневрирањето со мечот.

Машината повторно го победи човекот, овој пат роботот подобро ракуваше со мечот отколку јапонскиот мајстор Исао Маки.

Иако немаше директен дуел, роботот и Маки сечеа овошје, шипки и други живи и неживи предмети со што поголема брзина која во тој момент можат да си ја дозволат.

Покрај успехот на роботот-самурај, во март машината го победи шампионот во пинг-понг а во Русија роботот неодамна победи во натпревар во пукање во мета.

Бензините поевтинуваат за денар ипол, а дизелот за еден денар по литар

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто.

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 86 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 88, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 74 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,829 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,832 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,438 отсто, кај дизелот за 2,100, кај екстра лесното масло за 2,605 и кај мазутот за 1,907 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407 отсто.

На Агенцијата за хуманитарна помош на ОН и бил забранет пристап до преминот Рафа во Газа

Агенцијата за хуманитарна помош на ОН денеска соопшти дека израелските власти ѝ забраниле пристап до граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, кој сега е под контрола на израелската армија.

- Рафа е на нишан, рече Јенс Лаерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, на редовен брифинг во Женева.

- Израелските одбранбени сили ги игнорираат сите предупредувања што тоа би можело да значи за цивилите и хуманитарните операции низ Појасот Газа. Мислам дека е фер да се каже дека извештаите што ги добивме од колегите на терен се дека завладеала паника и очај, луѓето се преплашени, истакна тој.

Лаерке рече дека 76 отсто од Газа е под наредба за евакуација и на луѓето во Рафа не им е дадено доволно време да ги исполнат тие наредби.

Лаерке предупреди дека ОН и нивните партнери во Газа имаат гориво за еден ден, главно дизел за да управуваат со камиони и генератори.

Портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права Равина Шамдасани изјави дека Израел има обврски врз основа на меѓународното хуманитарно право на цивилите во Газа да им обезбеди пристап до медицинска нега, соодветна храна, вода за пиење и санитарни услови.

Таа го изјави ова неколку часа откако израелските сили ја презедоа контролата на граничниот премин Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

- Неисполнувањето на овие обврски се граничи со принудно раселување, што е воено злосторство, додаде таа.

За израелската операција во Рафа, таа рече дека постојат силни индиции дека таа го прекршува меѓународното хуманитарно право. /МИА

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот

Ние јасно ја поддржуваме перспективата за членство на Македонија во ЕУ и се надеваме дека ќе бидеме во можност да го отвориме преговарачкиот процес што е можно поскоро.

Европската Унија верува дека сите политички сили во Македонија ќе го поддржат напредокот на земјата на европскиот пат, порача денеска портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување Ана Писонеро во однос на очекувањата од утрешните претседателски и парламентарни избори.

- Ние јасно ја поддржуваме перспективата за членство на Македонија во ЕУ и се надеваме дека ќе бидеме во можност да го отвориме преговарачкиот процес што е можно поскоро, изјави Писонеро, посочувајќи дека Европската Унија внимателно го следи процесот на претседателските и парламентарните избори.

Таа нагласи дека Европскиот совет во своите заклучоци даде јасни индиции за неговите очекувања од земјата, потенцирајќи дека „Северна Македонија се обврза да го измени Уставот“.

Во заклучоците посветени на проширувањето од последните самити на ЕУ се посочува дека Европскиот совет е подготвен да ја свика следната Меѓувладина конференција без дополнителни одложувања и без дополнителна политичка одлука во најскоро време.

Македонија ќе ја спроведе својата заложба за усвојување на уставните измени во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во Заклучоците на Советот од јули 2022 година. Советот ја повикува Северна Македонија да го забрза усвојувањето на овие измени, по што е подготвен да го отвори првиот преговарачки кластер што е можно поскоро, согласно Преговарачката рамка.

- Се надевам дека и Македонија и Албанија ќе може да ги отворат преговорите по Првиот кластер – Основни права, што е можно поскоро. Одлуката за тоа кога ќе бидат свикани следните Меѓувладини конференции сега е во рацете на земјите членки, додаде Писонеро.

На прашање дали судскиот процес против албанскиот градоначалник припадник на грчкото малцинство во земјата, што е причина Грција да го блокира на стартот на преговорите на Албанија по кластери, ЕУ го смета за билатерален спор или за прашање поврзано со почитување на човековите права, Писонеро изјави дека Комисијата не коментира постапки кои се во тек, но смета дека билатералните прашања не би требало да бидат причина за блокирање на преговарачкиот процес.

притисни ентер